Ерик Кантона

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ерик Кантона
Eric Cantona Cannes 2009.jpg
Лични податоци
Полно име Ерик Кантона
Роден во    Марсеј
Висина &100000000000001880000001,88 м
Положба Напад Пензиониран
Клупски податоци
Сегашен клуб Пензиониран
Број 7
Сениорска кариера1
Години Клуб Наст. (гл-ви)*
Оксер
Марсеј
ФК Лидс Јунајтед
ФК Бордо
ФК Монпелие
Манчестер Јунајтед
{{{caps(goals)}}}   
Репрезентација
1987-1995 Франција 45(20)

1 Настапи и постигнати голови како сениор
се брои само домашна лига г.)
* Настапи (Голови)

Ерик Даниел Пјер Кантона (фр. Éric Daniel Pierre Cantona, р. 24 мај 1966) е француски актер и поранешен фудбалер. Тој ја заврши својата професионална кариера во Манчестер Јунајтед каде што освои четири премиер лигашки титули во рок од пет години вклучувајќи и две од лига купот и ФА купот. Се смета дека Кантона имаше голема улога во оживувањето на Манчестер Јунајтед како енергичен играч и тој уживаше во својот статус на фудбалска икона во клубот а и воопшто во англискиот фудбал. Тој го носеше познатиот дрес со број седум кој претходно беше носен од Џорџ Бест и Брајан Робсон и подоцна носен од Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Мајкл Овен. Во 2001 година тој беше изгласан за најдобриот играч на Манчестер Јунајтед на векот со што се здоби со прекарот „Кралот Ерик“. Моментално тој е менаџер на францускиот фудбалски тим на песок. По неговото повлекување од фудбалот тој започна кариера во кината каде имаше голема улога во филмот Елизабета во 1998 година каде го глумеше Кејт Бланшет, и во 2009 година во филмот ,,Барајќи го Ерик”. Во 2010 година тој дебатираше на претставата ,, Face au paradis”, француска изведба под режија на неговата жена Рашида Бракни.[2]

Ран живот[уреди]

Иако се сметаше дека тој е роден во Париз всушност Кантона е роден во Марсеј името на неговиот татко е Алберт Кантона и неговата мајка Елеонора Раурич . неговиот семеен дом беше пештера во еден од ридовите кои се наоѓаа во областа Каијлос Марсеј помеѓу 12 и 13 округ за кој се ширеа гласини дека бил поставен како надгледувачница за германската војска во време на Втората светска војна. Местото било одбрано во средината на 1950-тите години од страна на бабата на Кантона чиј сопруг Јосеф беше ѕидар. Додека Кантона беше роден 1966 ридската пештера прерасна и пештерата не претставуваше ниту една соба од новиот дом кој што сега беше пристоен за живот. Кантона има двајца браќа: Жан-Мари кој е четири години постар и Џоел кој е 17 месеци помлад. Кантона потекнува од семејство на имигранти. Неговиот дедо односно татко на неговиот татко се доселил во Марсеј од Сардинија додека родителите на неговата мајка потекнуваат од Каталонија (Шпанија). Педро Раурич, татко на мајката на Кантона бил Републиканец кој се борел против националната армија на Генерал Франко во Шпанската граѓанска војна во 1938 каде што се здобил со сериозна повреда на црниот дроб и морал да се повлече во Франција со неговата жена за да добие третман на повредата. Така тие престојувале во Сен Прист пред да заминат во Марсеј.

Кариера[уреди]

Рана кариера[уреди]

Кантона ја започнал својата фудбалска кариера во редовите на SO Caillolais, во неговиот локален тим, тим од кој произлезе талент како Роџер Јуви и играчи од рангот на Жан Тигана и Кристоф Галтиер. Првенствено Кантона започна да ги следи стапките на неговиот татко и често играше на позицијата голман но поради неговата креативност започна да игра поофанзивно се повеќе и повеќе и почесто и почесто.Во времето поминато во SO Caillolais, Кантона одигра 200 натпревари и беше изјавено дека ,,на деветгодишна возраст тој игра како да е на 15 годишна возраст”.

