Црква „Св. Архангел Михаил“ - Грчиште

Координати: 41°15′26.9″N 22°29′55.4″E / 41.257472° СГШ; 22.498722° ИГД / 41.257472; 22.498722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангел Михаил
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Валандовска
Местоположба

Карта

Координати 41°15′26.9″N 22°29′55.4″E / 41.257472° СГШ; 22.498722° ИГД / 41.257472; 22.498722
Место Валандово
Општина Валандово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба 1849
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Архангел Михаил — главна селска црква во валандовското село Грчиште. Црквата се наоѓа на самото сретсело.

Историја[уреди | уреди извор]

Според натписот над споредната врата од западната страна, кој е оштетен и тешко читлив, црквата била изградена во 1849 година. Годината е испишана во ниша над крст изведен во релјеф.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, потпрени на шест столба. Таа содржи женски дел во нејзината западна страна, а на источната страна завршува со полукружна апсида. Кон јужната страна, каде е сместен главниот влез, е доградена припрата.[1]

Внатрешноста на црквата е фрескоживописана, а автори на фреските се браќата Доневи од селото Гари. Во црквата има иконостас кој е широк околу десет метри и е исполнет со вредни стари икони од XIX век. Царските двери се изработени во резба и претставуваат ретко убаво копаничарско дело од XIX век на просторот на јужновардарскиот регион. Не е познато името на авторот, но не се исклучува можноста да бил Андон Китанов, кој подолго време работел во овој крај.[1]

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и истата се издига над оградата од дворот, непосредно од левата страна на влезната порта. Таа е поделена во два дела, при што долниот дел е понизок и со поголема основа, додека горниот дел е повисок и на секоја од четирите страни има по една монофора.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 20 јули 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]