Економија на Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Економија на Русија
Moscow-City 28-03-2010 2.jpg
Ранг 11-ти / 6-ти (ПКМ)
Валута руска рубља (RUB)
Фискална година календарска година
Трговски организации ЗНД, APEC, EURASEC, Г-20, Г-8 и др.
Статистика
БДП

$1,465 трилиони (2010) - десети [1]

$2,222 трилиони - шесто [2]
Пораст на БДП 4,9% (2011) [3]
БДП по глава на жител

$10.521 (2010) - 54-ти[1]

$15.807 (2010) - 51-ви[1]
БДП по сектор Земјоделство: (4%), индустрија (36.8%), услуги (59,1%) (2010)[4]
Инфлација 7,2% (септември 2011)[5]
Сиромашно население 13 % (2010)
Работна сила 75,55 милиони (2010)
Работна сила
по занимање
земјоделство (10%), индустрија (31,9%), услуги (58,1%) (2008)
Стапка на невработеност 6,7% (ноември 2010)[6]
Просечна нето плата 700 $, месечно (2010)[7]
Водечки индустрии рударство и индустрии за производство на јаглен, нафта, гас, хемикалии, и метали, сите форми на Машинско инжинерство од валавници со високи перформанси авиони и просторни возила; одбранбена индустрија вклучувајќи радар, ракетно производство, како и напредни електронски компоненти, бродоградба ; патничка и железничка транспорта опрема; комуникациска опрема; земјоделски машини, трактори, и градежна опрема, електрична енергија за генерирање и предавателна опрема; медицински и научни инструменти, текстил, прехранбени производи, ракотворби
Ранг според Ease of Doing Business 123-ти[8]
External
Извоз $376,7 милијарди (2010)
Извозни добра нафта и нафтени производи, природен гас, метали, дрво и дрвни производи, хемикалии, и широк спектар на цивилно и воено производство
Главни извозни партнери Холандија 10,62%, Италија 6,46%, Германија 6,24%, Кина 5,69%, Турција 4,3%, Украина 4,01% (2009)
Увоз $237,3 милијарди (2010)
Увозни добра машини, возила, фармацевтски производи, пластика, полуготови метални производи, месо, овошје и ореви, оптички и медицински инструменти, железо, челик
Главни увозни партнери Германија 14,39%, Кина 13,98%, Украина 5,48%, Италија 4,84%, САД 4,46% (2009)
Бруто надворешен долг $471,6 милијарди (2010)
Јавни финансии
Јавен долг 9,5% (2010)
Приходи $202,7 милијарди (2009)
Расходи $301,4 милијарди (2009)
Кредитен рејтинг
Девизни резерви US$502,496 милијарди (2011)[11]
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА
Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари

Економијата на Русија е единаесетта по големина економија во светот според номиналната вредност на БДП и шестата по големина според куповната моќ[1]. Русија има изобилство на природен гас, нафта, јаглен и скапоцени метали.

Русија претрпела значителни промени по распадот на Советскиот Сојуз. Економските реформи во 1990-тите и брзата приватизација, довело до создавање на група од олигарси кои поседувале огромен капитал. Во главниот град, Москва, живеат повеќе милијардери од секој друг град во светот.[12][13]

Кон крајот на 2008 и почетокот на 2009 година, Русија ја доживеала првата рецесија по 10 години од зголемувањето на економијата, се додека додека не бил прикажан раст ан економијата во периодот од 2009 и 2010. И покрај длабоката но кратка рецесија, економијата на земјата не била погодена од Големата финансиска глобална криза во споредба со другите земји од Европа.