Франција[уреди]

Првиот професионален клуб за Кантона беше Осер, каде што тој помина 2 година во младинската екипа пред да дебитира на 5 ноември 1983 во натпреварот од француското првенство каде забележија победа од 4:0 над Нанси. Цела 1984 година кариерата на Кантона беше ставена на чекање поради извршувањето на неговата државна служба. По неговото отпуштање тој беше позајмен на Мартигуес во Француската втора дивизија. По повторното враќање во Осер и потпишувањето на неговиот прв професионален договор неговите настапи во Првата дивизија беа доволно добри да му го обезбедат првиот национален куп. Првиот од неговите проблеми со дисциплината се случи веќе во 1987 година кога беше казнет за удар во лицето на неговиот соиграч Бруно Мартини. Наредната година Кантона беше пак во проблеми поради опасниот старт над играчот на Нанси Мајкл Де Закириен што најпрвин резултираше со суспензија од три натпревари која подоцна беше намалена на два поради заканата дека Марсеј нема да дозволи играчот да биде достапен за изборот на националниот тим. Тој беше член на францускиот тим под 21 година и го освои Европското првенство за играчи под 21 година и кратко по тој успех направи трансфер во Марсеј клубот кој го подржа кога беше само момче за рекордна сума во францускиот фудбал од 22 милиони. Кантона многу често покажуваше знаци жесток карактер во неговата кариера до ден денес и во јануари 1989 за време на пријателскиот натпревар со Торпедо Москва тој ја шутна топката во публиката и го фрли дресот по неговото заменување. Неговиот клуб на тоа одговори со забрана од еден месец. Само неколку месеца претходно тој беше суспендиран од интернационалните натпревари цела година поради телевизиската навреда кон неговиот тренер. Кантона борејќи се да се смести во Марсеј премина во Бордо за 6 месечна позајмица и пота на уште една година беше позајмен на Монпелие. Во Монпелие тој беше вклучен во тепачка со неговиот соиграч Жан Клод Лемулт кој доби копачка во своето лице. Инцидентот доведе до барање на 6 играчи за отпуштање на Кантона. Но со поддршка на соиграчите како Лорен Бланк и Карлос Валдерама клубот ги задржа неговите услуги и го суспендира само на 10 дена. Кантона беше клучна фигура во тимот водејќи го до освојување на францускиот куп. Неговата форма го убеди Марсеј да го врати назад во тимот. Назад во Марсеј Кантона играше многу добро под водството на тренерот Џерард Гил и на неговиот наследник Франц Бекенбауер. Но претседателот на Марсеј Бернард Тапи не беше задоволен со резултатите и го замени Бекенбауер со Рејмонд Готелс тренер на кој Кантона не сакаше ниту очите да му ги види. Кантона континуирано си ги пробуваше шансите со Тапи и покрај фактот дека му помогна на тимот да ја освои титулата на првата француска лига му беше направен трансфер во Нимес наредната сезона. Во декември 1991 за време на еден натпревар на Нимес тој ја фрли топката кон судијата поради тоа што негодуваше на една од неговите одлуки. Тој беше подложен на сослушување од страна на Француската фудбалска федерација и беше суспендиран еден месец. Кантона на тоа одговори со нарекување на секој од членовите на советот ,,идиот”.неговата суспензија беше зголемена на три месеци. За Кантона ова ја прели чашата и тој најави повлекување од фудбалот во декември 1991 година. Францускиот национален тренер Мајкл Платини беше наклонет кон Кантона и го убеди да се врати затоа што му се восхитуваше на неговиот талент. Врз основа на советот на Џерард Хулие кој беше негов психо аналитичар тој замина во Англија да ја презапочне својата кариера. ,,Тој (мојот психо-аналитичар) ме советуваше да не потпишам за Марсеј и ми препорача да одам во Англија”.

