Ким Катрал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ким Катрал
Роден(а)Ким Викторија Катрал
Активен1975-денес

Ким Викторија Катрал (англиски: Kim Victoria Cattrall) (родена на 21 август 1956) е глумица со британско потекло, добитничка на канадскиот Златен Глобус, а и била и номинарана за наградата Еми. Својата популарност ја стекнала со улогата на Саманта Џоунс во телевизиската комедија на HBO - Сексот и градот. Позната е и по нејзините улоги во филмовите Полициска академија и Манекин.

Животопис[уреди | уреди извор]

Детство и семејство[уреди | уреди извор]

Ким Катрал е родена во Виднес, мало гратче во Северен Чешир (North Cheshire) во близина на Ливерпул. Нејзините родители се Шејн Катрал (Shane Cattrall), домаќинка и Денис Катрал (Dennis Cattrall), градежник. Кога имала година дена, нејзиното семејство емигрирало во Коуртни (Courtenay), во Канада. Повторно се вратила во Англија на 11-годишна возраст. Во текот на тој период, Ким земала учество во „Лондонската Академија за Музика и Драмска Уметност“ (London Academy of Music and Dramatic Art - LAMDA). Повторно се вратила во Канада на 16-годишна возраст и таму го завршила своето средно образование.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Ким Катрал била мажена трипати: за Лери Дејвис, Андре Лајсон со кого се разведе во 1989 и со Марк Левинсон со кого се разведе во 2004. Исто така била верена и со глумецот Даниел Бензали. Ким е поврзувана и со поранешниот канадски премиер Пјер Трудо, со кошаркарската ѕвезда на Хјустон Рокетс Кутоно Мобли и со нејзиниот партнер од филмот „Чиј живот е ова воопшто?“ (Whose Life is it Anyway?) Александер Сидинг. Во јули 2007 британските таблоиди објавиле дека Ким се верила со Алан Вајс.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ким Катрал ја започнала својата кариера по завршувањето на средното образование во 1972 година кога ја напуштила Канада и се преселила во Њујорк. Таму се запишала на Американската Академија на Драмски Уметности, и непосредно пред нејзиното дипломирање добила понуда од режисерот Ото Премингер (Otto Preminger). Нејзино филмско деби е филмот Rosebud во 1975. Година подоцна, претставничката на Универзал студијата (Universal studios) во Њујорк, Елеонор Кајлгелен ја вклучила Ким во повеќе телевизиски проекти. Една од првите улоги кои Кајлгелен и ги дала на Катрал е улога во серијата Квинси (Quincy) во 1977. Во 1979 Ким Катрал ја одигра улогата на д-р Габриел Вајт во серијата The Incredible Hulk. Бидејќи глумењето на телевизиските екрани не и се исплатеше, таа набрзо се пресели на големото платно. Во 1980 настапи заедно со Џек Лемон во неговиот филм „Чест“ (Tribute) којшто беше номиниран и за Оскар. Наредната година настапи и во филмот „Билет за рајот“ (Ticket to Heaven) којшто беше позитивно оценет од критичарите.

Во 1982, Катрал ја играше улогата на г-ѓица Ханивел во филмот Porky's. Две години подоцна доби улога во оригиналниот филм Полициска академија. Во 1985 глумеше во три филмови: Turk 182, „Граници на градот“ (City Limits) и Hold-Up. Во 1987 нејзината улога во филмот „Манекин“ (Mannequin) и донесе огромен успех и популарност кај публиката. Исто така, една од нејзините попопуларни филмски улоги е улогата на Lieutenant Valeris во филмот „Звездени Патеки VI: Неоткриената земја“ (Star Trek VI: The Undiscovered Country).

Ким исто така има остварено и театарски улоги, тука ги издвојуваме нејзините улоги во претставите „Поглед од мостот“ (A View from the Bridge) дело на Артур Милер, и „Три Сестри“ (Three Sisters) дело на Антон Чехов.

Во 1997 се вклучи во глумечката екипа на серијата Сексот и градот на Дарен Стар, која беше прикажувана на телевизискиот канал HBO. Како Саманта Џоунс, Ким ја стекна својата интернационална популарност. Користејќи го овој успех, Ким профитираше појавувајќи се во телевизиските реклами на Пепси. Исто така, заедно со својот трет сопруг Марк Левинсон напиша книга за сексот, насловена како „Сексуална интелигенција“ (Sexual Intelligence).

Во текот на снимањето на Сексот и градот, ја реализираше и улогата на Керолин во дебитантскиот филм на Бритни Спирс - „Крстосници“ (Crossroads). „Сексот и градот“ заврши во пролетта 2004, а според шпекулациите причини за крајот на серијата се високите финансиски барања на Ким и нејзините заладени односи со Сара Џесика Паркер, која ја глумеше главната улога Кери Бредшо.

Во 2005, глумеше во Дизниевиот филм „Ледена принцеза“ (Ice Princess) кадешто ја оствари улогата на Тина Хервуд. Но, овој филм доживеа финансиски дебакл. Во филмот „Чиј живот е ова воопшто?“ (Whose Life Is It Anyway) ја портретираше Клер, парализирана жена која сака да умре. Во почетокот на 2006 се зборуваше дека Катрал ќе се придружи кон актерската екипа на серијата Очајни домаќинки во улогата на дивата сестра на Иди (Николет Шеридан).

Во 2006 заедно со Брендан Глисон глумеше во филмот „Опашката на тигарот“ (The Tiger's Tail) на режисерот Џон Бурман, црна комедија којашто се фокусира на економијата на Celtic Tiger врз Ирците. На 11 ноември, заедно со Дејвид Хег, Даниел Ретклиф и Кори Малиген глумеше во филмот „Моето момче Џек“ (My Boy Jack), приказна за потрагата на авторот Радјерд Киплинг по неговиот изгубен син во Првата светска војна.

Неодамна го заврши снимањето на филмот „Сексот и градот“ снимен според истоимената серија. Премиерата е закажана за мај 2008.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Номинација за „Најдобра главна женска улога“ за улогата во филмот „Билет за рајот“ (Ticket to Heaven)
  • Златен глобус за „Најдобра спореднa женска улога во тв серија“ во 2003 за „Сексот и градот“.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]