Џамија Хаџи Махмуд-бег (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Хаџи Махмуд Бег
Основни податоци
МестоБитола, Македонија
Припадностсунитски ислам
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоБитолско муфтиство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Завршен1522
Особености
Куполи1
Минариња1
Материјаликамен

Џамијата Хаџи Махмуд-бегмуслимански храм кој се наоѓа во Битола, Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Џамијата била изградена во 1521/1522 година, додека била реновирена во 1873 година. Таа се наоѓа во Рибниот пазар, во Старата чаршија на левата страна од реката Драгор.

Џамијата била изградена по наредба на управникот на градот Хаџи Mахмуд-бег, познат како Томрук-ага, кој основал вакаф што се состоел од сума од 300.000 аспри, недвижен имот и приходи од неколку населби. Медресата 'Турклер' и анот биле дел од комплексот, a џамијата била изградена во селџучки стил со основа од 11,50 м x 11,50 м и минаре со полихромни украси[1].

За време на Првата светска војна куполата на џамијата била оштетена поради интензивното бомбардирање, а шерефето на минарето било уништено во земјотресот кој се случил во градот во 1996 година.[2]

Обнова 2019[уреди | уреди извор]

Обновата на џамијата почнала во 2019 година и се очекува да биде завршена во 2022 година. Работите на обновата (реставрацијата) ги врши турската приватна компанија „Леда ресторасион“ за Агенцијата Анадолија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.makedonika.org/whatsnew/024%20-%2003%20Spisanie%202010%20Robert%20Mihajlovski%2001%20ok%282%29.pdf
  2. 2,0 2,1 Алију, Џихат (11.04.2022). „Османлиската џамија во Битола, чија реставрација ја врши Турција, го чека денот кога ќе биде отворена за богослужба“. АА. Посетено на 30 декември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)