Англија[уреди]

Лидс Јунајтед[уреди]

На 6 ноември по победата од 3-0 на Ливерпул над Oксер во втората рунда на УЕФА Мајкл Платини се сретна со менаџерот на Ливерпул Грам Соунес и му кажа дека Кантона би сакал да игра за Ливерпул. Соунес му се заблагодари на Платини но ја одби понудата цитирајќи дека причината е хармонијата во соблекувалната. Во јануари 1992 Кантона дојде во Англија на една неделна проба во Шефилд водени од Тревор Францис кој беше на патеката за освојување на третото место во првата дивизија сан една година по промоцијата. Кога му беше предложено една недела продолжување на пробата тој одби и наместо тоа пристапи кон Јоркшир ривалот на Лидс Јунајтед на кој беше член на тимот кој го освои шампионатот на првата англиска дивизија пред да биде заменет со Премиер лигата како врв на англискиот фудбал. Лидс го купи за 900.000 фунти од Нимес. Кантона имаше 15 настапи за Лидс во сезоната на освојувањето на шампионатот. Покрај фактот дека Кантона постигна само 3 голови тој беше клучен за освојувањето на титулата со многу асистенции посебно за головите постигнати од страна на голгетерот Ли Чапман. Тој постигна хет-трик во супер купот со победата од 4-3 над Ливерпул во 1992 година по која следеше и победа од 5-0 во лигата над Тотенхем Спарс. Неговиот хет-трик против Спарс беше првиот хет-трик постигнат во Премиер лигата. Неговиот хет-трик во супер купот го стави во малата елита на играчи кои постигнале три или повеќе голови во натпреварите на Вембли стадионот. Кантона го напушти Лидс Јунајтед за Манчестер Јунајтед за 1,2 милиони фунти на 26 ноември 1992. Претседателот на Лидс Бил Фортби му телефонираше на претседателот на Манчестер Јунајтед Мартин Едвардс да праша за достапноста на Денис Ирвин. Едвардс беше на состанок со менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон во тоа време и двајцата се согласија дека Ирвин не е за продавање. Фергусон потенцираше дека на неговиот тим му е потребен напаѓач и дека имаат дадено понуда за Давид Хирст, Мет Ле Тисер и Брајан Дин и му даде инструкции на неговиот претседател да го праша Вилкинсон дали Кантона е за продажба. Бил Фортби мораше да се консултира си менаџерот Хауард Вилкинсон и само за неколку денови зделката беше завршена.

Манчестер Јунајтед[уреди]

сезона 1992-1993[уреди]

Кантона за прв пат настапи за Манчестер во пријателскиот натпревар против Бенфика во Лисабон за обележување на 50 роденден на Еусебио. Тој првото деби во натпреварите го имаше кога влезе како резерва во второто полувреме на натпреварот против Манчестер Сити на Олд Трафорд на 12 декември 1992 година. Јунајтед победи со 2-1, а Кантона не направи голем впечаток тој ден. Сезоната на Јунајтед беше разочарувачка по потпишувањето со Кантона. Тие заостануваа се повеќе зад големите потрошувачи како Астон Вила и Блекбурн Роверс во трката за првата титула на ФА Премиер лигата но и зад предизвикувачи како Норвич Ситу и КПР. Постигнувањето на голови стана проблем по завршувањето на првата половина на сезона што ги чинеше губење на титулата во лигата. Брајан Мекклер и Марк Хјуз беа надвор од форма а Дион Даблин со кого потпишаа летото ја имаше скршено ногата рано во сезоната што го тргна од терените цели 6 месеци. Кантона брзо се прилагоди во тимот не само со постигнување на голови тука и со правење на шанси за другите играчи. Неговиот прв гол за Јунајтед го постигна на натпреварот против Челзи на Стемпфорд Бриџ на 19 декември 1992 кој заврши 1-1. Неговиот втор гол го постигна на Boxing Day во нтпреварот против Шефилд на Хилсборо кој заврши со нерешен резултат 3-3 и покрај тоа што губеа со 3-0. Својот талент и висока класа Кантона ги покажа на натпреварот против Тотенхем на 9 јануари 1993 година на кој постигна еден гол и учествуваше во другите голови кои ја донесоа победата од 4-1. Но лошите случување не останаа настрана од него на неговото враќање на Elland Road за натпреварот против Лидс неколку недели подоцна тој имаше расправија со еден навивач и беше казнет со 1000 фунти од ФА. Во првите две сезони на Олд Трафорд Јунајтед имаше големо достигнување со победите во почетокот на Премиер лигата во 1993 година. Тие имаа повеќе 10 бодови на добриот почеток на втората половина од сезоната. Сето тоа беше во голема мера инспирирано од Кантона и тие беа крунисани како шампиони на Англија за прв пат по 1967 година. Со освојувањето на оваа титула Кантона стана првиот и досега единствениот играч кој ја освоил највисоката англиска дивизија со различни клубови.

