Пол Сколс
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Полно име | Пол Сколс[1] | ||
| Роден на | 16 ноември 1974 [1] | ||
| Роден во | Манчестер, Англија |
||
| Висина | 171 m (560 ft)[2] | ||
| Положба | среден ред | ||
| Младинска кариера | |||
| 1991–1994 | ФК Манчестер Јунајтед | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 1994–2011 | ФК Манчестер Јунајтед | 466 | (102) |
| 2012- | ФК Манчестер Јунајтед | 30 | (5) |
| Репрезентација | |||
| 1997–2004 | Англија | 66 | (14) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 13:54, 23 мај 2011 (UTC). † Appearances (Goals). |
|||
Пол Арон Сколс (роден на 16 ноември 1974) е англиски фудбалер кој целата своја кариера ја поминал во екипата на Манчестер Јунајтед. Го носел епитетот на најдобар играч од средниот ред на својата генерација. Исто како Франческо Тоти во Рома и Паоло Малдини во Милан, така и Пол Сколс и неговиот соиграч Рајан Гигс целиот свој фудбалски живот го имаат посветено на еден клуб, Манчестер Јунајтед.
Пол Сколс бил репрезентативец на Англија седум години. Ги бранеше боите на "Гордиот Албион" на четири големи натпреварувања: две светски првенства 1998 во Франција и 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, и две европски првенства 2000 во Белгија и Холандија и 2004 во Португалија. Веднаш по завршувањето на европското првенство во 2004 година, Сколс го објавил своето повлекување од репрезентативниот дрес, со цел да посвети повеќе внимание на својот клуб и своето семејство.
По крајот на финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Барселона на 31 мај 2011 година, Сколс се откажал од фудбалот.
Пол Сколс во својата кариера, 17 години настапувал само на Манчестер Јунајтед и тоа на 676 натпревари. Тој се пензионирал како еден од модерните легенди, каде освоил десет титули во Премиер лигата, две во Лигата на шампиони, четири ФА и три трофеи во Лига купот.
Само шест месеци откако се пензионира Пол Сколс се врати одново на зелениот терен во јануари 2012.Поради проблемите во средниот ред на својот тим Сер Алекс Фергусон во јануарскиот преоден рок 2012 го натерал тренерот на резервистите во својот тим (Пол Сколс) одново да се врати во дресот на Манчестер Јунајтед.На прашањата на новинарите дали смета дека тоа е добар потег и дали Сколс може да помогне Сер Алекс вели:"Зошто да не земеме фудбалер кој е дел од нашата 20 годишна историја".Тој во своето повторно деби во Премиер лигата откако се врати на фудбалот дебитираше со гол против Болтон Вондерерс
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1
- пренасочување Шаблон:Наведена книга
- ↑ „Paul Scholes Profile“. „ManUtd.com“. Manchester United. http://www.manutd.com/en/Players-And-Staff/First-Team/Paul-Scholes.aspx?section=Quote. проверено на 10 July 2011.
|
|||||

