Вејн Руни

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Вејн Руни
Wayne Rooney
Rooney CL.jpg
Лични податоци
Роден на 24 октомври 1985 (1985-10-24) (26 г.)
Роден во Ливерпул, Англија
Висина 1,76 m (5 ft 9+12 in)
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер јунајтед
Број 10
Младинска кариера
Евертон
Кариера*
Години Клуб Apps (Gls)
2002–2004 Евертон 67 (15)
2004– Манчестер Јунајтед 243 (123)
Национален тим
2000-2001 Англија 15 4 (2)
2001-2002 Англија 17 12 (7)
2002 Англија U19 1 (0)
2003– Англија 73 (28)
* Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 14 август 2011.

† Appearances (Goals).

‡ National team caps and goals correct as of 26 март 2011

Вејн Марк Руни (англиски: Wayne Mark Rooney) (роден на 24 октомври 1985, во Ливерпул) е англиски фудбалер кој моментално игра за англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед и за Англиската фудбалска репрезнтација. Во клубот пристигна од англискиот Евертон и денес се смета за еден од најдобрите фудбалери во светот. Во последната сезона тој постигна 24 гола и е прв стрелец во Манчестер Јунајтед.

Руни го направи своето деби за сенирскиот тим на Англија во 2003 година и стана најмладиот играчшто ја претставувал Англија (рекордот подоцна е скршен од Тео Волкот). Тој истотака е најмладиот стрелец на Англија досега. Тој играше на Евро 2004 и постигна четири гола, со што стана најмлад стрелец во историјата. Руни играше и на Светските првенства во 2006 и 2010 година и нашироко се смета како најдобар играч на неговата земја. Тој е добитник на награда играч на годината во Англија двапати, во 2008 година и 2009 година. Почнувајќи од септември 2003 година, тој има одиграно 73 репрезентативни меча и постигнато 28 гола. Заедно со Дејвид Бекам, Руни е играчот со најмногу црвени картони за Англија.

На возраст од девет години, Руни се приклучи на младинскиот тим на Евертон, за кого го направи своето професионално деби во 2002 година. Тој помина две сезони во тимот од Мерсисајд, пред да се пресели во Манчестер Јунајтед за сума од £ 25.600.000 во 2004 година во летниот трансферен прозорец. Истата година, Руни се здоби со прекарот "Wazza" од тогаш, со Руни во тимот, Јунајтед освои четири титули во премиерлигата, УЕФА Лига на шампиони во сезоната 2007-2008 и два Лига купа. Тој, исто така има по два вицешампионски медали од Премиер Лигата и од Лигата на Шампионите. Во август во сезоната 2011-12 Руни го постигна својот 150-ти гол, со што стана најефикасен играч на Јунајтед уште од почетокот на Премиер Лигата.

Во сезоната 2009-10, на Руни му беше доделена наградата за PFA players играч на годината и FWA фудбалер на годината. Руни има освоено истотака трофеј и за Гол на сезоната во Премиер лигата, награда од страна на ББС. Тој беше именуван во "FIFPro World 11" за 2011 година. Руни е третиот најскапо платен фудбалер во светот по Лионел Меси и Кристијано Роналдо, со годишен приход од € 20.7m (£ 18m), вклучувајќи и спонзорски договори.

Содржина

[уреди] Ран живот

Руни е роден во Ливерпул како дете на Томас Вејн и Жанет Мари Руни. Тој е на ирско потекло и израснат како римокатолик со помладите браќа Греам и Џон. Тој израснал во неговиот локален клуб Евертон.

[уреди] Клупска кариера

[уреди] Евертон

[уреди] младински категории

Руни доаѓа во Евертон на 9 години и импресионира во младинските категории пошто го добива прекарот "Чудо од дете". Во сезоната 1995-96 тој постигнал 114 голови во 29 меча за академијата на Евертон под 11 години и потоа со само 15 години започнува да игра за екипата до 19 години. Во 2002 постигнал осум гола во осум меча до финалето на ФА Младинскиот Куп.

[уреди] Пробивот во првиот тим

Руни беше неискористена резерва во мечот на Евертон нагости кај Саутемптон во победата на "карамелите" од 1-0 во април 2002. Неговото сениорско деби дојде следната сезона на 17 август во ремито 2-2 против Тотенхем и во тоа време тој стана вториот најмлад играч на Евертон во историјата зад Џо Ројл. Неговиот прв сениорски гол дојде во мечот од Лига купот на 2-ри октомври против Рексам кога тој се запиша во листата на стрелците двапати. Со овие голови тој станува најмладиот стрелец на тимот. На 19-ти октомври, пет дена пред неговиот 17-ти роденден, Руни го постигнува својот прв погодок во премиерлигата погодувајќи ја мрежата на Арсенал во 90-тата минута со што му носи победа на својот тим. Овој негов гол ја прекина серијата од 30 меча без пораз на топчиите, но истотака Руни станува и најмладиот стрелец на гол во историјата на премиерлигата, рекорд подоцна надминат од Џејмс Милнер и Џејмс Вон. Петнаесет дена подоцна тој го постигна единствениот гол на гостувањето кај Лидс Јунајтед.

