Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ се одржува од 1992 година во чест на великанот на македонското актерство, Ристо Шишков во Струмица. Од 2005 година фестивалот има меѓународен карактер. Фестивалот традиционално започнува на 8 септември, а бројот на театарски претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за првпат се одржал на 22 октомври 1992 година во Струмица. Примарна цел на овој фестивал е вреднувањето на актерското мајсторство пред сите останати компоненти кои го градат театарот во целост. Манифестацијата се отвори со изложба од фотографии на актерот Ристо Шишков по кој е именуван и фестивалот.

На фестивалот се доделува единствена награда за високо актерско достигнување. Наградата е златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра во денарска противвредност. Досегашни добитници на наградата за високо актерско остварување „Ристо Шишков” се: Сенко Велинов, Игор Џамбазов, Диме Илиев, Зора Георгиева, Перихан Ејупи, Јоана Поповска, Владимир Илиевски, Елена Моше, Петар Темелковски, Митко С. Апостоловски, Ѕвезда Ангеловска, Соња Михајлова, Васил Зафирчев.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]