Оле Гунар Солскјер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оле Гунар Солскјер
Ole Gunnar Solskjær
Ole Gunnar Solskjaer Trondheim2011-1.jpg
Лични податоци
Роден на 26 февруари 1973 (1973-02-26) (41 г.)
Роден во Кристијансунд, Норвешка
Висина &100000000000001780000001,78 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Кардиф Сити Кардиф Сити (менаџер)
Младинска кариера
Клаусенген
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1994 Клаусенген 109 (115)
1994-1996 Молде 38 (31)
1996-2007 Манчестер Јунајтед 235 (91)
Репрезентација
1995-2007 Норвешка 67 (23)
Раководител на екипите
2008–2011 Манчестер Јунајтед-Резерви
2011–2014 Молде
2014- Кардиф сити
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Оле Гунар Солскјер (роден на 26 февруари 1973) е поранешен норвешки фудбалер, кој го поминал поголемиот дел од својата кариера играјќи за англискиот гигант Манчестер Јунајтед, главно како играч од нападот, но исто така бил користен и на крилото. Тој е моментално менаџер на актуелниот норвешки првак Молде.

Пред доаѓањето во Англија, Солскјер играл само за два клуба во Норвешка: Клаусенген и Молде. Тој му се приклучил на Манчестер Јунајтед во 1996 година, за сума од 1,5 милиони £. Солскјер играл за клубот 366 пати во кој постигнал 126 гола во текот на еден успешен период за клубот и бил наречен "убиец со бебешко лице" од страна на медиумите. Истотака тој се здобил и со прекарот "Златна резерва", заради неговата способност да влегува од клупата за резерви и да постигнува многу важни и клучни голови. Сепак, моментот по кој Солскјер засекогаш ќе остане запаметен во светот на фудбалот се случи кога тој го постигна победеносниот гол за Јунајтед во последната минута од судиското продолжение во финалето на Лигата на шампионите 1999 година, со кој го однесе неговиот тим до титулата европски клубски првак совладувајќи го Баерн Минхен со 2-1 во најлудото финале на шампионската лига досега. Оваа сезона за Солскјер и неговите соиграчи завршила со Требл (или Тројна Круна), откако црвените ѓаволи триумфирале претходно и во Премиер лигата и ФА Купот.

Во 2007 година, Солскјер го најавил своето пензионирање од фудбалот, откако не успеал да се опорави од сериозна повреда на коленото. Сепак, тој останал дел од Манчестер Јунајтед откако ја превземал тренерската улога, во помладите категории на клубот. Во 2008 година, Солскјер станал менаџер на резервите на Манчестер Јунајтед, пред да се врати во својата родна земја во 2011 година за да го води својот поранешен клуб, Молде, кого го доведе до нивниот прв шампионски трофеј во лигата во историјата на клубот во 2011 година, а веднаш потоа и до вториот во 2012 година.

Тој, исто така, врши надзор на академијата за обука на млади фудбалери во неговиот роден град Кристијансунд, и е покровител на Manchester United Supporters' Trust.

Играчка кариера[уреди]

Клубови[уреди]

Почеток на кариерата[уреди]

Солскјер во дресот на Молде во 1996

Роден во Кристијансунд, Мере ог Румсдал, Солскјер поминал една година во норвешката армија, пред да потпише истата година со норвешкиот четвртолигаш од страна на Клаусененген. Солскјер импресионирал на Ота купот кога како 17-годишник постигнал седумнаесет гола во шесте натпревари. Тој поминал пет години во клубот, и имал просек од повеќе од еден постигнат гол по натпревар во текот на периодот. Во 1994 година Солскјер постигнал 31 од 47-те гола ма Клаусененген во норвешката Втора дивизија.

По крајот на сезоната 1994 сезона, тој потпишал за тимот на менаџерот Аге Хареиде, норвешкиот Премиерлигаш, Молде, за сума од NOK 200.000. Во неговата прва сезона во Молде, тој постигнал 20 гола во лигата.

