Торе Андре Фло
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 15 јуни 1973 | ||
| Роден во | Фло, Норвешка | ||
| Висина | 1,93 м | ||
| Положба | напаѓач | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 1993-1994 | Согндал | 44 | (21) |
| 1995 | Тромзо | 26 | (18) |
| 1996-1997 | Бран | 40 | (28) |
| 1997-2000 | Челзи | 149 | (50) |
| 2000-2002 | Ренџерс | 53 | (29) |
| 2002-2003 | Сандерленд А.Ф.К. | 29 | (4) |
| 2003-2005 | Сиена | 63 | (13) |
| 2005-2006 | Валеренга | 35 | (19) |
| 2006-2008 | Лидс Јунајтед | 23 | (4) |
| 2008-2009 | МК Донс | 13 | (0) |
| 2011-2012 | Согндал | 22 | (2) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 1995-2004 | Норвешка | 76 | (23) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 25 април 2012. † Appearances (Goals). |
|||
Торе Андре Фло (роден на 15 јуни 1973) е пензиониран норвешки фудбалер, напаѓач. Тој настапил 76 пати и постигнал 23 гола за норвешкиот национален тим, а ја претставувал својата земја и на Светското првенство 1998 и на Европското 2000-тата. Тој истотака и го постигнал првиот гол за Норвешка, во историската победа на неговата земја над Бразил со 2-1 со која тие обезбедиле место во втората фаза на Светското првенство 1998 во Франција.
Во текот на својата професионална кариера, Фло играл за Согндал, Тромзо и Бран во норвешката Премиер лига, пред да се пресели во странство каде најпрво играл за Челзи. По успешниот престој во англискиот клуб, тој бил продаден на Ренџерс за сума од 12.000.000 £ и станал најскапиот норвешки играч. Фло подоцна играл и за Сандерленд, Сиена, Валеренга и Лидс Јунајтед пред да го најави своето пензионирање во март 2008 година. Тој подоцна направил два comeback-а, потпишувајќи со МК Донс во ноември 2008 година и со норвешкиот клуб во кој и тргнала неговата професионална кариера Согндал во март 2011 година. Во август 2012 година тој го објавил своето пензионирање по трет пат.
Фло потекнува од селото кое го носи името како и неговото презиме во општината Стрјун во Согн ог Фјуране, Норвешка. Тој потекнува од семејство на фудбалери, бидејќи и неговиот брат Јостеин Фло и неговиот братучед Хавард Фло исто така се поранешни репрезентативци на Норвешка.
Содржина |
Титули [уреди]
Бран [уреди]
- Норвешка Премиер лига (1) : 2005-вицешампион
Челзи [уреди]
- ФА Куп (1) : 2000
- ФА Черити Шилд (1) : 2000
- Лига куп (1) : 1998
- УЕФА Супер Куп (1) : 1998
- Куп на победниците на куповите (1) : 1998
Ренџерс [уреди]
- Шкотски куп (1) : 2002
- Шкотски Лига куп (1) : 2002
Надворешни врски [уреди]
|
|
|||||||