Бусто Арсицио

Координати: 45°36′N 08°50′E / 45.600° СГШ; 8.833° ИГД / 45.600; 8.833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бусто Арсицио
Comune di Busto Arsizio
Главната црква Св. Јован Крстител
Главната црква Св. Јован Крстител
Грб на Бусто Арсицио
Бусто Арсицио во рамките на покраината Варезе
Бусто Арсицио во рамките на покраината Варезе
Бусто Арсицио is located in Италија
Бусто Арсицио
Бусто Арсицио
Местоположба во Италија
Координати: 45°36′N 08°50′E / 45.600° СГШ; 8.833° ИГД / 45.600; 8.833
Држава Италија
Регион Ломбардија
ПокраинаВарезе (VA)
Управа
 • ГрадоначалникЕмануеле Антонели
Површина
 • Вкупна30,27 км2 (1,169 ми2)
Надм. вис.&10000000000000226000000226 м
Население (31 декември 2017 г.)
 • Вкупно83.405
 • Густина2.800/км2 (7,000/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код21052
Повик. бр.0331
Мреж. местоМатична страница

Бусто Арсицио (Italian: [ˈbusto arˈsittsjo] ( слушнете)) — град и општина, во покраината Варезе, во регионот Ломбардија, во северна Италија, оддалечен 34 километри северно од Милано. Економијата на Бусто Арсицио главно е заснована на индустрија и трговија. Тоа е петта општина во регионот по население и прва во покраината.

Историја[уреди | уреди извор]

И покрај тврдењата за келтско потекло, неодамнешните истражувања покажуваат дека предци на Бусточите биле лигурите, наречени "диви" од Плиниј Постариот, "ограбувачи" од Тит Ливиј и "влакнести" од Помпеј Трог. Тие биле вешти работници со железо и многу барани како платеници. Далечното лигуриско влијание е забележливо во локалниот дијалект, кој е малку поинаков од другите западно ломбардски дијалекти, според локалниот експерт и историчар Лујџи Џавини.[1]

Традиционално овие први жители ги палеле шумите составени од стари и млади дабови и габрови дрва, кои во тоа време ја покривале целата Падска долина. Оваа пракса исечи и запали, имала за цел да создаде полиња на кои биле одгледувани лозови насади или житарки како мувар, просо и 'рж, или само да создаде простор на отворено на кој биле градени камени колиби со сламени покриви. Правејќи го ова, тие создавале практично нови населби.

Бавното зголемување на населението било потпомогнато од инсубрите, галско племе кое пристигнало во последователни бранови преминувајќи ги Алпите во 500 г. ПНЕ. Се вели дека тие ги поразиле етрурците, кои дотогаш ја контролирале областа, оставајќи неколку географски имиња зад себе (Кастроно, Кароно, Бјандроноитн.).

Бусто Арсицио е создаден на трасата помеѓу Милано и езерото Маџоре (наречена "пат на Милано", алтернативна траса до постоечкиот превој Сипмплон), дел во кој, пред создавањето на Навиљо Гранде, се користела водата на реката Тичино.

Сепак, ништо не е познато за историјата на Бусто Арсицио пред 10. век, кога името на градот првпат било забележано во документи, веќе со сегашното име. Како дел од династијата Контадо од Сеприо, во 1176 година, нејзините граѓани веројатно учествувале на двете страни во познатата Битка кај Лењано, во која всушност се бореле фракцијата Борсано и соседната општина Вила Кортезе, кога Фридрих Барбароса бил поразен од комуналната милиција на Ломбардскиот Сојуз.

Од 13. век, градот станал познат по своето производство на текстил. Дури ни феудализацијата во подоцнежните векови под неколку лордови и вазали на господарите од Милано, не го запрела бавниот но константен раст; ниту пак бубонската чума, која силно го погодила населението во 1630 година.