Солскјер постигнал вкупно 31 гол во 38 натпревари за Молде во норвешката Премиер лига, со што привлекол интерес од кај германски Хамбургер и италијанскиот клуб Калјари. Тогашниот менаџер на Молде, Аге Хареиде, објавил дека Солскјер е достапен за преговори со двата англиски клуба Евертон и некогашниот клуб на Хареиде Манчестер Сити, ако им биде исплатена сума од £ 1.200.000. Меѓутоа, ниту Евертон ниту Сити во тој момент не биле подготвени да ризикуваат со Солскјер, а и интересот од Хамбургер и Калјари истотака опаднал откако Манчестер Јунајтед испратил понуда од 1.500.000 £ за време на Европското првенство 1996, која од Молде подоцна била прифатена.

Манчестер Јунајтед[уреди]

Раните години во Манчестер Јунајтед[уреди]

Солскјер му се приклучил на Јунајтед на 29 јули, 1996 година, и бил нешто како изненадување за навивачите бидејќи во тоа време бил речиси непознат надвор од неговата татковина и во времето кога Јунајтед сè уште се обидувале да го доведат напаѓачот на Блекбурн Роверс и Англиската репрезентација, Алан Ширер, кој потоа му се приклучил на Њукасл Јунајтед за светски рекорден трансфер од 15.000.000 £. Како единствен напаѓач кој пристигнал на Олд Трафорд таа година, според очекувањата тој требало да биде резервна опција за Ерик Кантона и Енди Кол со само повремени појавувања во почетниот тим. Но, по неколку недели од неговото доаѓање било јасно дека тој ќе биде клучен дел од првиот тим, а не како што порано се претпоставуваше, а исто така тој се покажал како една од најголемите и најповолни зделки во Премиер лигата во сезоната.

Солскјер го добил дресот со број 20, број со кој тој ќе настапува и во остатокот од неговата кариера во Манчестер Јунајтед. Шест минути по влегувањето во игра, тој го постигнал својот прв гол за Јунајтед во неговиот деби за клубот против Блекбурн Роверс. Тој постигнал 18 голови во Премиер лигата за Јунајтед во својата дебитантска сезона, помагајќи му на клубот да ја освои титулата во последните кола од сезоната. Веднаш потоа, Британските медиуми го нарекле Солскјер "Убиец со бебешко лице", алудирајќи на неговиот младешки изглед и неговиот смртоносен завршен удар пред голот.

Тој можеби најдобро ќе биде запаметен како "златна-резерва", откако заработил големи признанија за одличната работа која ја вршел со влегувањето од клупата во натпреварите и големиот број на постигнати голови, имено како резерва. Сер Алекс Фергусон забележал дека Солскјер има цака, додека седи на клупата да проучува како тече играта, без да го тргне погледот од акцијата. Размислувајќи за овој аспект на неговата кариера во подоцнежните години, Солскјер изјавил: "Морав да мислам за себе, како можам да му направам најмногу штета на противникот ако влезам во игра? Ја студирав играта, но никогаш не ги анализирав противничките напаѓачи [...], туку обрнував внимание на грешките на одбранбените играчи и на крајните дефанзивци за да знам во која зона имам најголеми шанси. [1]

Сезоната 1998-99; Освојување на тројна круна[уреди]

Сезона 1998-99 започнала лошо за Солскјер и за Манчестер Јунајтед, откако тие доживеале дебакл во Черити Шилд натпреварот каде биле поразени со 3-0 од Арсенал. Оле се појавил во игра во 53-тата минута како замена за Ники Бат кога резултатот бил 1-0 за Арсенал[2]. Својот прв погодок во сезоната тој го постигнал на 9 септември 1998, кога тој и Двајт Јорк реализирале по два гола во победата над Чарлтон со 4-1 на Олд Трафорд. До крајот на есенскиот дел од сезоната тој постигнал уште 3 првенствени гола, два во Лига купот и еден во Лигата на шампионите.

