Машка ракометна репрезентација на Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данска
Податоци
Сојуз Дански Ракометен Сојуз
Тренер Николај Јакобсон
Најмногу натпревари Ларс Кристијансен (338)
Најмногу голови Ларс Кристијансен (1503)
Бои
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Дома
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гости
Резултати
Летни олимписки игри
Настапи 7 (првпат во 1972)
Најдобар резултат 1-во (2016)
Светско првенство
Настапи 23 (првпат во 1938)
Најдобар резултат 1-во (2019)
Европско првенство
Настапи 12 (првпат во 1994)
Најдобар резултат 1-во (2008, 2012)
Последна поднова на податоците: непознато.
Светско првенство во ракомет за мажи 2017
Шведска/ Данска (Група D)
16 јануари 2017.
Машка ракометна репрезентација на Данска
Медали
Олимписки игри
Златен медал - прво место 2016 Рио .
Светско првенство
Златен медал - прво место 2019 Данска/Германија
Сребрен медал – второ место 1967 Шведска
Сребрен медал – второ место 2011 Шведска
Сребрен медал – второ место 2013 Шпанија
Бронзен медал – трето место 2007 Германија
World Outdoor Championship
Сребрен медал – второ место 1948 Франција
Европско првенство
Златен медал - прво место 2008 Норвешка
Златен медал - прво место 2012 Србија
Сребрен медал – второ место 2014 Данска
Бронзен медал – трето место 2002 Шведска
Бронзен медал – трето место 2004 Словенија
Бронзен медал – трето место 2006 Швајцарија

Машка ракометна репрезентација на Данска — државна репрезентација на Данска која ја претставува државата на меѓународните ракометни турнири. Данска се наоѓа на второто место по освоени медали во историјата на Европските првенства во машка конкуренција веднаш по Шпанија, со вкупно шест медали, од кои се два златни медали (2008, 2012), еден сребрен (2014) и три бронзени медали (2002, 2004 и 2006 година). Од јануари 2019 година, Данска е актуелен олимписки и светски шампион.

Историја[уреди | уреди извор]

Ракометарот е втор најпопуларен спорт во Данска, веднаш зад фудбалот. На крајот на 2003 година Данската ракометна федерација имала повеќе од 146,000 активни и пасивни членови.

Светско првенство 2007 година[уреди | уреди извор]

Во 2007 година Данска учествувала на Светското првенство во Германија, каде што се паднала во групата Е против Ангола, Унгарија и нивните соседи Норвешка. Во групната фаза Данска завршила на второто место, по победите против Ангола и Норвешка. Во главната рунда екипата се соочила со Хрватска, Чешка, Русија, Унгарија и Шпанија.

И покрај почетниот пораз против Хрватска, екипата напредувала совладувајќи ги своите последни тројца противници. Во четвртфиналето бил совладан Исланд со 42: 41. Во полуфиналето Данска била поразена од страна на Полска со 36–33. По поразот следувал натпревар за третото место, во кој Данска ја совладала Франција со 34-27, со што го освоила бронзениот медал на турнирот.

Пивотот на Данска, Михаел Кнудсен, бил избран во најдобриот тим на турнирот.

Европско првенство во 2008 година[уреди | уреди извор]

По завршувањето на 3-тото место по три последователни Европски првенства, данската екипа освоила злато на Европското првенство во ракомет за мажи во 2008 година, првенство кое се одржало во соседна Норвешка. Тимот загубил само еден натпревар на патот кон златото, натпревар кој бил жестоко оспорен против домаќинот Норвешка. Данскиот тим ја победил Хрватска со 24-20 во финалето, откако во полуфиналето била поразена Германија. Голманот Каспер Хвид и крилниот играч Ларс Кристијан имале најголема улога во освојувањето на медалот, и двајцата биле избрани во најдобриот тим на турнирот, а Ларс Кристијансен, исто така, станал и најдобар стрелец на турнирот.