сезона 1993-1994[уреди]

Тие продолжија да се борат во Премиер лигата и двата пенала на Кантона помогнаа во победата од 4-0 над Челзи во финалето на ФА купот. Тој освои второ место во Фудбалскиот лига куп во кој Јунајтед дојде до финалето само за да биде поразен од Астон Вила со 3-1. Тој исто така беше изгласан за играч на годината во ПФА за таа сезона. Сезоната не помина без инциденти како исклучување на натпреварот од Лигата на Шампиони против Галатасареј кое следуваше по расправија со судијата и кога тој беше исклучен во натпреварите од Премиер лигата против Свиндон и Арсенал. Двата црвени картони го суспендира Кантона на 5 мечеви од кои еден беше четврт финалето во ФА купот против Олдам Атлетик кој заврши 1-1 и доведе до преигрување за кое Кантона беше во можност да игра и им помогна да победат со 4-1. 1993–1994 беше првата сезона каде тимовите од Премиер лигата добија броеви на дресовите. На Кантона му беше доделен дресот со број седум дрес кој тој го носеше до крајот на неговата кариера во Јунајтед.

сезона 1994–1995[уреди]

Во наредната сезона Кантона продолжи со својата импресивна форма и Јунајтед се доближуваше до третата титула во лигата, но на 25 јануари 1995 година тој беше вмешан во инцидент кој привлече внимание и контраверзност широко низ светот. Во натпреварот на гостински терен против Кристал Палас кантона беше исклучен од судијата за одамздлив старт врз одбранбениот играч на Палас Ричард Шо откако шо го повлече Кантона за дресот. Како што тие одеа кон тунолот Кантона упати ,,кунг-фу” удар во публиката удар упатен кон фанот на Кристал Палас Метју Симонс по што и следеа серија на удари. Подоцна со одобрение беше прикажана фотографија со стапалото на Кантона кое удира во Симонс и тоа на насловната страна на Ash’s. Насловната страна создаде публицитет во британската јавност. На Симонс подоцна му беше судено за искажување на закани и закнувачко однесување. Тој доби казна од седум дена затвор но тој беше пуштен наредниот ден. Исто така беше откриено дека Симонс имал и порано криминални обвинувања вклучувајќи насилен грабеж во 1992 година кога го нападнал вработениот во бензинската станица Шри Ланка и дека бил гледач на Националната првенствена трка кратко време пред инцидентот Selhurst Park. Неговото осудување и казна резултираа со од 500 фунти и забрана од една година за посетување на футбалски натпревари во Англија и Велс. На конференцијата свикана подоцна Кантона го даде можеби најпознатиот цитат. Кантона изјави како новинарите постојано го следат на однапред испланиран начин неговото однесување. ,, галебите ги следат рибарските чамци затоа што мислат дека тие ќе фрлат сардини во морето. Ви благодарам”. Потоа тој стана од своето место и замина оставјќи го големиот дел од насобраната толпа збунет. Тој беше осуден на 120 часа служба на заедницата во што беше сменета првенствената казна на апелациониот суд од две недели затвор поради напад. Во согласност со желбите на футбалската федерација Манчестер Јунајтед го суспендираше Кантона за наредните четири месеци кои останаа од сезоната In 1994-1995 година кое го тргна Кантона од првиот тим на Манчестер Јунајтед кој ја бркаше двојната круна. Тој исто така беше казнет со 20.000 фунти. Фудбалската асоцијација тогаш ја зголеми суспензијата на осум месеци (до 30 септември 1995) и го казни со додатни 10.000 фунти. Греам Кели извршниот шеф на ФА го опиша неговиот напад како ,, дамка на нашата игра” која нанесе срам на фудбалот. ФИФА тогаш ја потврди суспензијата во јавноста што значеше дека Кантона не можеше да ја избегне суспензијата со трансфер во странски клуб. Манчестер Јунајтед го казни со две неделна плата а му беше одземена и капитенската лента на Франција. Неговиот клуб следствено ја изгуби премиер лигашката титула која припадна на Блекбурн. Во 2007 тој изјави:,,Имам многу убави моменти но омилен ми е кога го удрив хулиганот”. Веднаш по денот на кунг-фу инцидентот имаше бескрајни медиумски шпекулации дека Кантона ќе го напушти англискиот фудбал кога ќе заврши неговата суспензија, но Алекс Фергусон го убеди да остане во Манчестер и покрај понудата од италијанскиот клуб Интер (воден од Пол Инк) но Кантона беше инспириран да остане. Дури и по потпишувањето на новиот договор Кантона беше изфрустриран од условите на суспензијата која не му дозволуваше да игра дури и на пријателските натпревари и на 8 август беше побарано прекинување на неговиот договор врз основа дека тој повеќе не е пожелен да игра во англискиот фудбал. Барањето беше одбиено два дена подоцна и по средбата со Алекс Фергусон во Парис тој истакна дека ќе остане во клубот.