На 24 јануари 1999, тој го постигнал победничкиот погодок за Јунајтед во последната минута од натпреварот против Ливерпул, со кој го спасил неговиот тим од преигрување на Енфилд и го испратил во 5-тата рунда од ФА Купот. Подоцна Јунајтед и го освоил овој турнир. Еден од највпечатливите подвизи во кариерата, Солскјер го направил на 6 февруари истата година кога влегувајќи од клупата за резерви во 72-ата минута успеал да постигне четири гола во последните 12 минути во победата на Јунајтед со неверојатни 8-1 над Нотингем Форест. Крајот на фудбалската сезона 1998-99 бил одбележан со финалето на Лигата на шампионите, кое било едно од највозбудливите во историјата на ова натпреварување. Манчестер Јунајтед бил во негатива против Баерн Минхен до почетокот на судиското продолжение во кое на сцена настапиле резервните напаѓачи на Фергусон. Најпрво Теди Шерингам го израмнил резултатот во 91-вата минута, а две минути подоцна токму Солскјер, реагираше фантастично по ударот со глава на еден од неговите соиграчи за да направи целосен пресврт и да му ја донесе на својот тим втората титула европски првак. Солскјер ја завршил сезоната со вкупно 18 постигнати голови (во сите турнири) и со значаен придонес за освоениот Требл.

Стартер и капитен[уреди]

Солскјер уште еднаш постигнал четири гола на еден натпревар, овојпат против Евертон во победата од 5-1 во сезоната 1999-2000.

По неколку сезони во кој влегувал од клупата како супер-замена, Солскјер добил шанса да биде стартер во сезоната 2001-02, во тандем со холандскиот напаѓач Руд Ван Нистелрој. Тој ја искористил можноста со карактеристична иницијативност за него, принудувајќи ги Енди Кол и Двајт Јорк да седат на клупата.

Од сезоната 2002-03, кога и Енди Кол и Двајт Јорк го напуштиле Олд Трафорд, Солскјер ги имал само Диего Форлан и Ван Нистелрој како конкуренти за место во стартната постава. Сепак, упорноста на Фергусон да игра со Пол Сколс зад единствениот напаѓач, Ван Нистелрој ги ограничиле можностите за место во стартниот состав на Солскјер.

Сепак, нешто подоцна кога Дејвид Бекам заработил повреда, Фергусон решил да го искористи Солскјер како десно крило. Во истовреме додека се докажува како добар нафрлувач на топката, норвежанецот истотака постигнува и голови, постигнувајќи вкупно 16 гола во сезоната. Тој бил стартер и во важните натпревари на тимот, како што беше против Арсенал во лигата и против Реал Мадрид во четврт-финалето од Лигата на Шампионите. Тој, исто така, бил и капитен на тимот во голем број на натпревари.

Во овој период Солскјер играл за Норвешка на Светското првенство 1998 и Евро 2000.

Сезоните во кој се соочува со повреди[уреди]

На почетокот на сезоната 2003-04, Солскјер бил прв избор на Јунајтед на позицијата десно крило. Сепак, тој претрпел повреда на коленото во натпреварот против Панатинаикос на 16 септември 2003 година и бил надвор од акција до февруари 2004 година. Солскјер се вратил по повредата во вториот дел од сезоната и беше играч на натпреварот во победата од полуфиналето во ФА Купот против Арсенал. Тој исто така играл и во финалето на ФА Купот, во кое клубот го победил Милвол со 3-0. Солскјер бил принуден да се подложи на интензивна операцијата на коленото во август 2004 година и поради тоа морал да ја пропушти целата сезона 2004-05. Додека тој да ја обнови својата фитнес-форма, тоа веќе било тешко за 32-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед кој веќе имал и многу поголема тежина од претходно. Но сепак фановите на Олд Трафорд, покажувале речиси фанатичка лојалност во нивната желба да го видат Солскјер повторно во акција.

За да ја покажат својата континуирана поддршка, навивачите создале банер кои бил напишан на Stretford End, една од трибините на стадионот "20 LEGEND"[3] (поради тоа што Солскјер го носеше бројот 20 за време на целата своја кариера во Јунајтед). Солскјер дополнително го зацврстил неговиот статус меѓу фановите на Јунајтед кога станал покровител на поддржувачката акциона група, Манчестер Јунајтед Поддржувачи и Верници (Manchester United Supporters Trust или MUST).