Европско првенство во 2010 година[уреди | уреди извор]

Данска како шампион била фаворит да ја задржи титулата. Сепак, тие не успеале, губејќи натпревари против Исланд и Хрватска. Наместо да напредува во главната рунда, Данска го завршила првенството на 5-то место победувајќи ја Шпанија со резултат од 34-27.

Светско првенство во 2011 година[уреди | уреди извор]

На Светското првенство во ракомет за мажи во 2011 година, по победата на 9 натпревари во низа, Данска стигнала до финалето кога претходно во полуфиналето ја победила Шпанија со резултат од 28:24. Ова било првпат по над 44 години, Данска да стигне до финале на Светското првенство. Во финалето Данска загубила од Франција со 35:37 во продолжение. Така, Франција во тој период ги имала освоено сите три главни титули и била европски шампион, олимписки шампион и светски шампион.

Европско првенство 2012 година[уреди | уреди извор]

Данска дошла на Европското првенство во ракомет за мажи во 2012 година како вице-светски шампион и како еден од фаворитите за победа на турнирот. Како и да е, во главната група Данска загубила и од Србија и од Полска, продолжувајќи во главната рунда со нула бодови, имајќи само победа против Словачка. Ова значело дека Данска морала да ги победи сите свои натпревари и во исто време, тие морале да се потпрат на другите резултати за да поминат во полуфиналето. Како по чудо, резултатите од другите натпревари биле во прилог на Данска. Судбината на опстанокот на Данска лежела во Полска, бидејќи Полска морала да победи против Германија за да го одржи опстанокот на Данска на турнирот. По жестокиот и близок натпревар помеѓу Полска и Германија, Полска победила со 33:32. Ова значело дека Данска треба само да ја совлада Шведска во последниот натпревар од главната рунда и да дојде до полуфиналето. Данска ја победила Шведска со голема разлика, 31-24, станувајќи првиот тим како од машка така и од женска страна во историјата на Европското првенство, која дошла до полуфиналето, носејќи нула бодови во главниот круг.

Како и Светското првенство во ракомет за мажи во 2011 година, Данска во полуфиналето се соочила со Шпанија, натпревар во кој Данска победила со 25-24. Во другото полуфинале, домаќинот Србија ја пречекала Хрватска, натпревар во кој Србија победила со резултат од 26-22.

Во натпревар со низок резултат, Данска ја освоила својата втора титула во Европското првенство, откако во финалето ја совладала Србија со резултат од 21-19, со што станала првата ракометна репрезентација што некогаш ја одбранила титулата на европски шампион, носејќи нула бодови во главната рунда.

2013 Светско првенство[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што поминала разочарувачки на Олимписките игри во 2012 година, Данска била меѓу најдобрите тимови кои ја освоиле титулата светски шампион. Како одбрана на европската титула, Данска се паднала во група со Русија, Исланд, Македонија, Катар и Чиле во групата Б. Победувајќи во сите свои натпревари, Данска слободно продолжила во следната фаза каде во 16-финалето се сретнала со Тунис победувајќи го со резултат од 30-23. Во следната фаза Данска стигнала до четвртфиналето каде се сретнала против Унгарија. По доброто прво полувреме, водејќи 18-11, на крај Данска успеала да победи со 28-26, стигнувајќи до полуфиналето по вторпат по ред на овој турнир. Во полуфиналето Данска се сретнала со Хрватска која во својот пат кон полуфиналето, ја совладала Франција како светски шампион. Данска го одиграла својот најдобар натпревар на Светското првенство, победувајќи со 30-24 и го обезбедила второто по ред финале на Светското првенство.

Во финалето, Данска играла против домаќинот, Шпанија. Во финалето Данска го одиграла можеби најслабиот натпревар во нејзината историја, кога била поразена со разлика од рекордни 16 гола.