Во средината на 19. век, модерната индустрија започнала силно да се развива; за неколку децении, Бусто Арсицио бил наречен „италијански Манчестер“.[2] Во 1864 година, додека Евгенијо Тоси бил Архиепископ на Милано, на Бусто Арсицио му биле доделени градски привилегии од кралот Виктор Емануел II. Градот продолжил да расне во следниот век, апсорбирајќи ги соседните општини Борсано и Сацонаго во 1927 година со големата административна реформа имплементирана од фашистичкиот режим, и бил само малку оштетен за време на Втората светска војна (една сојузничка бомба ја погодила железичката станица). Во тој период, Бусто Арсицио бил главен индустриски центар за воено производство, и окупаторите Германци во градот го преместиле италијанското национално радио. Италијанското движење за отпор главно било свртено кон штрајкови и саботажи отколку кон герила војување, а тие што сакале да се борат заминале на планините Осола, каде што доживеале апсења и тортури и биле депортирани во концентрационите логори. Жителите на градот биле главно депортирани во концентрационите логори Маутхаусен-Гусен и Флосенборг. На 25 април 1945 година, кога партизаните ја преземале власта, Бусто Арсицио дал глас на првиот слободен радио канал во северна Италија од почетокот на фашизмот.

Демографија[уреди | уреди извор]

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главни зданија во градот се црквите. Во Бусто Арсицио има многу цркви, изградени во последниот милениум. Многу од нив се реконструкција на поранешни цркви.

Светилиште на Света Марија од Плоштадот
Цртежи во црквата Свети Јован Крстител.

Највпечатлива градба од ренесансниот период, и единствена преостаната е светилиштето на Света Марија од Плоштадот („Santa Maria di Piazza“). Градбата се наоѓа во центарот на градот. Светилиштето е изградено помеѓу 1515 и 1522 година. Во селото Креспи д'Ада, изградено за Кристофоро Бенињо Креспи, се наоѓа помала верзија на светилиштето.

Црква Свети Јован Крстител

Црквата Свети Јован Крстител, која се наоѓа во самиот центар на градот, била изградена помеѓу 1609 и 1635 година од Франческо Марија Ричини, но камбанаријата е постара (меѓу 1400 и 1418 г.). Фасадата, завршена во 1701 година од Доменико Валмагини се состои од многу статуи и декорации. Во внатрешноста на црквата се наоѓаат бројни цртежи на Даниеле Креспи, познат сликар роден во Бусто Арсицио. Плоштадот пред оваа црква е изграден над антички гробишта.

Црква Свети Архангел Михаил
Црква Свети Архангел Михаил.

Трета најголема црква во градот е црквата Свети Архангел Михаил. Канбанаријата на оваа црква, изградена во 10. век, е најстара градба во Бусто Арсицио; првично била дел од ломбардските тврдини. Сегашнната црква е изградена од архитектот Франческо Марија Ричини. Во црквата има некои мошти, од кои најважни се тие на Свети Феликс Мартир.

Црква Свети Рок

Изградена по бубонската чума од 1485 година и посветена на Свети Рок, изградена за помош против чумата, била обновена од 1706 до 1713 година благодарение на приносите направени од адвокатот Карло Висконти. Во внатрешноста на црквата има фрески од Славаторе и Франческо Марија Бјанки (1731) и Бјаџо Белоти.

Музеј на текстил и индустрија

Музејот на текстил и индустрија бил официјално отворен во 1997 година, по неколку години обновување, и неговите збирки и колекции се претставник на економската историја на градот. Тие се доказ како градот се развил од мало земјоделско село во просперитетен, индустриски центар за производство и трговија за неколку децении.

Меѓународни врски[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бусто Арсицио е збратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Altro che celti. Sono liguri gli avi dei Bustocchi Архивирано на 19 септември 2006 г. Varesenews, 21 ноември 2002
  2. Pisoni, D. (27 March 2015). „Dal fascismo alla resistenza, cosí nacque la Manchester d'Italia“ (италијански). Посетено на 22 July 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]