сезона 1995–1996[уреди]

Јунајтед имаше продадено неколку клучни играчи на почетокот на сезоната и ги замени со играчи од младинската екипа на тимот и шансите за освојување на лигата не изгледаа поволни по поразот од Астон Вила со 3-1 на денот на отворањето на сезоната. Голема прашина се крена околу враќањето на Кантона во игра против Ливерпул на 1 октомври 1995 година до кој Манчестер се врати од поразот на отворачкиот ден на сезоната и беше втор во лигата. Постоеја стравови од многу поединци дека тој нема да може да се снајде во англискиот фудбал никогаш повторно и дека мачењето и провокациите од другите противници и подржувачите на ривалските тимови ќе се покаже премногу за него. Во првиот натпревар од неговото повторно враќање тој по само две минути му намести гол на Ники Бат и постигна гол од пенал по фаулот над Рајан Гигс. Осумте месеци бе натпреварувачки фудбал имаа големо влијание врз Кантона и тој се бореше за влегување во форма во период пред Божиќ, а разликата помеѓу лидерот Њукасал Јунајтед и Манчестер беше зголемена на 10 бодови до 24 декември. Стварите тогаш се сменија кога во средината на јануари кога со голот на Кантона против Вест Хем Јунајтед на Уптон Парк започна серијата од 10 победоносни натпревари во лигата. Во втората половина од сезона уште неколку натпревари завршија со резултат 1-0 каде Кантона го постигна единствениот гол и исто така натпреварот кој заврши нерешено (во кој Кантона го постигна изедначувачкиот гол) со Куинс Парк Ренџерс на 9 март. По овој натпревар Манчестер конечно го надмина Њукасал поради гол разликата. Тие останаа на врвот на табелата до крајот на сезоната и сите сомнение за шампионот беа отфрлени на последниот ден од сезоната кога Манчестер го совлада Миделсборо со 3-0 на Риверсајд стадионот со што ја освоија третата титула во последните четири сезони. Во склоп на тоа беше и 1-0 резултатот и истиот голгетер од 1966 година на финалето на ФА купот против Ливерпул кога Кантона стана првиот играч надвор од британските острови којго освои ФА купот како капитен(постојаниот капитен Стив Брус го пропушти натпреварот поради сомнение во неговата физичка подготвеност. Нападот се случи на пет минути пред крајот на мечот и тој гол беше можеби најпознатиот гол во кариерата на Кантона. Корнерот од десната страна му создаде проблеми на голманот на Ливерпул Дејвид Џејмс кој ја избоксува топката. Топката се одби до Кантона кој се имаше повлечено наназад кога пред корнерот да биде изведен и со волеј удар го постигна победоносниот гол. По завршеток на натпреварот Кантона даде интервју изјавувајќи: ,, знаете тоа е живот. Искачување и паѓање”. Манчестер стана првиот тим кој ја освои двојната круна двапати.

