Борис Пашански (роден на 3 ноември1982 година во Белград) е поранешен српски тенисер кој својот најдобар сингл пласман го постигнал на 27 февруари 2006 година, кога го зазел 55-то место на АТП листата.[1] Најголемиот успех на АТП турнирите остварил во 2006 во Буенос Аирес кага је играл во финалето во конкуренција парови.
На Гренд-Слем турнирите стигнал до најдалечното коло на Австралија Опен. Претставувајќи ја Малта, тој освоил сребрен медал во сингл на Малите европски игри 2005 година во Андора.[2]
За Дејвис куп репрезентацијата на Србија играл на девет натпревари со сооднос победа и пораз 6:3.
Почнал да игра тенис на седумгодишна возраст во локален клуб, во близина на неговиот дом. Живее во Малта. Неговиот татко Милан е поранешен кошаркарски репрезентативец, дипломирал политички науки и е експерт во областа на тероризмот. Дедо му Ратибор настапувал за српската фудбалска репрезентација. Постарата сестра на Борис, Мања Стефановиќ, има диплома по економија, магистер по производство и работи во Институтот за психоенергетски истражувања во Белград.[3] Теренот каде што најмногу сака да игра е земја. Да не играл тенис, ќе одберел да биде гитарист. Тој е голем обожавател на Џим Морисон и Роџер Вотерс.[4]