Денеска, Русија може да се карактеризира како индустриско-аграрна земја со пазарна економија. Во последните 10 години Русија го одржува големиот економски раст, просечно 7% годишно по големата криза во 1998. БДП се изнесува $ 2,225 трилиони за 2008 година. Според овој показател, пред Русија се наоѓаат Велика Британија, Германија, Индија, Јапонија, Кина и САД. Економскиот раст се базира како на зголемените цени на минерали, нафта и гас на светските пазари, така и на зголемената внатрешна трговија со основни производи. За 2011 просечната плата во Русија е околу $ 709 месечно, кое покажува зголемување за околу осум пати, во споредба со 2000 година, кога била само $80 месечно, за 2009 - $ 621 за 2010 - $ 700.

Сектори[уреди]

Селско стопанство[уреди]

Земјоделството или селското стопанство ги задоволува потребите на земјата со најмногу потребните производи, и зазима 10,2% од БДП. Русија има постигнато аграрна независност. Во земјата се произведува пченица, овес, јачмен, просо, ’рж, пченка, ориз, грашок, шеќерна репка, лен, сончоглед, компир, овошје и зеленчук. Присуството на црничните (черноземни) почви е погодно за развојот на сите видови житни култури. Исто како сите други економски гранки, земјоделството претрпило колапс по распадот на СССР и укинувањето на колективните фарми, но лесно достапните кредити за земјоделците и брзиот развој на економијата помагнале за активно враќање на земјоделската дејност.

Во Русија е развиено и сточарството. Во земјата се одгледуват говеда, свињи, кози, северни елени, птици и слично. Како целина земјоделството е со релативно ниска продуктивност, но се забележува напредок во последниве години.

Индустрија[уреди]

Руската Федерација располага со огромни резерви на сите видови минерали и минерали. Во земјата се преработува злато, сребро, платина, железна руда, боксит, бакар, никел, олово, цинк, калај, волфрам, молибден, жива, фосфорити, скапоцени камења и др. Русија се наоѓа на првото место во светот според производство и преработка на дијаманти. Околу 10% од населениете, квалификувано за оваа дејност е вработено во областа на металургијата. Металуршките дејности обезбедуват доволно суровини за целосен развој на сите видови индустриски гранки.

Исто така, во земјата е развиена хемиската индустрија, иновирање на машини (воени и вселенски, индустриска опрема, морски и речни бродови, авиони, автомобили, автобуси, трактори и други земјоделски машини, електроника и електротехника, атомски реактори, железнички вагони и локомотиви и др.)

Енергетика[уреди]

Русија е енергетска суперсила и ги поседува најголемите резерви на природен гас во светот. Русија исто така поседува и големи нафтени резерви. Според ова, најголема обработка во земјата е нафтата (13% од светските резерви, 306 милиони тони годишно производство), природниот гас (36,4% од светските резерви, 571 милијарди м3, годишно) и јагленот (245 милиони тони годишно).

Еден од најголемите потрошувачи на руски гас е Европа, која која се снабдува со гас преку гасовод. Некои земји, како Бугарија и Финска, употребуваат гас само од Русија. Кина, Јужна Кореја и Јапонија од своја страна се едни од најголемите потрошувачи на руската нафта. Во земјата постојат 11 нуклеарни централи со вкупно 32 нуклеарни реактори. Во 2005 година капацитетот на нуклеарните реактори бил вкупно 21,244 гигавати. Во истата година вкупното производство на електрична енергија изнесувала 951 теравати, и според овој податок Русија се наоѓа на четврто место во светот. Русија располага и е на второ место според оваа категорија со јаглен, чија вредност е околу 157 милијарди тони. Геотермална енергија исто така е развиена, особено во Далечниот Исток и Камчатка. Во 2003 година, руската влада одобрила нова енергетска стратегија, со цел модернизација, подобрување на ефикасноста на мрежата, намалување на штетата врз животната средина и постигнување на одржлив развој до 2020 година.

Одбранбена индустрија[уреди]

Одбранбена индустрија на Русија вработува околу 3 милиони луѓе, или околу 20% од работните места во земјата.[14].Русија се наоѓа на второто место во светот според приходите од извоз на оружје и прва според бројот на склучените договори за испорака на оружје[15].Рособоронекспорт е главната компанија која го извезува оружјето. Во 2010 година, вкупниот руски извоз на оружје изнесувал 10 милијарди долари.