Европско првенство во 2014 година[уреди | уреди извор]

Како вице-светски шампион и предноста на домашен терен, Данска била меѓу фаворитите за победа на турнирот. Тие ги добиле сите натпревари во прелиминарното коло, како и главната рунда, стигнувајќи до полуфиналето. Данска ја совладала Хрватска со резултат од 29–27, но загубиле од Франција во финалето со 41–32. Ова било вторпат по ред Данска да загуби финале, губејќи претходно од Шпанија на Светското првенство 2013 година.

Светско првенство 2019 година[уреди | уреди извор]

Данска заедно со Германија биле ко-домаќини на Светското првенство во 2019 година и играле во групата Ц со Норвешка, Тунис, Чиле, Австрија и Саудиска Арабија. Данска започнала со победа над Чиле и останала непоразена. Потоа во групата II во главната рунда во првиот натпревар издвојувала победа над Унгарија, исто така непоразена. Победата над седумкратниот светски првак Франција овозможила Данска да се пласира во финалето. Данска ја освоила својата прва титула светски шампион со победа од 31-22 над Норвешка во финалето.

Медали[уреди | уреди извор]

Натпреварување Вкупно
Летни олимписки игри 1 0 0 1
Светско првенство 1 3 1 5
Европско првенство 2 1 3 6
Вкупно 4 4 4 12

Учества[уреди | уреди извор]

     Шампион       2-ро место       3-то место       4-то место  

Олимписки игри[уреди | уреди извор]

Игри Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ ГР
Германија 1936 Берлин Не се квалификувала
Не учествувала од 1948 до 1968
Западна Германија 1972 Минхен Натпревар за 13-то место 13-то од 16 5 2 1 2 78 78 0
Канада 1976 Монтреал Натпревар за 7-то место 8-мо од 11 5 2 0 3 113 127 −14
СССР 1980 Москва Натпревар за 9-то место 9-то од 12 6 2 0 4 124 124 0
САД 1984 Лос Анџелес 4-то место 4-то од 12 6 4 0 2 134 122 +12
Јужна Кореја 1988 Сеул Не се квалификувала
Шпанија 1992 Барселона
САД 1996 Атланта
Австралија 2000 Сиднеј
Грција 2004 Атина
Кина 2008 Пекинг Натпревар за 7-мо место 7-мо од 12 8 3 2 3 225 211 +14
Обединето Кралство 2012 Лондон Полуфинале 6-то од 12 6 4 0 2 146 153 −7
Бразил 2016 Рио Шампион 1-во од 12 8 6 0 2 230 211 +19
Јапонија 2020 Токио Квалификуван
Вкупно 8/14 1 Титула 44 23 3 18 1050 1026 +24

Светско пвенство[уреди | уреди извор]

Светско првенство
Година Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ
Трет Рајх 1938 Полуфинале 4 3 0 0 3 6 20
Шведска 1954 5-то место 5 3 1 0 2 44 45
Источна Германија 1958 Полуфинале 4 6 4 0 2 121 86
Западна Германија 1961 5-то место 5 6 4 0 2 92 78
Чехословачка 1964 7-мо место 7 6 3 0 3 105 96
Шведска 1967 2-ро место 2 6 4 0 2 107 78
Франција 1970 Полуфинале 4 6 3 0 3 103 116
Источна Германија 1974 Втора фаза 8 6 2 0 4 63 78
Данска 1978 Полуфинале 4 6 4 1 1 114 101
Западна Германија 1982 Полуфинале 4 7 4 1 2 150 143
Швајцарија 1986 Втора фаза 8 7 3 0 4 152 160
Чехословачка 1990 Не се квалификувала
Шведска 1993 Втора фаза 9 7 2 2 3 145 156
Исланд 1995 Прва фаза 19 5 2 0 3 126 117
Јапонија 1997 Не се квалификувала
Египет 1999 Шеснаесетфинале 9 6 4 0 2 141 140
Франција 2001 Не се квалификувала
Португалија 2003 Втора фаза 9 7 4 0 3 201 193
Тунис 2005 Прва фаза 13 5 3 0 2 174 117
Германија 2007 Полуфинале 3 10 7 0 3 316 283
Хрватска 2009 Полуфинале 4 10 7 0 3 298 258
Шведска 2011 Финале 2 10 9 0 1 334 256
Шпанија 2013 Финале 2 9 8 0 1 291 244
Катар 2015 Четвртфинале 5 9 6 2 1 272 234
Франција 2017 Шеснаесетфинале 10 6 5 0 1 182 157
ДанскаГерманија 2019 Шампион 1 10 10 0 0 317 223
Египет 2021 Квалификувана
ПолскаШведска 2023 TBD
Вкупно 24/28 1 Титула 155 99 *6 51 3854 3377

