Дијана (принцеза од Велс)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дијана
Принцеза од Велс; Војвотка од Ротси; Војвотка од Корнвол и др.
Princess Diana, Bristol 1987.jpg
Принцезата Дијана во Бристол (1987)
Сопружник Чарлс, принц од Велс
(29 јули 1981, разв. 1996)[1]
Деца
Принц Вилијам, војвода од Кембриџ
Хари, принц од Велс
Полно име
Дијана Френсис
Династија Виндзор
Татко Џон Спенсер, XVII Ерл Спенсер
Мајка Френсис Шанд Кид
Роден(а) 1 јули 1961(1961-07-01)
Парк Хаус, Сендригем, Норфолк
Починал(а) 31 август 1997(1997-08-31) (на 36 год.)
болница „Питје Салпетриер“, Париз, Франција
Почивалиште Олторп, Нортхемптоншир

Дијана, принцезата од Велс (англ. Diana Francess of Whales, родена на 1 јули 1961 - 31 август 1997 година) беше член на британското кралско семејство и меѓународно позната личност кон крајот на 20 век, како прва жена на Чарлс, принцот од Велс, со кого се омажи на 29 јули 1981 година. Свадбата која се одржа во катедралата на Св.Павле беше телевизиски емитувана и гледана од страна на светска публика од околу 750 милиони луѓе. Во бракот добија два сина, принцовите Вилијам и Хари, кои во моментот се втор и трет во редот за наследување на кралскиот престол на 16 - от Комонвелт. Дијана беше родена во старо англиско аристократско семејство со благородничко потекло, стана јавна личност уште од денот на објавувањето на нејзината свршувачка со принцот Чарлс и остана во фокусот на вниманието на светските медиуми пред, за време и по бракот кој заврши со развод на 28 август 1996 година. Вниманието на медиумите продолжи и по нејзината смрт во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година во Париз заедно со нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол (телохранителот на Ал-Фајед, и единствен преживеан во сообраќајната несреќа беше Тревор Рис-Џонс) како и прикажувањето на јавното жалење по трагично загинатата принцеза една недела подоцна. Современите одговори за нејзиниот живот и наследство се измешани, но интересот за омилената принцеза опстојува. Дијана исто така доби признание за нејзината добротворна работа, како и за нејзината поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини. Од 1989 година таа беше претседател на болницата за деца Ормонд Стрит.

Рани години[уреди]

Марка на Македонски Пошти по повод 50 години од раѓањето на принцезата Дијана (ФДЦ 5/2011, 12 април 2011)

Дијана Френсис Спенсер е родена во Парк Хаус, Сандрингам во Норфолк (Norfolk) Англија, како најмлада ќерка на Џон Спенсер, Виконт Олторп (подоцна 8-ми Ерл Спенсер) и неговата прва жена Френсис Спенсер, Виконтеса Олторп (претходно Почитувана Френсис Бурк Роше, подоцна Френсис Шанд Кид). Нејзиниот татко бил со британско потекло и се вбројува меѓу неговите предци како Прв Војвода од Марлборо. Нејзината мајка, која била со англиско и ирско потекло, била ќерка на Четвртиот Барон Фермој. Дијана има помал брат Чарлс, и две постари сестри, Сара и Џени. Таа била крстена на 30 август 1961 година во црквата света Марија Магдалена од Високопреосветениот Перси Херберт (пастор на црквата и поранешен епископ во Норвич и Блекбурн), со кумови кои го вклучуваат Џон Флојд (претседател на Кристи) Дијана имала осум години кога се развеле нејзините родители во 1969 година, по многу лутина и како резултат на аферата на нејзината мајка со оженет маж. На почетокот, нејзината мајка ги зела Дијана и нејзиниот помал брат да живеат заедно во стан во Лондонскиот Најтсбриџ, каде што Дијана посетувала часови во локалното училиште. Сепак, по судската расправа (таткото на Дијана добил старателство над децата) на која мајката на Френсис, барницата Фермој ја окарактеризирала сопствената ќерка како несоодветна мајка. таткото на Дијана го добил старателството над децата. Набргу потоа, по разводот на нејзиниот љубовник од неговата сопруга, Френсис се мажи за него и се преселува на островот Сеил, на западниот брег на Шкотска. Оттогаш, Дијана и нејзините сестри биле под старателство на нивниот татко, но често ја посетувале и мајка си. Подоцна, во 1976 година нивниот татко ги следел стапките на нивната мајка со тоа што имал афера со мажена жена - Рајна, грофицата од Дармут, ќерка на Александар МекКокордејл и Барбара Картланд. Тој подоцна се оженил со Рајна откако таа и нејзиниот сопруг се развеле. Ниту еден од родителите на Дијана немал деца од нивниот втор брачен другар. Дијана и нејзините сестри не се согласувале добро ниту со нивната мајка ниту со нивниот очув. Од страна нанејзиниот татко, таа се смета за потомок на преку четири незаконски сина на кралот Чарлс Втори на Англија.

  • Хенри Фицрој, Прв Војвода од Графтон, син на Барбара Вилиер Прва Војвотка на Клевленд
  • Чарлс Ленокс, Прв Војвода на Ричмонд и Ленокс, син на Луис Де Керуал
  • Чарлс Беклерк, Прв Војвода на Сент Олбанс, син на Нел Гвин

Таа исто така се смета за потомок на Кралот Џејмс Втори од Англија преку неговата вонбрачна ќерка, Хенриета ФицЏејмс, од страна на неговата љубовница Арабела Черчил. Од страна на нејзината мајка, Дијана беше ирка и шкотланѓанка, како и потомок на американската наследничка Френсис Ворк, баба и истоименичка на нејзината мајка, од која потекнува значајното богатство на Рош. Спенсерови со векови беа блиски со Британското Кралско семејство, близина која била во корист на кралското семејство за време на 17 век. Рут - мајката на баба и на Дијана, била долгогодишна пријателка и дворска дама на Кралицата Елизабета, мајка на Кралицата Елизабета Втора. Нејзиниот татко работел како кралски слуга на кралот Џорџ Шести и на Кралицата Елизабета Втора.

Образование[уреди]

Дијана прво се школувала во школото Сифилд Скул, Кингс Лин, Норфолк, потоа во Ридлсворт Хол во Хорфолк и во училиштето за девојчиња Вест Хит (подоцна познато како Новото школо во Ветс Хит). Во Севенокс, Кент кадешто беше оценета како лош студент два пати обидувајќи се и притоа не успевајќи да го добие општиот сертификат за образование. Нејзиниот извонреден дух на заедништво беше признат со награда од Вест Хит. Во 1977 година, на 16 годишна возраст таа заминува од Вест Хит и кратко време го посетува Институтот Алпин Видеманете, и приватниото училиште во Ружмон во Швајцарија. Во тоа време, таа за првпат го среќава нејзиниот иден сопруг кој тогаш се забавувал со нејзината најстара сестра Леди Сара. Дијана, во тој период бриљирала во пливање и нуркање и копнеела да биде професионална балерина во Кралскиот Балет. Иако одредено време му била посветена на балетот, нејзината висина од 1,78 м не и дозволувала да се занимава со таа професија. Дијана се преселила во Лондон пред да наполни 17 години и живеела во зградата на нејзината мајка бидејќи во тој период мајка и поголемиот дел од годината го поминувала во Шкотска. Набргу потоа, како подарок за нејзиниот 18 роденден и бил купен станот во вредност од 50 илјади фунти во Колерне Корт на Еарл Корт.Со своите три состанарки живеела таму се до 1981 година. На предлог на нејзината мајка, во Лондон посетувала и напреден курс за готвење, иако ниикогаш не станала вешта готвачка. Во прво време работи како инструктор по танцување за млади, се до несреќата која и се случила за време на скијање и која предизвикала таа да отсуствува три месеци од нејзината работа. Потоа, наоѓа вработување како помошник во забавиште (претшколска настава), чисти за нејзината сестра Сара и неколку нејзини пријателки и работи како хостеса на забави. Дијана исто така некое време работела и како негувателка за едно американско семејство кое живеело во Лондон.

Врската со Принцот од Велс[уреди]

Принцот Чарлс ја познавал Дијана неколку години, но тој за првпат сериозно се заинтересирал за неа како идна невеста во летото 1980 година, кога биле на викенд во природа, каде што таа го гледала додека тој играл поло. Нивната врска почнала да се развива кога тој ја поканил на едрење до Коус со Кралската јахта Британиа, проследено со покана до Балморал (шкотската резиденција на Кралското семејство) за да се запознае со неговото семејство. Таму Дијана била добро примена од Кралицата Елизабета Втора, од Принцот Филип, Војвода од Единбург и од Кралицата мајка. Подоцна двојката ја одржуваше врската во Лондон. Принцот и предложи брак на 6 февруари 1981 година и Дијана прифати, но нивната свршувачка била чувана во тајност некоку недели.

Дијана,принцезата од Велс на Канскиот филмски фестивал".

Свршувачка и венчавка[уреди]

Нивната свршувачка стана официјална на 24 февруари 1981 година откако Дијана одбра голем прстен од 30,000 фунти, во денешни услови 85,700 фунти, кој се состоел од еден сафир, опкружен со 14 дијаманти, сличен на свршеничкиот прстен на нејзината мајка. Прстенот бил направен од тогашниот кралски златар Герард, но невообичаено за еден член на кралското семејство е тоа што прстенот не бил уникатен и во тоа време се наоѓал во златарската колекција на Герард. Подоцна прстенот беше употребен како свршенички прстен на Кејт Мидлтон, во 2010 година свршеничка на принцот Вилијам, најстариот син на принцезата Дијана. Дваесетгодишната Дијана стана Принцеза од Велс кога се омажи со Чарлс на 29 јули 1981 година во Катедралата Свети Павле која понуди повеќе места за седење од Вестминистерската опатија која најчесто се користи за Кралски венчавки. Свадбата беше долго најавувана како “венчавка од бајките“ гледана од страна на светска телевизиска публика од 750 милиони, додека 600,000 луѓе излегоа на улиците да ја видат Дијана на пат кон местото на свеченоста. Пред олтарот Дијана случајно го смени редоследот на првите две имиња на Чарлс велејќи Филип Чарлс Артур Џорџ наместо Чарлс Филип Артур Џорџ. Таа не кажа дека ќе го “почитува него“ - оваа традиционална заклетва беше изоставена на барање на двојката која во тоа време предизвика многу коментари. Дијана носеше фустан во вредност од 9.000 фунти со 25 стапки (8 метри во должина). Свадбената торта на двојката беше направена од белгискиот шеф слаткар С.Г.Сендер, кој беше познат како “кралски слаткар“.

Деца[уреди]

На 5 ноември 1981 година официјално беше најавена првата бременост на принцезата и таа отворено разговараше за нејзината бременост со новинарите. Во приватното крило Линдо на болницата Св.Богородица во Бадингтон, на 21 јуни 1982 година. Дијана го роди нејзиниот и на принцот Чарлс прв син и наследник, Принцот Вилијам од Велс. И покрај некои медиумски критики, таа одлучи да го земе Вилијам иако сеуште бебенце на нејзиното прво големо патување до Австралија и Нов Зеланд. Но нејзината одлука беше општо поздравена. Како што подоцна призна и самата, Дијана на почетокот не планирала да го земе и Вилијам со себе, се додека тоа не и било предложено од страна на австралискиот премиер. Вториот син Хари е роден околу две години по Вилијам, на 15 септември 1984 година. Дијана потврди дека таа и принцот Чарлс биле најблиски во текот на нејзината бременост со „Хари“, како што подоцна беше наречен помалиот принц. Таа знаела дека и нивното второ дете ќе биде момче, но оваа информација не ја споделила со никого, вклучувајќи го и принцот Чарлс. За целиот свет таа беше посветена и грижлива мајка. Таа ретко се покоруваше на принцот Чарлс или пак на кралското семејство и често беше непопустлива кога стануваше збор за децата. Таа ги одбра нивните имиња, се спритивстави на кралскиот обичај на обрежување, ја отпушти кралската дадилка и ангажираше друга по нејзин избор, покрај изборот на училиште и облека таа ги планираше нивните излети и ги земаше од училиште толку често колку што и дозволуваа обврските. Таа исто така преговараше и околу нивниот распоред за нејзините јавни должности.

Добротворна работа[уреди]

И покрај тоа што во 1983 година таа му се довери на Брајан Пекфорд, премиер на Њуфаундлед: јас тешко се соочувам со притисокот да се биде Принцезата од Велс, но учам да се справам со тоа“, од средината на осумдесеттите години Принцезата од Велс беше поврзувана со многубројни добротворни активности. Како Принцезата од Велс од неа се очекуваше да посетува болници, училишта итн. како пример на кралско покровителство. Дијана покажа голем интерес за сериозни болести и прашања поврзани со здравјето кои не спаѓаат во доменот на традиционалното кралско учество, вклучувајќи ги сидата и лепрата. И покрај тоа, Принцезата беше покровител на добротворни работи и организации кои работат со бездомници, млади луѓе, зависници од дрога и постари лица. Таа беше претседател на болницата за деца Грејт Ормонд Стрит од 1989 година. За време на нејзината последна година од животот, Дијана придонесе за видлива поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини, кампања која ја освои Нобеловата награда за во 1997 година по нејзината смрт.

Проблеми и развод[уреди]

Во текот на раните деведесетти години се распадна бракот на Дијана и Чарлс - настан кој на почетокот беше потиснат, а потоа предизвика сензација во светските медиуми. Како што се тврди, принцот и принцезата Велс зборувале со новинарите преку нивните пријатели, секој од нив го обвинувал другиот за пропаѓањето на бракот. Хронологијата на распадот идентификува проблеми меѓу Чарлс и Дијана уште во 1985 година. Во текот на 1986 година Принцот Чарлс се враќа кај неговата поранешна девојка Камила Шант, подоцна позната како Камила Паркер-Боулс, сопруга на Ендру Паркер-Боулс. Оваа афера била разоткриена во мај 1992 година, со објавувањето на “Дијана: Нејзината вистинска приказна“ од Ендру Мортон. Книгата која предизвика медиумска бура исто така ги изнесува на виделина околностите за наводната самоубиствена несреќа на Дијана. Ова објавување беше проследено со објавување на снимки од телефонски разговори кои негативно се одразија на двата кралски противници во текот на 1992 и 1993 година. Записите од снимените интимни разговори меѓу Дијана и Џејмс Гилбеј беа објавени во венсикот Сан во Британија во август 1992 година. Насловот на статијата “Скуџи гејт“ (Мек премин) го посочи нежниот прекар на Гилбеј за Дијана. Во ноември 1992 година на површина излегоа снимки, тн. “Камилагејт“ (алузија на Вотергејт) кои претставуват размена на интимности меѓу Чарлс и Камила, а беа објавени во весниците Тудеј и Мирор. Во меѓувреме на површина почнаа да излегуваат гласини за врската на Дијана со Џејмс Хјуит, нејзин поранешен инструктор по јавање, по што тој излезе во јавност со објавувањето на “Вљубената принцеза“ во 1994 година.Во декември 1992 година, премиерот Џон Мајер го соопшти “пријателскиот развод“ на Долниот Дом и целосните снимки за „Камилагејт“ беа објавени во весниците еден месец подоцна, во јануари 1993 година. На 3 декември 1993 година, Дијана го најави нејзиното повлекување од јавниот живот. Чарлс побара јавно разбирање преку телевизиско интервју со Џонатан Димблби на 29 јуни 1994 година. Во ова интервју тој ја потврди неговата вонбрачна афера со Камила велејќи дека тој само ги разбудил нивните дружења од 1986 година, откако неговиот брак со Принцезата од Велс неповратно се распаднал. Додека ја обвинуваше Камила Паркер-Боулс за нејзините брачни проблеми, во еден момент Дијана почна да верува дека Чарлс имал и други афери. Во октомври 1993 година, Дијана и напиша писмо на една пријателка дека верува дека нејзиниот сопруг е вљубен во Тиџи Леџ-Бург и дека планира да се ожени со неа. Тиџи Леџ-Бург била ангажирана од страна на принцот Чарлс додека тие биле чувани од него, како млада платена дадилка за неговите синови, а Дијана била крајно огорчена кон Леџ-Бург и нејзиниот однос со младите принцови.

Развод[уреди]

Дијана беше гостин на БиБиСи Панорама од страна на новинарот Мартин Вашир во интервју кое беше емитувано на 20 ноември 1995 година, и во кое Дијана за Хјуит вели: “Да, јас го сакав. Да, јас го обожавав“. За Камила таа тврди: “во тој брак бевме тројца“, додека за себе Дијана изјави “јас би сакала да бидам Кралица на срцата на луѓето“. За тоа колку Чарлс е соодветен за кралствување таа вели: “Бидејќи јас му го познавам карактерот, би помислила дека „главната работа“ како што јас ја нарекувам ќе му наметне големи ограничувања и не знам дали тој би можел да се прилагоди на тоа“. Во декември 1995 година, Кралицата побара од Чарлс и Дијана “побрз развод“, како директен резултат од интервјуто на Дијана за Панорама. Ова следеше кратко време по обвинувањето на Дијана дека Тиџи Леџ-Бург абортирала дете од Чарлс, а по оваа изјава Леџ-Бург побарала извинување преку Питер Сартер-Рук. Два дена пред да се прекине оваа приказна, Патрик Џефсон, секретарот на Дијана поднесе оставка, подоцна пишувајќи дека ёдијана била “воодушевена од нејзиното обвинување дека Леџ-Бург имала абортус“. На 20 декември 1995 година Бакингамската палата јавно објави дека Кралицата им испратила писма на Чарлс и Дијана советувајќи ги да се разведат. Овој потег на Кралицата бил поддржан од страна на премиерот и од постариот Личен советник на Кралицата и според БиБиСи се решиле на овој потег по двонеделни разговори. Принцот Чарлс веднаш се согласил со предлогот. Во февруари Дијана го најави нејзиното согласување по преговорите со принцот Чарлс и претставниците на Кралицата, иритирајќи ја Бакингамската Палата со објавување на нејзино соопштение за договор за развод како и неговите услови. Разводот беше завршен на 28 август 1996 година. Дијана доби исплата на голема сума на пари од околу 17 милиони фунти заедно со член (клаузула) стандарден за кралски разводи кои спречуваат таа да зборува за деталите. Неколку дена пред судската одлука за развод, издадени се патентно писмо и општи правила за регулирање на кралските титули по разводот. Имајќи го предвид фактот дека таа не беше повеќе омажена со принцот Чарлс, Дијана го изгуби називот Нејзиното кралско височество и наместо тоа беше нарекувана Дијана Принцезата од Велс. Бакингамската Палата на денот на судската одлука за развод испрати соопштение до медиумите, соопштувајќи за промената на титулата на Дијана. Бакингемската Палата изјави дека Дијана сеуште е член на Кралското семејство, бидејќи е мајка на вториот и третиот во редот за претстолонаследници. Ова беше потврдено од страна на заменик вештакот на кралското семјство бароницата Батлер Шлос, по претходното сослушување на 8 јануари 2007 година: „Дијана, принцезата од Велс беше сметана за член на Кралското семејство и во мигот на нејзината смрт“. Ова е наводно потврдено од Врховниот суд при судскиот преглед на предметот Ал Фајед и Орс против Батлер Шлос. Во тој случај, тројца судии од Врховниот суд ги прифатија судските барања дека “самиот назив ’Вештак на Кралското семејство’ дава изглед на пристрасност во однос на истрагата за смртта на две лица од кои едниот е член на кралското семејство, а другиот не е“.

Личниот живот по разводот[уреди]

По разводот Дијана го задржа нејзиниот двоен стан на северната страна од Кенсингтонската палата кој таа го делеше заедно со принцот Чарлс уште од нивната прва година во брак, а кој остана нејзин се до смртта. Дијана скоро две години излегуваше со почитуваниот кардиохирург Хаснат Кан од Џелум, Пакистан, се додека тој не ја прекина врската. По нејзината смрт од страна на нејзините најблиски пријатели тој беше нарекуван “љубовта на нејзиниот живот“. Кан бил крајно дискретен и врската се одвивала во тајност, а Дијана ги лажела новинарите кога ја прашувале за оваа нејзина врска. Кан припаѓа на традиционално пакистанско семејство кое очекувало тој да се ожени со девојка во сродство со муслимански клан и разликите меѓу него и Дијана, не само религиските, беа премногу големи за нив.Според сведочењето на Кан за време на истрагата за нејзината смрт, тој изјавил дека самата Дијана ја прекинала нивната врска во јуни 1997 година за време на една вечерна средба во Хајд Парк кој се граничи со Кенсингтонската палата. Истото лето, во рок од еден месец Дијана почнала да излегува со Доди Ал Фајед, кој бил син на нејзиниот домаќин за тоа лето, Мохамед Ал Фајед.Дијана размислувала да ги однесе нејзините синови тоа лето во Хемптонс на Лонг Ајленд, Њујорк, но безбедносните служби го спречија тој план. По донесувањето на одлуката да не патуваат на Тајланд, таа ја прифати поканата на Фајед да му се придружи на неговото семесјтво на југот од Франција каде заградениот простор и многубројното обезбедување нема да предизвикаат грижа за кралската служба за заштита. Мохамед Ал Фајед купил јахта вредна повеќе милиони фунти на која планирал да ги забавува принцезата и нејзините синови.

Нагазни мини[уреди]

Во јануари 1997 година, беа прикажани слики низ целиот свет од принцезата со балистички шлем на главата и панцир во обиколка на минско поле во Ангола. За време на оваа кампања некои ја обвинија принцезата за мешање во политиката и ја прогласија за “надвор од контрола“. Во август 1997 година на само неколку дена пред нејзината смрт, таа ја посети Босна и групата на преживеани луѓе од нагазни мини: нејзиниот интерес за нагазни мини се однесуваше на повредите кои тие ги создаваат често кај деца многу подоцна откако ќе заврши еден конфликт. Иако по нејзината смрт сепак се верува дека таа имала големо влијание врз потпишувањето на Договорот во Отава кој формираше меѓународна забрана за употреба на противпешадиски мини. Образложувајќи го пред Долниот дом на Британскиот парламент нацрт-законот за нагазни мини, на Второто читање, секретарот за надворешни работи Робин Кук одаде почит на делото на Дијана: Сите почитувани членови на овој Дом ќе се уверат од пристигнатите вреќи со пошта во огромниот придонес на Дијана, Принцезата од Велс да укаже пред нашите гласачи за големите човечки загуби од нагазните мини. Најдобар начин да и одадеме почит за нејзиното дело, и за работата на НВО-ата кои водеа кампањи против нагазните мини е да го усвоиме овој закон и да го отвориме патот кон глобалната забрана на нагазни мини. Обединетите нации апелираа до земјите кои произведуваат и складираат нагазни мини (САД, Кина, Индија, Северна Кореја, Пакистан и Русија) да го потпишат договорот од Отава кој го забранува нивното производство и употреба за кои и самата Дијана водеше кампања. Извршниот директор на УНИЦЕФ (Фондот на Обединетите на Нации за деца) изјави дека: Нагазните мини остануваат “смртоносна атракција за деца“ чија што вродена љубопитност и потреба за игра ги намамуваат во директна опасност“.

Смрт[уреди]

На 31 август 1997 година Дијана беше смртно повредена во сообраќајна несреќа на патниот тунел кај мостот Алма во Париз која исто така предизвика смрт кај нејзиното тогашно момче Доди Ал Фајед и кај Анри Пол, нивниот возач и вршител на должноста обезбедување во хотелот Риц во Париз. Погребот на Принцезата беше проследен од милионска публика.

Теории на заговор и истрага[уреди]

Почетната судска истрага во Франција донесе заклучок дека несреќата била предизвикана од Анри Пол кој во пијана состојба ја изгубил контролата над возилото. Од февруари 1999 година, таткото на Доди, Мохамед Ал-Фајед (сопственик на хотелот Париз Риц) за кого работеше и Пол тврдеше дека несреќата била планирана, обвинувајќи ги за тоа МИ-6, како и принцот Филип Војводата од Единбург. Истрагата во Лондон во периодот од 2004 до 2007 година конечно му ја препишува несреќата на крајно несовесното возење од страна на Анри Пол, како и на гонењето од страна на папараците. Следниот ден Ал Фајед изјави дека ќе стави крај на неговата десетгодишна кампања за доброто на децата на покојната Принцеза од Велс.

Почит, погреб и погребение[уреди]

Ненадејната и неочекувана смрт на една популарна кралска личност предизвика изјави од страна на истакнати личности од целиот свет и голема почит од страна на јавни личности од целиот сцет. Луѓето неколку месеци оставаа во јавноста цвеќиња, свеќи и лични пораки пред дворот на Кенсингтонската палата. Погребот на Дијана се одржа во Вестминистерската Опатија на 6 септември 1997 година. Претходниот ден кралицата Елизабета Втора ја изрази нејзината почит преку директен телевииски пренос. Нејзините синови принцовите Вилијам и Хари чекореа во погребната поворка позади нејзиниот ковчег заедно со Принцот од Велс, Војводата од Единбург и Чарлс Спенсер, Деветти Ерл Спенсер, братот на Дијана.

Мемоари[уреди]

Веднаш по нејзината смрт многу градови низ целиот свет за кратко време станаа ад хок споменици на Дијана, каде луѓето оставаат цвеќиња и други пораки. Најголемиот беше надвор од портите на кенсингтон Палас. Во постојани споменици се вбројуваат:

  • • Меморијален парк во чест на Дијана, Принцезата од Велс во Регент, Централ Парк, Киркинтилох
  • • Меморијален споменик во чест на Дијана, принцезата од Велс во Хајд Парк од Лондон отворен од Кралицата Елизабета Втора
  • • Игралиште во чест на Дијана, Принцезата од Велс во Кенсингтонската градина во Лондон
  • • Меморијална патека во чест на Дијана, Принцезата од Велс, кружен пат помеѓу Кенсингтон Гарденс Грин Парк, Хајд Парк и Сент Џејмс во Лондон

Исто така, постојат и два споменика внатре во стоковната куќа Хародс во Лондон, во тоа време во сопственост на Мохамед Ал Фајад, таткото на Доди Ал Фајад. Првиот споменик се состои од фотографија од нив двајцата, поставена зад пирамида која во себе ја чува чашата за вино со траги од кармин од последната вечера на Дијана како и свршеничкиот прстен што го купил Доди еден ден пред да загинат. Вториот свечено откриен во 2005 година е насловен како “Невини жртви“ претставува бронзена статуа од нив двајцата ккао танцуваат на плажа под крилјата на албатрос. Постои и еден неофицијален споменик во Париз, на плоштадот Алма: претставува пламен на слободата, поставен таму во 1989 година.

Сувенири[уреди]

По смртта на ДИјана, Меморијалниот Фонд на Дијана ги доби правата на интелектуална сопственост околу заштита на нејзиниот лик. Во 1998 година по одбивање на барањето на Френклин Минт за добивање на официјална лиценца за производство на сувенири со ликот на Дијана, Фондот ја тужеше неговата компанија обвинувајќи ги за нелегална продажба на кукли, чинии и накит со ликот на Дијана. Во Калифорнија кадешто беше докажан првиот случај, судска тужба за да се зачува правото на публицитет може да се поднесе во име на починато лице само доколку лицето е жител на Калифорнија. Како резултат на тоа Меморијалниот Фонд започна постапка во однос на заштитата и по губењето на случајот од страна на судот било побарано Меморијалниот Фонд да му ги плати судските трошоци на Франклин Минт во износ од 3 милиони фунти заедно со други надоместоци кои ќе предизвикаат меморијалниот фонд да ги замрзне своите финансиски средства а добротворни цели. Во 1998 година Аеримарк издае поштенска марка со текст на Англиски и азерски јазик во чест на Дијана. Англискиот текст гласи: “Дијана Принцезата од Велс. Принцезата која ги освои срцата на луѓето.“. Во 2003 година Франклин Минт поднел против тужба и случајот на крај бил решен во 2004 година со пресуда да постигнат заеднички договор со меморијаниот фонд надвор од судот. Двете страни се договориле средствата да се донираат за добротворни цели. Денес во согласност со оваа тужба две компании од Калифонија Френклин Минт и Принцес Ринг Доо, продолжија со продавањето на сувенири со ликот на Дијана без потреба од каква било дозвола од Фондот за зажтита на ликот на Дијана.

Дијана во современата уметност[уреди]

Дијана беше насликана во современата уметност уште од денот на нејзината смрт. Некои од уметничките дела се однесуваа на теорииите на заговор како и на оддавањето почит на нејзината сочувствителност и признавања, кои ја сметаа за жртва. Во јули 1999 година Трејси Емин создаде голем број на цртежи со текстуални белешки за јавниот и приватниот живот на Дијана во тематската изложба “Храмот на Дијана“ во Сината галерија во Лондон. “Тие сакаа да бидеш уништена“ 1999 година е дело кое што се однесува на болеста булимија на Дијана додека некои други дела вклучуваат чувствителни текстови како што се “љубовта беше на ваша страна“ и “фустанот на Дијана со надуени ракави“. Уште еден текст оддаде признание на нејзината несебичност – “она што го направи за да им помогнеш на другите“ прикажувајќи ја Дијана како чекори во заптитна облека низ минско поле во Ангола, додека останатите дела се однесуваат на теориите на заговор. За нејзините цртежи Емин тврди дека “тие се малку чувствителни...и дека нема ништо цинично околу тоа“. За време на Венециското биенале Мартин Састре во 2005 година го промовираше филмот Дијана. Ова измислено дело започнува како светот ја пронаоѓа Дијана жива како ужива во нов таен живот во опасната фавела која се наоѓа на периферијата на Монтевидео, снимен во автентични уругвајски квартови од Сао Паоло. Филмот беше избран за најдобро дело на Биеналето во Венеција од стана на Здржението на Италијански уметнички критичари. Во 2007 година следејќи ја претходната низа која се однесуваше на теоријата на заговор Стела Вин создаде серија на слики со Дијана за прва самостојна иложба во Галеријата за современа уметност Оксфорд. Вин одбра да направи портрет на силата во комбинација со ранливоста на Дијана како и нејзината близина со нејзините два сина. Сите дела се завршени во 2007 година, вклучувајќи ги и: “Дијана се разгранува“, “Семејниот пикник на Дијана“, “Превезот на Дијана“ и “Прамот на Дијана“ кои го вклучуваат и цитатот “Ти давам завет земјо моја“. Блејз нескромно вели дека била згрозена од несреќата на Дијана наоѓајќи ја едновремено „ужасна, збунувачка и загадочна“. Вин ја потврди нејзината долготрајна привлечност од убавината и трагедијата на животот на Дијана.

Последни настани[уреди]

На 13 јули 2006 година италијанскиото списание Ки, објави фотографии од принцезата меѓу остатоците од возилото од сообраќајната несреќа и покрај неофицијалната забрана за необјавување на такви фотографии. Уредникот на Ки ја бранеше својата одлука велејќи дека ги објавил фотографиите бидејќи тие претходно не биле видени и дека смета дека фотографиите не го навредуваат споменот на Дијана. Нови дискусии произлегоа околу прашањето за овие фотографии кога бротанскиот Канал 4 ги емитуваше за време на еден документарец во јуни 2007 година. Први јули 2007 година, го одбележа концертот на стадионот Вембли. Настанот кој беше организиран од страна на Принцовите Вилијам и Хари, беше по повод прославувањето на 46 годишнината од раѓањето на нивната мајка, а настанот се случи на неколку недели пред десет годишнината на нејзината смрт која се случи на 31 август. Документарниот филм за Дијана од 2007 година: Последните денови на принцезата, ги покажува во детали последните два месеца од нејзиниот живот. Во октомври 2007 година, епизода од The Chaser’s War on Everything на Ендру Хансен ја исмева Дијана во неговата “пофална песна“ која веднаш предизвика големи дискусии кај австралсиките медиуми.

Современи мислења[уреди]

Уште од нејзината свршувачка со принцот Чарлс се до нејзината смрт во 1997 година, Дијана беше присутна како икона на светската сцена често опишувана и како најфотографирана жена на светот. Таа беше позната по нејзината сочувствителснот, стил, харизма и добротворната работа со која привлече многу внимание како и енјзиниот проблематичен брак со принцот Чарлс. Дијана беше откриена како главна инспирација за “Дијана: нејзината вистинска приказна“ од Ендру Мортон којшто ја опишува како обесправена од домот на Виндзор (британската кралска фамилија). Мортон како пример го наведува тврдењето на Дијана дека додека била бремена таа се обидела да се самоубие со паѓање надолу низ неколку скали и дека за време на бременоста Чарлс ја оставал да јава. Тина Браун Смета дека не се работи за обид за самоубиство бидејќи таа никогаш намерно не би пробала да му наштети на своето неродено дете. Браун цитира еден советник кој вели дека Дијана случајно се лизнала како и други зивори кои тврдат дека се работи за несреќен случај. Наснимени аудио касети Дијана самата јавно признава дека таа навистина се фрлила надолу по скалите имајќи на ум дека е бремена и си ги исекла вените со жилет“ (доказ за себеповредување). Биографот на кралското семејство Сара Бредфорд забележува дека “единствен лек за нејзиното страдање би била љубовта на принцот од Велс“ која таа страсно ја посакувала, нешто што секогаш и било одбиено. Негово беше последното одбивање. Начинот на кој тој постојано ја омаловажувал ја доведе до очај. Дијана самата коментира: “мојот сопруг на секој можен начин направи да се чувствувам несоодветно и секогаш кога ќе дојдев до воздух тој повторно ме туркаше надолу...“. Дијана призна дека се борела со депресија, самоповредување, булимија, кои се повторувале во текот на нејиниот живот. Еден биограф сугерира дека Дијана страдала од ограничено растројство на личноста. Во 2007 година, Тина Браун напиша биографија за Дијана како “нервозен и напорен зависник од купување постојано опседната со нејзиниот јавен изглед (имиџ)“ како и “зајадлива, манипулативна, медиумски – итро невротична“. Браун исто така тврди дека Дијана стапила во брак со Чарлс поради неговата моќ и дека била во романтична врска со Доди Ал Фајад само за да го изнервира кралското семејство, без намера да се омажи со него.

Наводи[уреди]