Авионска индустрија[уреди]

Производството на авиони претставува важен индустриски сектор во Русија, кој сектор вработува околу 355.300 луѓе. Овој вид на производство на меѓународно ниво нуди воени авиони од типот Миг-29 и Су-30. Покрај тоа, овој сектор произведува над 141 хеликоптер. Производството и вредноста на на овој сектор далеку ги надминува другите индустриски сектори, и производството на авиони сочинува повеќе од половина од извозот на оружје во земјата[16].

Вселенска индустрија[уреди]

Вселенскиот сектор се состои од повеќе од 100 компании и вработува 250.000 луѓе[17]. Поголемиот дел од овие компании се наследници на советските компании. Овој сектор влегол во голема економска криза по распаѓањето на Советскиот Сојуз, Финансирањето на вселенската програма се намалила за 80% и индустријата загубила голем дел од својата работна сила, додека подемот започнал во раните 2000-ти.

Автомобилска индустрија[уреди]

Автомобилското производство претставува значаен дел од руската економија, каде се вработени околу 600,000 луѓе или околу 0,7% од вкупниот број на вработени во земјата. Покрај овој процент, околу 3 милиони луѓе се вработени во сродни претпријатија поврзани со автомобилската индустрија. Во 2010 година, Русија се наоша на 15 место во светот според производството на автомобили во 2010 година, и зазима 7% од вкупното светско производство. Во текот на 2009 година биле произведени 595,807 лесни возила, што претставувало намалување на процентот во однос на 2008 година кога биле произведени 1,469,898 лесни возила. Сето ова се должело на глобалната финансиска криза која го зафатила секој сектор како во земјата така и во светот.

Лесни возила[уреди]

Најголеми компании за производство на лесни возила се АвтоВаз и ГАЗ, додека КАМАЗ е водечки производител на тешки возила. АвтоВаз има вработено околу 130,000 луѓе, а моделите на Лада доминираат на рускиот пазар. Производството на АвтоВаз зазема околу 50% од вкупното руско производство на автомобили.[18]. Втор најголем производител на автомобили е Автотор, чие седиште се наоѓа во Калинградска област. Оваа компанија произведува странски модели како Kia Motors, BMW, General Motors и Chevrolet. Во 2009 година, Автотор имал производство од 60,000 автомобили, односно 10% од руското производство на автомобили[18]. Автофрамос е трет по големина производеител на автомобили, со околу 49,500 во 2009 година. Компанијата е во заедничка сопственост на Renault и московската градска администрација[18].

Тешки возила[уреди]

КАМАЗ е најголемата компанија за производство на тешки возила. Во 2010 година биле продадени вкупно 32,293 камиони, од кои 28,254 биле во земјата а 4,039 во странство[19].

Друга голема компанија од ваков тип е ГАЗ, која произведува комбиња, камиони и автобуси. Најпопуларен производ на компанијата е ГАЗЕЛА. Во автобускиот сектор, компанијата зафаќа 77% од вкупниот број на произведени автобуси во земјата. Годишно се продаваат по 6,169 автобуси со мала класа, 1,806 со средна и 1,156 со голема класа[20].

Телекомуникации[уреди]

Русија била меѓу првите земји кои го вовеле радиото и телевизијата. Главно поради огромната територија на земјата, Русија води во светот според бројот на телевизиски станици и репетитори. Во времето на Советскиот Сојуз постоеле само неколку телевизии и радија, за да по неговиот распад започне да се отвара огромен број на приватни и државни телевизии и радиостаници.

Во текот на телекомуникациската историја во земјата, самиот систем бил подложен на значајни промени во текот на 1980-тите години кое резултирало со добивање на дозвола на повеќе од 1,000 компании да започнат да ги нудат своите телекомуникациски услуги Фондацијата за либерализација на емитувањето била потпишана со декрет од страна на претседателот на СССР во 1990 година. Комуникациските политики во земјата главно се регулираат според законот за телекомуникации и федералниот закон за медиуми.