сезона 1996–1997[уреди]

Кантона беше потврден како капитен на Манчестер за сезоната 1996-1997 година по заминувањето на Стив Брус во Бирмигам Сити. Кантона го водеше Јунајтед до поголеми успеси заедно со Рајан Гигс и младинци како Дејвид Бекам, Пол Сколс, Ники Бат и Гери Невил кои беа инспирирани од него. Манчестер ја задржа титулата во сезоната 1996-1997. Кантона освои четири премиерлигашки титули во пет година со Јунајтед (шест во седум години вклучувајќи ги тие освоени со Марсеј и Лидс Јунајтед) исклучок е само сезоната 1994-1995 во која тој ја пропушти втората половина од сезоната поради суспензија. На крајот од една општо познато несјајна сезона според неговите стандарди кој беше сочинета од елиминацијата на Манчестер во четврт финалето на УЕФА шампионската лига од Борусија Дортмунд тој објави пензионирање од фудбалот на 30 годишна возраст и оваа одлука беше пречекана со големо незадоволство кај навивачите на Јунајтед. Неговиот последен првенствен натпревар беше против Вест Хем на 11 мај 1997 година а последниот настап беше само пет дена подоцна на 16 мај во сведоштво на Дејвид Буст (играч чија кариера заврши поради добиена повреда во натпреварот со Јунајтед претходната година) против Ковентри Сити на Highfield Road во кој Кантона постигна Кантона постигна два гола а конечниот резултат беше нерешен 2-2. Кантона постигна вкупно 64 лига голово за Манчестер јунајтед, 11 во натпреварите од домашниот куп и пет во Лигата на Шампиони што го доведува до вкупно 80 голови за период помал од 5 години.

по заминувањето[уреди]

Во неговата автобиографија од 1999 година ,,Менаџирање на мојот живот “ Алекс Фергусон тврди дека Кантона го известил за неговата одлука за пензионирање 24 часа пред европскиот настап на Јунајтед, но секако таа одлука не беше кажана во јавност дури и цел месец потоа. Во тоа време постоеја шпекулации за неговата иднина во Јунајтед како и за негово заминување во Реал Сарагоса од Шпанија. Враќајќи се во Британија за да ја земе наградата за прекуморски играч на декадата на 10 Премиерлигашко доделување на награди Кантона за неговото прерано пензионирање изјави: ,, Кога се откажуваш од фудбалот не е лесно, животот ти станува тежок. Јас треба да знам затоа што понекогаш чуствувам дека се откажав премлад. Ја сакам играта но повеќе ја немав страста да одам рано во кревет да неизлегувам со моите пријатели, да не пијам, и да не правам многу други нешта кои ми се допагаа во животот Во 2004 Кантона беше цитирана дека изјавува ,, Јас сум горд затоа што фановите сеуште го пеат моето име, но се плашам дека утре тие ќе престанат. Се плашам затоа што го сакам тоа. Се она што го сакаш се плашиш дека ќе го изгубиш”. Во 2006 весникот ,,Сонце” објави дека Кантона изјавува дека Манчестер Јунајтед ја изгубиле нивната душа и дека сегашните фудбалери се само група овци. Идолот на Олд Трафорд ги ценеше деновите на бунтовни забавувачи како него и Џорџ Бест кои беа веќе поминати и се плашеше дека Црвените ѓаволи вршеа предавство на нивното минато со составување на досадни функционални тимови. Напротив тоа тој беше интервјуиран од ,,Број “ издание на Јунајтед списанието во август 2006 во кое тврди дека тој ќе се врати во Манчестер само како ,,Број 1” (мислејќи дека нема да се врати како помошник менаџер или помошник тренер) и дека ке создаде екипа како никоја друга која ќе игра фудбал како што тој мисли дека треба се игра фудбал. Кантона се спротистави околу презамањето на Манчестер Јунајтед од страна на Глејзер и изјави дека тој нема да се врати во клубот ниту како менаџер додека семејството Глејзер е на чело. Ова беше разочарување за многу навивачи на Манчестер Јунајтед кои гласаа тој да биде идниот избор за менаџер на Јунајтед според анкетата направена летото 2000 година. Во оваа време се сметаше дека Сер Алекс Фергусон ќе се пензионира 2002 година но менаџерот потоа имаше трансплантација на срце и еве ште цела декада потоа сеуште е на чело на клубот. Како и да е во јули 2008 година беше објавено во Sunday Express дека Кантона размислува поинаку , открива близок пријател на Канона: ,, На Ерик му се допаѓа идејата да помага со тренирањето во клуб како Манчестер Јунајтед... тој ужива во појавувањето и режирањето на филмови, во вклученоста во фудбалот на плажа но отсекогаш тпј сакал да придонесе за создавање на екипа во негов стил и знааел дека Сер Алекс Фергусон ќе го охрабри во тоа ”. И покрај неговата изјава дека тој никогаш нема да се врати во Манчестер додека семејството Глејзер е на чело се чини дека тој има и друго размислување.