Враќање по повредата и пензионирање[уреди]

Солскјер го направил своето долго-очекувано враќање во акција на 5 декември 2005 година, играјќи за резервите на Јунајтед против Ливерпул. 2738 гледачи дошле да бидат сведоци на враќањето на популарниот норвежанец на зелениот терен. Тој го направи своето враќање во првиот тим, како замена во натпреварот против Бирмингем Сити на 28 декември. Тој потоа конечно го направил својот прв старт за повеќе од една година подоцна во натпревар од ФА Купот против Бартон Албион, пред да го одигра целиот натпревар како капитен во преигрувањето. Неговото враќање во полна кондиција полека продолжи со редовните настапи за резервите, се додека на 8 март 2006 година, кога, за време на натпреварот против Мидлзборо, тој бил случајно удрен од страна на Уго Ехиогу, што предизвикало кршење на неговата јаболчна коска. Додека се соочува со можноста да отсуствува во остатокот од сезоната, тој сепак се појавил како замена против Сандерленд на Велики петок.

Солскјер за време на неговиот проштален натпревар во Август 2008 против Еспањол

Солскјер имал многу успешна пред-сезонска турнеја во текот на летото на 2006 година и добива пофалби од страна на Фергусон, кој, исто така, рекол дека ќе го преиспита својот план да купи нов напаѓач. Тој се вратил во акција во Премиер лигата на 23 август 2006 година, кога тој постигнал погодок во натпреварот против Чарлтон нагости, неговиот прв погодок во Премиер лигата од април 2003 година. Фергусон ја искоментирал ситуацијата по натпреварот изјавуваќи дека "тоа бил голем момент за Оле, фановите на Јунајтед насекаде во светот, играчите и вработените и сите други на крајот биле среќни што тоа се случи". Солскјер опстанал и никогаш не изгубил вера дека може да се врати во светскиот фудбал и таа вечер добил отплата за неговиот труд и упорност. Секој е во текот на Месечината за него. " Тој продолжил да прави корисни работи за тимот постигнувајќи го победнички гол во Лигата на Шампионите против Селтик на 13 септември, исполнувајќи ја својата пост-повредата амбиција да постигне макар уште еден гол на Олд Трафорд. Првиот гол во Премиер лигата на Олд Трафорд, по неговото враќање Солскјер го постигнал на 1 октомври, кога тој ги постигнал и двата гола во победата со 2-0 против Њукасл Јунајтед. Неговата стрелачка форма продолжила кога тој го започнал гостувањето кај Виган Атлетик и постигнал прекрасен погодок за да ја заокружи победата од 3-1, и реализирал повторно против Кру Александра на 25 октомври 2006, постигнувајќи го првиот од двата гола во победата со 2-1.

По натпреварот против Рединг Солскјер имал уште една операција на коленото. Сепак, тоа не била толку сериозна како неговите претходни операции, и тој бил ставен надвор од акција за само еден месец. Тој бил на располагање за натпреварот на 31 март против Блекбурн Роверс. Солскјер го направил својот кам-бек по повредата против Блекбурн Роверс како доцна замена, па дури и постигнал гол во 89 минута за да ја запечати победата од 4-1 на Манчестер Јунајтед. Неговиот последен натпревар бил ФА Куп финалето против Челзи, што не завршило како бајка за Солскјер откако во екстра-времето голот на Дидие Дрогба му ја донел победата на Челзи.

Сезоната 2006-07, Солскјер оформил прекрасни партнерства со класни напаѓачи како Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Луј Саха кој му помагаат да постигнува голови, па така тој завршил со вкупно 11 голови (7 во Премиер лигата, 2 во ФА купот, 1 во Лига купот и 1 во Европа).

На 5 јуни 2007 година, беше најавено дека Солскјер повторно бил подложен на мала операција откако тој објавил непријатност во коленото додека тренирал со Норвешкиот национален тим. Операцијата била успешна, но Солскјер не успеал целосно да се опорави и го најавил своето пензионирање од професионален фудбал на 27 август 2007 година. На 4 септември, на натпреварот против Сандерленд, Солскјер се симнал на теренот за да им каже збогум на навивачите и добил огромни овации. Од неговото пензионирање, Солскјер го држи рекордот за најмногу постигнати голови за Манчестер Јунајтед како замена, постигнувајќи 28 гола од клупата за резерви.