Телефон[уреди]

Во денешно време, телекомуникациите претставуваат еден од најважниот дел во животото на земјата. До крајот на 1991 година, единствениот фиксен телефонски оператор во земјата бил Министерството за комуникации на СССР. Во 2007 година имало околу 5 милиони линии во Русија[21]. Во 2006 година во земјата делувале околу 300 оператори. Во 1995 година, во земјата имало околу 25 милиони телефонски линии, а во 2007 година имало 161 милион мобилни линии.

Во Русија постојат три мобилни оператори кои ја покриваат целата земја: Beeline, Megafon и Mobile TeleSystems. Во мај 2008 година била воведена 3G модилна операција во Санкт Петербург, во Казан во јуни истата година. До 2010 година 3G мрежите биле опфатени главно во поголемиот дел од Русија.

На април 2011 година MegaFon вовел High Definition говорни услуги на своите корисници во Москва и Сочи. Како главен снабдувач на основни и пристапни мрежи на MegaFon е Nokia Siemens Networks.

Радио[уреди]

Радио Русија е една од најголемите радиостаници во земјата.

Телевизија[уреди]

Во земјата постојат голем број на телевизиски станици. Дел од нив се под контрола на државата, а дел се во приватна сопственост. Двете државни и приватни станици имаат национален статус, поради нивната покриеност со над 70% од територијата на Русија. Историски гледано, во 1980-тите имало околу 75 милиони домакинства кои имале сопствени телевизори за разлика од денес каде овој процент е околу 93. Во земјата исто така постојат околу 15,000 телевизиски предаватели. НТВ претставува комерцијален канал, и е во сопственост на Гаспром-медија, подружница на Газпром каде државата поседува 50,002%. Овие три канали често се критикувани поради тоа што наводно биле пристрасни кон партијата Обединета Русија и претседателската администрација на Русија. Тие се критикуваат главно за обезбедување на непропорционално и некритично промовирање на Обединета Русија и нивните кандидати. Каналите сепак, обезбедуваат бесплатно емитување на сите опозициски кандидати на изборите.

Интернет[уреди]

Според анкета спроведена во март 2007 година, околу 25% од населението на Русија користи интернет.[22]. Во последните години, интернетот во земјата бележи многу поголем процент на користење. 42 /5 од интернет корисниците пазаруваат на интернет, 38% пак го користат како е-банкинг услуга[23].

ИТ пазар[уреди]

ИТ пазарот е еден од најдинамичните сектори на руската економија. Извозот на рускиот софтвер се зголемил од само $ 120 милиони евра во 2000 до 1,5 милијарди долари во 2006 година. Од 2000 година ИТ пазарот покажал стапка на раст од 30-40 проценти годишно, пораст од 54% во 2006 година. Најголемат сектор во однос на приходите е мрежната интеграција, со 28,3% од вкупниот пазар на приходите. Во меѓувреме, најбрз растечки сегмент на ИТ пазарот е оф-шор програмирање.

Транспорт[уреди]

Русија има обемна и добро развиена транспортна мрежа. Државната железничка компанија (Российские железные дороги) е една од најголемите во светот со над 1,2 милиони вработени, и е монопол во железничкиот транспорт во земјата. Железничките линии на Руската Федерација се со вкупна должина од 87,157 километри, на второто место во светот по САД. Транссибирската железница е исто така една од најдолгите линии во светот. Најдолгите железнички правци во светот - Киев-Владивосток и Москва-Пјонгјанг користат транссибирска железничка линија. Преку овој вид на сообраќај, Русија е поврзана со Финска, Естонија, Литванија, Латвија, Полска, Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Монголија и Северна Кореја. Има предлог за изградба на директна врска и со Норвешка и Шведска. Седум градови имаат метро - Москва, Санкт Петербург, Нижни Новгород, Новосибирск, Самара, Екатеринбург и Казањ.

