Софија Тренчовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 9 октомври 1975
Струмица, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање филолог, писател, културен активист


Софија Тренчовска (родена на 9 октомври 1975 во Струмица)[1] е македонски филолог, писател и и културен активист. Уредник е на „Проект Растко – Македонија“, дигитална библиотека на културата и традицијата на Македонија.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Основно и средно економско училиште завршила во родниот град. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде посетувала и постдипломски студии (магистерска теза „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш“). По професија е дипломиран филолог по македонска и јужнословенска книжевност, со општа и компаративна книжевност. Моментно е докторски кандидат.

Извесно време работела како новинар во културната редакција на дневниот весник Вечер каде што пишувала текстови од областа на образованието, литературата и филмот и направила интервјуи со повеќе значајни личности од културата и уметноста.

Била ангажирана во подготовка и приредување на повеќе книжевни изданија, а од основањето (2007) е уредник на електронското издание “Проект Растко – Македонија“.[3] Учествува на меѓународни симпозиуми и научни собири. Пишува и објавува текстови од областа на книжевноста и уметноста во повеќе периодични печатени и електронски списанија, меѓу кои: Премин, Акт, Современост, Сум, Македоника, Mediantrop и др.

Преведува од српски, хрватски и бугарски на македонски.

Со сопругот е со-основач на Интернационационалниот филмски фестивал Астерфест, при што е главен помошник во реализацијата.

Трудови (избор)[уреди | уреди извор]

Авторски текстови[уреди | уреди извор]

  • „Кичот како уметност“, Лоза, бр. 5, 1997, 9-10 стр.
  • „Комичната маска на Бен Акиба“, Театарски гласник, бр. 47, 1999, 55-56 стр.
  • „За филмскиот медиум“, Акт, бр. 24, 29.10.2007, 50-51 стр.
  • „Виртуелен македонски хронотоп“, Акт, бр. 25/26, 28.03.2008, 53-54 стр.
  • „Демонолошките битија во македонските волшебни приказни“, Акт, бр. 33/34, 31.07.2009, 52-64 стр.
  • „Мотивот на чудесното раѓање во македонските волшебни приказни“, Сум, бр. 64, 2009, 95-103 стр.
  • „Ѕвездени мигови на свето место“, Премин, бр. 59/60, 2009, 58-59 стр.
  • „Силјан штркот како психоаналитична приказна“, Акт, бр. 40/41, 08.04.2011, 58-64 стр.
  • „Постмодерен распад на еден имагинарен систем“, Акт, бр. 46, 17.08.2012, 42-49 стр.
  • „Слав Драгота на Чернодрински и причините за поразот на Беласица“ во: Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија, зборник, Завод и Музеј Струмица, 2015, 298–304 стр.
  • Фокализацијата во ‘Табакерата’ на Абаџиев“, Медиантроп, бр. 10-11/IV, мај-јуни 2015, Белград.
  • „‘Еригон’ како прва постмодернистичка драма во Македонија“, Современост, бр. 2/LXV, 2015, 104–107 стр.
  • Една митопоетика, Македоника литера, Скопје, 2015, 164 стр., ISBN 978-608-4614-94-4
  • Дело и знак, Македоника литера, Скопје, 2018, 160 стр., ISBN 978-608-252-078-0

Преведувач[уреди | уреди извор]

Уредник, директор[уреди | уреди извор]

  • 2001 - Главен и одговорен уредник на специјалното издание на списанието Харман
  • 2007 - Директор на играната ТВ-серија за деца во шест епизоди „Мартин од скалите“
  • 2007-досега - Уредник на Проект Растко - Македонија (вкупно објавени околу 500 наслови и 200 авторски имиња) ISSN 1857-7954
  • 2016 - Mонографија 70 години посветеност во образованието – по повод 70-годишниот јубилеј на СОУУД „Димитар Влахов“. ISBN 978-608-4756-15-6
  • 2018 - Приредувач на зборникот на трудови Наративните и естетските вредности во филмот ‘Златна петорка’. ISBN 978-608-4546-37-5
  • Компакт диск 15 Роднокрајци – поезија и проза од 15 струмички автори, 11. 12. 2009.[4] ISBN 978-608-4546-00-9

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]