Ацо Гогов
Ацо Гогов (1971, Струмица) — македонски писател, драматург и книжевен и театарски критичар.
Творештво[уреди | уреди извор]
Гогов работи во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица. Објавил три книги со куси раскази: „Географија на маленкоста“ (2009), „Триптихон“ (2017) и „Единствен матичен број“ (2021). Во 2013 година бил застапен во првата антологија на македонската песна во проза, „Бденија и виденија“,[1] а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 361-362.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 207-210.