Францускиот национален тим[уреди]

На Кантона му беше дадено комплетно интернационално деби против Западна Германија во август 1987 од страна на тогашниот менаџер Хенри Мајкл. Во септември 1988 година налутел поради тоа што беше изоставен од националниот тим кантона се обрати кон Мајкл со зборовите ,,вреќа со гомна” во телевизискота интервју по натпреварот и беше суспендиран на неодредено време од сите интернационални натпревари. Но кратко потоа Мајкл беше отпуштен затоа што не успеја да се квалификува за Светското првенство 1990 . Нов тренер беше Мајкл Платини и едно од првите нешта кои ги направи беше повикување на Кантона кој му беше миленик. Тој тврдеше дека Кантона ќе биде избиран се додека игра врвен фудбал. Платини го потикна заминувањето на Кантона во Англија и обновувањето на неговата кариера. Франција се квалификуваше за Европското фудбалско првенство 1992 одржано во Шведска, но не успеа да победи ниту еден меч и покрај напаѓачкиот тандем Кантона Жан Пјер Папин. Платини даде оставката по заврашувањето на финалето и беше заменет со Џерард Хулиер. Под водство на Хулиер Франција не успеа да се квалификува за Светското првенство 1994 година во С.А.Д. по поразот од 2-1 дома од Бугарија и тоа кога дури и нерешен резултат беше доволен. Дејвид Гинола ја загуби топката што доведе до водечкиот гол на Бугарија кој го постигна Емил Костадинов. Кантона по натпреварот беше лут на Гинола . Хулиер даде оставка и на чело дојде Ејми Жаке. Жаке започнал да го преизградува националниот тим во пресрет на подготовките за Европското првенство 96 година и го назначил Кантона за капитен. Кантона останал капитене се до инцидентот Selhurst Park incident во јануари 1995 година. Суспензија што резултираше од овој инцидент хо спречи да игра на интернационалните натпревари. До истекот на суспензија Кантона ја изгуби улогата на играч за врска која беше преземана од друга ѕвезда Зинедин Зидан како што Жаке го измени тимот и внесе свежа крв приспособена за играта на Зидан. Кантона,Папин и Гинола ги изгуби своите места во националниот тим и го пропуштија Европското првенство 96. Постоеја кротик за неизбирањето на Кантона кој играше врвен фудбал во Премиер лигата. Самиот Жаке изјави дека тимот се справува добро без Кантона и дека сака да ја одржи вербата во играчите кои ги донесоа дотука. Одлуката беше отфрлена кога Лес Блеус го освои Светскиот куп 1998 година. До овој ден Кантона сеуште беше одбиван од луѓето кои бе на чело на неговиот национален тим но исто така обожаван во земјата во која играше.на Европското првенство 2004 и ФИФА Светскиот куп 2006 година тој ја подржа Англија а не Франција. Во 1998 Фудбалска лига како дел од вековната прослава го вклучи Кантона во листата на 100легенди на лигата. Достигнувањата на Кантона беа забележени во 20002 година кога тој стана значаен регрут на Англиска фудбалска сала на славата.

Кино,ТВ и музика[уреди]