Прошталниот натпревар[уреди]

На 2 август 2008 година, се одиграл проштален натпревар во чест на Солскјер, кога неговиот Јунајтед на Олд Трафорд се соочил со шпанскиот Еспањол. Над 68.000 гледачи биле присутни на натпреварот, кој бил одлучен во финишот кога замената Фрејзер Кембел го постигнал победничкиот гол за Јунајтед. Солскјер се појавил во игра во 68 минута, на местото на Карлос Тевез. Тој шутирал во рамките на голот на три пати и бил заслужен за погодокот на младиот Кембел. По крајот на натпреварот, Солскјер им се обратил на навивачите со говор, заблагодарувајќи се на персоналот, играчите, навивачите и неговото семејство.

Солскјер изведува слободен удар на неговиот проштален натпревар

Репрезентативна кариера[уреди]

Солскјер го направил своето репрезентативно деби во пријателски натпревар против Јамајка на 26 ноември 1995 година, само неколку месеци пред да се приклучи на Манчестер Јунајтед. Натпреварот завршил нерешено 1-1, а токму Оле Гунар го постигнал единствениот гол за Норвешка. Тој ја продолжи својата добра голгетерска форма постигнувајќи три гола за време на неговите први натпреварувачки настапи за националниот тим во текот на квалификациите за Светското првенство 1998.

Солскјер играл за Норвешка и на Светското првенство 1998[4] како и на Евро 2000 шампионатот. Тој формирал страшно партнерство со репрезентативниот тимски колега и екс напаѓачот на Челзи Торе Андре Фло, на кое се гледа како едно од најдобрите и највпечатливите партнерства во историјата на Норвешката репрезентација.

По неговиот долг список на повреди Солскјер го направил своето враќање во националниот тим на 2 септември 2006 година, кога тој ги постигнал првиот и последниот гол во победата со 4-1 над Унгарија во натпревар од квалификациите за Евро 2008[5]. Тие биле неговите последни голови за националниот тим завршувајќи со вкупно 23 гола на својата сметка.

Неговиот последен настап за Норвешка дошол во натпревар против Хрватска во февруари 2007 година, завршувајќи со скор од 67 настапи за националниот тим.

Статистика на кариерата[уреди]

Клубови[уреди]

Клуб Сезона Лига Куп Лига Куп Европа Останати[nb 1] Вкупно
Меч Гол Меч Гол Меч Гол Меч Гол Меч Гол Меч Гол
Молде 1995 26 20 4 2
1996 12 11
Вкупно 38 31
Манчестер Јунајтед 1996–97 33 18 3 0 0 0 10 1 0 0 46 19
1997–98 22 6 2 2 0 0 6 1 0 0 30 9
1998–99 19 12 8 1 3 3 6 2 1 0 37 18
1999–2000 28 12 1 0 11 3 6 0 46 15
2000–01 31 10 2 1 2 2 11 0 1 0 47 13
2001–02 30 17 2 1 0 0 15 7 0 0 47 25
2002–03 37 9 2 1 4 1 14 4 57 15
2003–04 13 0 3 0 0 0 2 1 1 0 19 1
2004–05 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
2005–06 3 0 2 0 0 0 0 0 5 0
2006–07 19 7 6 2 1 1 6 1 32 11
2007–08 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Вкупно 235 91 30 8 11 7 81 20 9 0 366 126
Вкупно во кариерата 382 237 30 8 11 7 85 22 9 0 513 272

[6]

Репрезентација[уреди]

Фудбалска репрезентација на Норвешка
Год. Меч Гол
1995 2 1
1996 6 3
1997 2 1
1998 9 3
1999 8 5
2000 10 1
2001 7 3
2002 9 2
2003 7 2
2004 2 0
2005 0 0
2006 4 2
2007 1 0
Вкупно 67 23

[7]

Титули[уреди]

како играч[уреди]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди]

како менаџер[уреди]

Англија Манчестер Јунајтед-Резерви[уреди]

Норвешка Молде[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

Нотес[уреди]

  1. Вклучувајќи останати официјални натпреварувања, како ФА Комјунити Шилд, УЕФА Супер Куп, Интерконтинентален Куп, ФИФА Клупско Светско првенство