Европско првенство[уреди | уреди извор]

Европско првенство
Година Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ
Португалија 1994 4-то место 4 7 3 1 3 150 152
Шпанија 1996 11/12 место 12 6 0 0 6 132 158
Италија 1998 Не се квалификувала
Хрватска 2000 9/10 место 10 6 2 0 4 143 153
Шведска 2002 3-то место 3 8 6 1 1 212 190
Словенија 2004 3-то место 3 8 6 0 2 240 206
Швајцарија 2006 3-то место 3 8 5 1 2 249 231
Норвешка 2008 Шампион 1 8 7 0 1 233 193
Австрија 2010 5/6 место 5 7 5 0 2 198 184
Србија 2012 Шампион 1 8 6 0 2 216 201
Данска 2014 Финале 2 8 7 0 1 247 222
Полска 2016 5/6 место 6 7 4 1 2 194 180
Хрватска 2018 4 место 4 8 5 0 3 235 205
АвстријаНорвешкаШведска 2020 Квалификувана
УнгаријаСловачка 2022 TBD
Германија 2024 TBD
Вкупно 13/14 2 Титули 81 50 4 27 2449 2275

Екипа[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Состав за Светското првенство 2019 година.[1][2]

Натпреварите и головите сè до 27 јануари 2019 година.[3]

Тренер: Николај Јакобсон

Бр. Поз. Име и презиме Датум на раѓање (возраст) Висина Настапи Голови Клуб
1 GK Никлас Ландин 19 декември 1988(1988-12-19)(35 г.) 2.01 m 199 9 Германија ТХВ Кил
4 LW Магнус Јакобсен 20 август 1995(1995-08-20)(28 г.) 1.96 m 52 108 Германија ТХВ Кил
6 LW Каспер Мортенсен 14 декември 1989(1989-12-14)(34 г.) 1.90 m 128 331 Шпанија РК Барселона
10 LB Николај Маркусен 1 август 1988(1988-08-01)(35 г.) 2.12 m 67 141 Данска РК Силкеборг
11 CB Рамус Шмид 20 јуни 1991(1991-06-20)(32 г.) 1.93 m 117 277 Германија РК Фленсбург Хандевит
14 P Андерс Захаријансен 4 септември 1991(1991-09-04)(32 г.) 1.92 m 35 80 Германија РК Фленсбург Хандевит
16 GK Јаник Грин 30 септември 1988(1988-09-30)(35 г.) 1.95 m 123 2 Германија РК Магдебург
17 RW Ласе Сван Хансен 31 август 1983(1983-08-31)(40 г.) 1.85 m 208 482 Германија РК Фленсбург Хандевит
18 RW Ханс Линдберг 1 август 1981(1981-08-01)(42 г.) 1.88 m 263 732 Германија Фихсе Берлин
19 P Рене Хансен 1 ноември 1984(1984-11-01)(39 г.) 2.00 m 142 204 Унгарија РК Веспрем
21 LB Хенрик Молгард 2 јануари 1985(1985-01-02)(39 г.) 1.96 m 145 167 Данска РК Алборг
22 CB Мадс Ларсен 12 август 1991(1991-08-12)(32 г.) 1.88 m 121 229 Германија Рајн-Некар Левен
23 P Хенрик Ларсен 18 декември 1986(1986-12-18)(37 г.) 2.00 m 122 213 Франција РК Париз Сен-Жермен
24 LB Микел Хансен 22 октомври 1987(1987-10-22)(36 г.) 1.92 m 201 979 Франција РК Париз Сен-Жермен
25 CB Morten Olsen 11 октомври 1984(1984-10-11)(39 г.) 1.84 m 89 198 Германија ТСВ Хановер-Бургдоф
26 RW Јохан Хансен 1 мај 1994(1994-05-01)(29 г.) 1.90 m 21 36 Данска РК Силкеборг
31 RB Николај Ниелсен 26 септември 1986(1986-09-26)(37 г.) 1.94 m 34 75 Данска РК Силкеборг
34 P Симон Халд 28 септември 1994(1994-09-28)(29 г.) 2.03 m 25 24 Германија РК Фленсбург Хандевит

