Астерфест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Астерфест е меѓународен филмски фестивал којшто започна да се одржува од 2005 година во Струмица. Фестивалот има натпреварувачки карактер. Програмските категории ги сочинуваат филмските селекции: „Ѕвездени документи“, „Глобална фикција“, „Анимоушн“, „Посвети“, „Мери-Дионс“ и др. На фестивалот се доделуваат наградите: Златна, Сребрена и Бронзена потковица, Старозлатен проектор, Наградата за најдобар автор „Ацо Алексов“, Наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“, како и други награди и пофалници за најдобри филмови.

Покрај овие награди, се доделуваат и почесната Награда за високи достигнувања во областа на филмот „Астер“ и други специјални награди. Досегашни гостински лауреати на Астерфест биле: Бранко Гапо, Карољ Вичек, Лордан Зафрановиќ, Рангел В'лчанов, Боро Драшковиќ, Мигел Ермосо, Жарко Радиќ, Лаила Пакалнина, Салаетин Билал, Тимоти Бајфорд, Владимир Блажевски, Славко Штимац, Ларс Хенрик Гас, Карпо Година, Љупка Џундева, Боро Стјепановиќ, Киро Урдин, Борис Геретс, Вајт Хелмер, Борис Каваца, Коле Ангеловски, Џеки Шепард, Данчо Чеврески, Ким Лонгиното...

Во официјалната компетиција на фестивалот земаат учество професионални филмски автори и продукции од цел свет, а се прикажуваат претежно кусометражни содржини.

Фестивалот се одржува секоја година и е поддржан од Агенцијата за филм и Општина Струмица.

Организатор на фестивалот до 2017 беше Асоцијацијата за фестивалски активности „Тивериополска Филмска Алијанса“, а од 2019 фестивалот го организира продукцијата „Револушн“. Уметнички директор на Астерфест е основачот на фестивалот Горан Тренчовски.

Астерфест прерасна во значајна филмска манифестација од ваков тип не само во Македонија, туку и во регионот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]