Вкупната должина на патната мрежа изнесува 933,000 km од кои 754,984 km се асфалтирани. Бројот на сообраќајни несреќи е многу висок, но според бројот на жители, тој е помал во споредба со Кина, Индија и САД. Низ целата земја постојат 1,260 аеродроми и 47 вертолетни терени. Аерофлот е главниот авиопревозник и една од најстарите авиокомпании во светот, основана во 1923 година. Трговската флота изнесува 1,074 бродови. Водните патишта на Русија се со должина од околу 102,000 km.

Должината на гасоводите е близу 160,000 km, на нафтоводот - 75,000 km. Има и цевководи за други видови на производи со вкупна должина од над 14,000 km.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 {{url=http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2010/01/weodata/weorept.aspx?sy=2007&ey=2010&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=922&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=61&pr.y=10%7Ctitle=Russia%7Cpublisher=International Monetary Fund|accessdate=1 October 2009}}
  2. „GDP PPP“. World Bank. http://siteresources.worldbank.org/DATASTATISTICS/Resources/GDP_PPP.pdf. конс. 29 септември 2010. 
  3. http://english.ruvr.ru/2011/05/26/50861401.html
  4. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2012.html
  5. http://www.freshplaza.com/news_detail.asp?id=86920
  6. CEE Market
  7. http://top.rbc.ru/economics/30/03/2011/568417.shtml
  8. „Doing Business in Russia 2010“. Светска банка. http://www.doingbusiness.org/ExploreEconomies/?economyid=159. конс. 20 август 2010. 
  9. „Sovereigns rating list“. Standard & Poor's. http://www.standardandpoors.com/ratings/sovereigns/ratings-list/en/eu/?subSectorCode=39. конс. 26 мај 2011. 
  10. 10,0 10,1 10,2 How Fitch, Moody's and S&P rate each country's credit rating“, „The Guardian“, 15 април 2011 (конс. 28 мај 2011).
  11. „International Reserves and Foreign Currency Liquidity - RUSSIAN FEDERATION“. International Monetary Fund. 28 април 2011. http://www.imf.org/external/np/sta/ir/IRProcessWeb/data/rus/eng/currus.htm. конс. 31 мај 2011. 
  12. http://ca.finance.yahoo.com/news/Cities-most-billionaires-2011-forbeswp-1003887367.html?x=0
  13. http://english.ruvr.ru/2011/05/11/50150226.html
  14. „Russian defense industry production up 2.5% in 1Q09“. RIA Novosti. 2 јуни 2009. http://en.rian.ru/russia/20090602/155148607.html. конс. 2 јуни 2009. 
  15. Russian arms exports exceed $8 bln in 2008“, RIA Novosti, 16 декември 2008 (конс. 6 јануари 2010).
  16. Manturov, Denis (2009). „Prospects for the Domestic Aircraft Industry“. „Military Parade“ (4): 8–9. http://dlib.eastview.com/browse/doc/20573392. 
  17. Ionin, Andrey. „Russia’s Space Program in 2006: Some Progress but No Clear Direction“. „Moscow Defense Brief“ (Centre for Analysis of Strategies and Technologies) (2(#8)). http://mdb.cast.ru/mdb/2-2007/item1/item3/. 
  18. 18,0 18,1 18,2 Russia's car sector stalls, but foreigners still investing“, Russia Beyond the Headlines, 5 јуни 2010.
  19. KAMAZ in January“, KaMAZ, 1 јануари 2011.
  20. „GAZ Group Annual Report 2009“. GAZ Group. 2010. http://eng.gazgroup.ru/investor/gaz/annual-report/2009eng/. 
  21. Internet usage statistic
  22. Project "The Internet in Russia/Russia on the Internet". 18th Release. Winter 2006-2007 — FOM 23.03.2007, Population Poll
  23. “Интернет-услуги в России”, GfK Press Release, March 2010

Надворешни врски[уреди]