Наредна кариера на Кантона беше најмногу во француските кина, особено како актер но исто так и како режисер на краткиот филм Apporte-moi ton amour во 2002. Надвор од Франција тој имаше улога на француски амбасадор во филмот Елизабета глумејќи го Кејт Бланшет во 1988. Како гостин актер тој глумеше како мистериозен филозоф во независниот Британски фил ,,Вели Џек” објавен на ДВД во септември 2008 година. Тој глумеше како директор Тиери Гриманд во ,, Француски филм” и беше ко-продуцент и прв главен актер во Ken Loach's Palme D' или номинираниот филм ,,Барајќи го Ерик” и двата објавени во 2009. По пензионирањето од професионалната фудбалска кариера имаше настапи во бројни европски телевизиски реклами, особено за Nike. Кантона се појави во две реклами една како играч на бразилскиот национален тим играјќи фудбал на аеродромот и втората вклучувајќи ги националните тимови на Бразил и Португалија. Во светската рекламна кампања пред Светскиот ФИФА куп 2002 тој започна како организатор на натпревари од ,,подземјето” (брендирани од Nike ,,Шкорпија КО”) помеѓу фудбалски играчи Тиери Анри, Хидетоши Наката, Франческо Тоти, Роналдо, Роберто Карлос и Луис Фиго. Во првите реклами на СК Nike тој се појави играјќи ,,аматерски” фудбал на Hackney Marshes заедно со други ѕвезди како Јан Рајт Стив Мекманаман и Роби Фаулер. Во кампањата на Nike за ФИФА Светското првенство 2006, Кантона се појави како главен водител за организацијата Јога Бонито здржение кое се обидуваше да го елиминира лажирањето во фудбалот. Тој исто така глумеше во рекламата Ирски Евро-милиони. Во 2009 година тој се појави во реклама на британската телевизија за Рено лагуна. Во 2007 година тој имаше улога на говорник во албумот La mécanique du cœur, на францускиот рок бенд Dionysos.

Фудбал на песок[уреди]

Кратко по заминувањето од Манчестер Јунајтед Кантона стана капитен на францускиот национален тим во фудбал на плажа. Кантона имаше континуиран интерес за игрите на песочен фудбал во Западна Азија и во значајниот Kronenbourg фудбал на плажа во 2002 година во градот Бригтон. Тој беше менаџер на францускиот тим кој го освои Светскиот ФИФА куп за фудбал на плажа во 2005 година во Рио де Жанеиро. Тој исто така беше менаџер на францускиот тим во фудбал на плажа на Светскиот ФИФА куп во фудбал на плажа во 2006 година каде го освои третото место. Во 2007 година Кантона беше повторно успешен освојувајќи го четвртото место. За прв пат купот беше одржан во Франција во 2008 година но Кантона не успеа да го доведе тинот во првите четири поради поразот од Италија четврт финалето.

Политичко гледиште[уреди]

Ерик Кантона беше повикан за социјална револуција против банките и охрабрување на корисниците да ги повлечат своите пари од банките на 7 декември 2010 година во знак на протест на глобалната економска криза. Овој предлог тогаш стана основа за интернет кампања барајќи за дејствување на банките.

Статистики во кариерата[уреди]

Клуб Сезона Лига Куп Лига куп Европа друго Вкупно
настапи голови настапи голови настапи голови настапи голови настапи голови настапи голови
Осер 1983–84 2 0 2 0
1984–85 5 2 5 2
1985–86 7 0 1 0 8 0
Мартигуез (позајмен) 1985–86 15 4 15 4
вкупно 15 4 15 4
Осер 1986–87 36 13 36 13
1987–88 32 8 5 1 2 1 39 10
вкупно 82 23 5 1 3 1 90 25
Марсеј 1988–89 22 5 22 5
Бордо (позајмен) 1988–89 11 6 11 6
вкупно 11 6 11 6
Монпелие (позајмен) 1989–90 33 10 8 8 41 18
вкупно 33 10 8 8 41 18
Марсеј 1990–91 18 8 5 1 3 1 26 10
вкупно 40 13 5 1 3 1 48 15
Нимес 1991–92 17 2 2 2 19 4
вкупно 17 2 2 2 19 4
Лидс Јунајтед 1991–92 15 3 0 0 0 0 0 0 15 3
1992–93 13 6 0 0 1 0 5 1 1 3 20 10
вкупно 28 9 0 0 1 0 5 1 1 3 35 13
Манчестер Јунајтед 1992–93 22 9 1 0 0 0 0 0 0 0 23 9
1993–94 34 18 5 4 5 1 4 2 1 0 49 25
1994–95 21 12 1 1 0 0 2 0 1 1 25 14
1995–96 30 14 7 5 1 0 0 0 0 0 38 19
1996–97 36 11 3 0 0 0 10 3 1 1 50 15
Вкупно 143 64 17 10 6 1 16 5 3 2 185 82
Вкупно во кариерата 369 131 36 22 7 1 27 8 4 5 432 161