Тренерски состав[уреди | уреди извор]

Позиција Име
Главен тренер Данска Николај Јакобсон
Асистент на тренер Данска Хенрик Кронборг
Тимски тренер Данска Кај Јохансен
Тренер на голманите Данска Михаел Брун
Доктор Данска Мортен Сторгард
Физиотерапевт Данска Кристофер Главинд
Физиотерапевт Данска Анја Давид Грив

Статистика[уреди | уреди извор]

# Играч Натпревати Position Години
1 Ларс Кристијансен 338 W 1992–2012
2 Ханс Линдберг 263 W 2003–
3 Бо Спелерберг 245 CB 2000–
4 Михаел Кнудсен 244 P 1999-2014
5 Михаел Фенгер 234 W 1982–1993
6 Ерик Расмусен 233 OB 1980–1994
7 Каспер Нодесбо 223 P 2001–
8 Каспер Хвид 219 GK 1996–2010
9 Андерс Нелсен 209 CB 1973–1984
10 Ласе Сван Хансен 208 W 2003–
11 Микел Хансен 201 OB 2007–
12 Никлас Ландин Јакобсен 199 GK 2001–
13 Каспер Ниелсен 191 D, OB 1995–
14 Јоаким Болдсен 186 CB 1998–2008
15 Мортен Бјере 185 OB 1992–2005
16 Каспер Сондергард 184 OB 2004–2017
17 Андерс Егерт 160 W 2003–
18 Ласе Боесен 159 OB 2000–2012
19 Николај Јакобсен 148 W 1991–2003
20 Рене Тофт Хансен 142 P 2005–

Стрелци[уреди | уреди извор]

# Player Goals Average Position Years
1 Ларс Кристијансен 1503 4.45 W 1992–2012
2 Ерик Расмусен 1015 4.37 OB 1980–1993
3 Микел Хансен 1000 4.9 OB 2007–
4 Михаел Кнудсен 797 3.27 P 1999-2014
5 Ханс Линдберг 732 2.79 W 2003–
6 Андерс Ниелсен 610 2.92 CB 1973–1984
7 Кристијан Хјерминд 595 3.5 W 1994–2005
8 Николај Јакобсен 584 3.95 W 1991–2003
9 Андерс Егерт 581 3.63 W 2003–
10 Михаел Фенгер 541 2.31 W 1982–1993
11 Ласе Сван Хансен 498 2.35 W 2003–
12 Каспер Нодесбо 450 2.02 P 2001–
13 Morten Bjerre 432 2.34 OB 1992–2005
14 Ласе Боесен 406 2.55 OB 2000–2012
15 Јоаким Болдсен 405 2.18 CB 1998–2008
16 Каспер Сондергард 395 2.15 OB 2004–2017
17 Ларс Крог Џепесен 384 2.84 OB 1998–2008
18 Каспер Мортенсен 333 2.6 W 2010–
19 Бо Спелерберг 332 1.36 CB 2000–
20 Каспер Ниелсен 289 1.51 D, OB 1995–

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „18 mand i VM-truppen“. Danish Handball Federation. Архивирано од изворникот на 2018-12-20. Посетено на 19 December 2018.
  2. 2019 World Men's Handball Championship squad
  3. http://www.dhf.dk/landshold/herre-a/truppen/[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]