ФК Рединг
| Целосно име | Reading Football Club | ||
|---|---|---|---|
| Прекар(и) | The Royals | ||
| Основан | 1871 | ||
| Терен | Мадејски Стадион Рединг, Англија (Капацитет: 24,161) |
||
| Претседател | |||
| Менаџер | |||
| Лига | Премиер лига | ||
| 2011–12 | Чемпионшип лига, шампиони (промоција) | ||
| Веб страна | Официјално мрежно место | ||
|
|||
Рединг Фудбал Клуб (на англиски јазик: Reading Football Club) или ФК Рединг е англиски фудбалски клуб од градот Рединг. Тимот е основан во 1871 година и покрај тоа што е еден од најстарите тимови во Англија, тие никогаш не играле во највисокото ниво на англискиот фудбал се до сезоната 2006-2007. На 25 март 2006 година тие обезбедија промоција во Премиер лигата и во текот на сезоната 2006-07, тие за прв пат се натпреваруваат во елитната дивизија. Прекарот на Рединг е кралевите, поради фактот што тимот се наоѓа во кралската грофовија Беркшир. Стадионот на Рединг се вика „Мадејски“ и го носи името на претседателот на клубот Сер Џон Мадејски, а е со капацитет од 24,161 места.
Содржина |
Историја[уреди]
Рединг бил основан во 1871 година. Во тој момент прекарот на клубот бил бисквитџиите поради светски познатитите производители на бисквити од градот Рединг „Хантли енд Палмерс“. Во 1970-тите на 20 век Рединг добива нов прекар кралевите.
Клубот играл на игралиштето за крикет (1878-1882), па потоа на Коули Парк (1882-1889) и теренот за крикет Каверсам (1889-1896). Во 1895 година клубот станува професионален и на 5 септември 1896 се сели стадионот Елм Парк. По повеќе од еден век, во 1998 година, Рединг започнува да ги игра своите натпревари на новиот нивен стадион Мадејски.
Во 1920 година Рединг е поканен да игра во Третата дивизија на фудбалската лига и долги години се задржува тука со исклучок на неколку сезони. Во сезон 1994-95 клубот е поразен во плеј-офот од Болтон и така станува првиот тим во Првата и Втората дивизија, којшто завршува втор и не успева да се искачи во погорната дивизија. Тоа се случва, поради тоа што во Премиер лигата се намалил бројот на тимовите. Во сезоната 2002-03 Рединг бил многу близу до првата тројка и завршуваат четврти; во плејофот тие се поразени од „Вулверхемптон во полуфиналето.
На 25 март 2006 година Рединг обезбедува промоција во Премиер лигата за први пат во нивната историја. Тие имаа фантастична дебитантска сезона завршвајќи 8-ми на табелата и им недостасуваше само 1 бод да се пласираат во Купот на УЕФА. Во следната сезона тимот настрада од синдромот на втора година, и Рединг завршувајќи како 18 во лигата се врати во Чемпионшип.
Најдоброто постигнување на Рединг во ФА Купот е во сезоната 1926-27, кога тие стигнале до полуфиналето. Во сезоните 2009-2010 и 2010-2011 тимот двапати едноподруго стигаше до четвртфиналето.
Поддржувачи и ривалства[уреди]
Во 2001 година, Рединг стана првиот фудбалски клуб кој ги регистрирал своите фанови како официјални членови на тимот, давајќи им број на "играч", а тоа беше бројот 13 кој во моментов е заземен од страна на Навивачите на Рединг и веројатно уште долго ќе биде зафатен од нив.
Пред да излезат од бизнисот во 1992 година, Олдершот беа најголемите ривали на Рединг. Имено, меѓу навивачките групи на двата тима имало често силен судир, а борбите меѓу навивачите се случувале во неколку наврати. Силните чувства меѓу навивачите на Рединг и навивачите на Олдершот Таун останале, и по исклучувањето на клуб на Олдершот. Со повторното приклучување на Олдершот Таун во лигата во 2008 година, останува да се види дали ова традиционално ривалство ќе биде обновено.
По излегувањето на Олдершот од професионалните дивизии, главни локални ривали на Рединг биле Оксфорд Јунајтед и Свиндон Таун. Кога трите екипи во една сезона се нашле во иста лига, нивното ривалство било наречено како "Дидкот Триаголник".
Играчи[уреди]
Моментален Состав[уреди]
|
|
Надворешни врски[уреди]
| „ФК Рединг“ на Ризницата |
- Официјална страница
- Supporters' Trust At Reading
- ФК Рединг на Facebook
- Рединг на soccerway
|
||||||||||

