Историја на Обединетото Кралство
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Историјата на Обединетото Кралство ги опфаќа четрите историографски области Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска. Во 15 век, Велика Британија била една од најголемите сили во тогашниот свет. За време на Големите географски откритија, Велика Британија станала една од најразвиените земји преку своите колонии во новите земји. Буржуаската револуција ја претворила во првата капиталистичка и индустријална држава во светот, станувајќи најмоќна сила во светот и покрај големината на Франција, Германија, Португалија, Шпанија и Холандија. По 1066 година, на тероторијата на Велика Британија не се водела ниту една битка.
[уреди] Почеток
Обединетото кралство е држава која се состои од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Претходно, во нејзиниот состав бил вклучен и Исланд. Обединетото кралство било создадено со Законот од 1801 година, соединувјќи ги калствата на Ирска и Велика Британија. Во почетокот била создадена власт од страна на Англија, кое со текот на времето ги вклучила кнежество Велс, кралство Шкотска и кралство Ирска. Во 1922 година година Слободната ирска држава го напуштила сојузот на Обединетото кралство и од 1927 година се до ден денеска, официјлното име на државата е Обединето кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
[уреди] Бритаска империја
Британската империја била најраспространетото царство во историјата на светот. Настанала во 16 век и траела сѐ до втората половина на 20 век. Во 1921 година, помеѓу 470 и 570 милиони луѓе живееле во царството, односно една четвртина од тогашното население во светот.
[уреди] Обединување со Велс
Велс во текот на средниот век скоро никогаш не бил обединен. Голем дел од својата историја бил под власта на различни кнежества. Кога норманите навлегле на островот, тие завладеале и со Велс. Во 1282 година, Англија успеала да завладее со Велс кога на власт дошол кралот Едвард I. По ова, неговиот син, Едвард II на 7 февруари 1301 година станал велски принц. До ден денеска оваа традиција сè уште е задржана. Од 1536 година, административното и политичкото обединување на Англија и Велс било завршено.
Државата има и два периоди на републиканско управување во 17 век: 1649-1653 и 1659-1660 година. Во 1707 година Англија и Шкотска се соединиле во кралство Велика Британија. Во периодот помегу двете светски војни, силата на Велика Британија ослабала. Национализмот станал многу посилен во некои делови од имеријата, посебно во Египет и Индија.
|
|||||||||||||||||