Лукаш Росол (чешки: Lukáš Rosol) (роден на 24 јули1985) е чешкитенисер. Професионалнo игра тенис од 2004 година. Во моментов се наоѓа на 85. место на АТП листата и е трет најдобро пласиран чешкитенисер. Негово највисоко место на АТП листата било 26. место кое го постигнал во септември 2014.
На 28 јуни 2012 година, Росол успеал сензационално да го победи вториот играч во светот Рафаел Надал, во второто коло од Вимблдон во пет сетови.[1]
Во кариерата Росол освоил две АТП титули во поединечна конкуренција и три АТП титули во двојки. Тој бил дел од дејвис куп тимот на Чешка кој победил во Дејвис купот 2012.
Росол е роден во Брно, Чехословачка. Во ноември 2008, тој се оженил со чешката атлетичарка Дениса Росолова (моминско презиме Шчербова).[2] Во 2011 тие се развеле.[3] Во 2013, Росол се верил со презентерката Михаела Очотска.[4] Нивниот син Андре се родил во јануари 2015.[5] Парот направил свадба во јули 2015.[6]