[уреди] Манчестер Јунајтед

По одличната сезона два тима се појавија како сериозни кандидати за потписот на Руни, Њукасл Јунајтед и Манчестер Јунајтед. Евертон ја одби понудата на Њукасл од 20 милиони £, за веднаш потоа Манчестер Јунајтед да достави понуда од 25.600.000 £ која беше доволна за челниците на Евертон. Оваа понуда беше највисоката на сите времиња за играч под 20 години, а Руни тогаш имаше 18.

Руни го зеде дресот со број 8 по неговото доаѓање на Олд Трафорд. Тој го направи своето деби за Јунајтед на 28 септември во победата од 6-2, дома над Фенербахче во Лигата на шампионите, постигнувајќи хет-трик и забележувајќи една асистенција. Овие голови го направија Руни најмлад играч кој успеал да постигне хет-трик во Лигата на Шампионите на возраст од 18 години и 335 дена. Сепак, неговата прва сезона со Манчестер Јунајтед заврши без освојување на трофеј бидејќи тие само стигнаа до третото место во лигата, и не успеаа да се пласираат во последните осум на Лигата на шампионите. Јунајтед имаше повеќе успех во куп натпреварите, но беа остранети од Лига купот во полу финалето од страна на Челзи кои исто така ја освои Премиер лигата таа сезона. Тие играа нерешено без голови со Арсенал во финалето на ФА Купот 2005, по што селедеше изведување на удари од белата точка по кои Арсенал славеше и го освои трофејот.

[уреди] 2005–07

Руни за време на победата на Јунајтед од 3–1 над Манчестер Сити во дербито, во кое тој го постигна првиот гол

Во септември 2005 година, Руни беше доби црвен картон во Лигата на шампионите против Виљареал во Шпанија (која заврши нерешено без голови) за саркастично плескање на судијата кои му додели жолт картон за ненамерен фаул врз противнички играч. Неговиот прв трофеј со Јунајтед дојде во Лига купот 2006-та година и тој беше исто така именуван за играч на натпреварот по постигнувањето на два гола во победата од 4-0 на Јунајтед над Виган Атлетик во финалето. Во Премиер лигата, сепак, непредвидливиот старт на сезоната во потрагата за насловот заврши на Јунајтед заврши кон крајот на април кога тие загубија со 3-0 нагости од шампионот Челзи и мораше да се задоволи со второто место. Руни имаше скршена коска во тој натпревар по опасниот старт направен од страна на Паоло Фереира. Руни дополнително ја подобри својата статистика во сезоната 2005-06, така што тој успеа да реализира 16 гола во 36 меча во Премиер Лигата.

Во текот на првата половина од сезоната 2006-07, Руни ја заврши серијата од десет меча без постигнат гол со хет-трик против Болтон, по што тој потпиша продолжување на уште две-години на својот договор до 2012 година. Кон крајот на април, тој постигна два гола во 8-3 вкупната победа во четврт-финалната победа над Рома и уште два во победата од 3-2 во полу-финалето на првиот натпревар против Милан. До крајот на таа сезона, тој постигна 14 лигашки голови и Руни го освојува својот прв победнички медал во Премиер лигата на крајот на сезоната 2006-07.

[уреди] 2007-08 и наваму

Во јуни 2008, Руни го презема дресот со број 10 по заминувањето на Руд Ван Нистелрој. Руни ја скрши коската на левата нога на стартот од сезоната во првото коло против тимот на Рединг во нуловото реми на 12-ти август. Тој паузираше 6 недели и се врати за меч од Лигата на Шампионите. Руни ја заврши сезоната со 18 гола од кој 12 во лигата. На крајот Руни со својот клуб ги освојува двата најценети трофеи Премиерлигата и Лигата на Шампионите, во кои тие ги совладаа ривалите од премиершип тимот на Челси по изведување на пенали во првото се-англиско финале во историјата.

На 12-ти фебруари 2011 Руни постигнува прекрасен погодок со "ножички" во 78. минута, за да донесе победа над градските ривали тимот на Манчестер Сити од 2-1. По мечот Руни изјави дека тоа е неговиот најдобар гол кој што го постигнал во кариерата. Овој гол воедно беше избран и за гол на сезоната.

Кон крајот на август 2011 Руни го постигна својот 150-ти гол за Јунајтед, во хет-рикот што го постигна во победата над Арсенал со убедливи 8-2. На 8-ми Јануари 2012 тој постигна два гола, а еден додаде Дани Велбек во победата над Манчестер Сити од 3-2 нагости во третата рунда од ФА Купот. Со тие два гола го претекна, легендата на клубот Марк Хјуз на вечната листа на клубот за најдобри реализатори.

[уреди] Титули

[уреди] Манчестер Јунајтед

Премиер лига  : 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2010-11

Лига куп  : 2005-06, 2009-10

ФА Комјунити Шилд : 2007 , 2010, 2011

Лига на Шампиони  : 2007-08

ФИФА Светско Клупско првенство : 2008


[уреди] Надворешни врски

[уреди] Наводи


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици