Лепра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лепра
Класификација и надворешни извори
Leprosy.jpg
24-годишен маж од Норвешка, заболен од лепра, 1886 година.
МКБ-10 A30
МКБ-9 030
OMIM 246300
DiseasesDB 8478
MedlinePlus 001347
eMedicine med/1281 derm/223 neuro/187
MeSH D007918

Лепра (од гр. λέπι, рибја кожа) е хронична инфективна болест позната од античко време.[1] Позната е и како Хансенова болест. Предизвикувач на оваа болест е бактеријата Mycobacterium leprae,[2][3] која денес може успешно да се лечи со антибиотици. Времето на инкубација на оваа болест трае од неколку месеци до 40 години. Лепрата не е лесно заразна болест. За да се пренесе од еден на друг човек потребен е долготраен контакт со заболен.

Случаи на инфекција со лепра во светот, 2003 година.

Оваа болест сè уште не е искоренета, но е ограничена и е под контрола. Најголем број случаи на заболени од лепра денес има во Индија и Мјанмар. Лепрата е проблем и во Африка (Мозамбик, Танзанија) и Бразил. Годишно се регистрираат 230.000 до 270.000 нови случаи во светот (состојба од 2008 година).

Симптомите на лепрата варираат во голема мерка од пациент до пациент. Главниот симптом е умирање на нервите и промена на крвните садови поради згрутчување на крвта.[4] Заболениот губи чувство за ладно, топло и болка. Поради ова, заболените често се повредуваат и се инфицираат без да почувствуваат болка и потреба од лекарска помош. Лепрата не убива директно, туку смртноста е последица од ваквите секундарни инфекции.

Наводи[уреди]

  1. Holden (2009). „Skeleton Pushes Back Leprosy's Origins“. „ScienceNOW“. http://sciencenow.sciencemag.org/cgi/content/full/2009/527/1. конс. 31 јануари 2010. 
  2. Sasaki S, Takeshita F, Okuda K, Ishii N (2001). „Mycobacterium leprae and leprosy: a compendium“. „Microbiol Immunol“ 45 (11): 729–36. PMID 11791665. http://www.jstage.jst.go.jp/article/mandi/45/11/729/_pdf. 
  3. „New Leprosy Bacterium: Scientists Use Genetic Fingerprint To Nail 'Killing Organism'“. „ScienceDaily“. 28 ноември 2008. http://www.sciencedaily.com/releases/2008/11/081124141047.htm. конс. 31 јануари 2010. 
  4. Kenneth J. Ryan, C. George Ray, editors. (2004). Ryan KJ, Ray CG. уред. „Sherris Medical Microbiology“ (4th издание). McGraw Hill. стр. 451–3. ISBN 0838585299. OCLC 52358530 61405904. 

Надворешни врски[уреди]