Роден и израснат во Рио де Жанеиро, Коутињо покажал прекрасен талент и бил одличен во младинските категории на Васко де Гама. Тој бил потпишан од страна на италијанскиот гигант Интернационале во 2008 година за 4 милиони евра, а потоа бил даден на позајмица во Васко де Гама, каде што станал клучен играч. Тој го имал своето деби за Интер во 2010 година и се сметал за "иднината на Интер", но иако се борел за да се зацврсти во првиот тим, тој сепак бил позајмен во шпанскиот клуб Еспањол во 2012 година.
Во јануари 2013 година, тој потпишал за англискиот Ливерпул за 8,5 милиони фунти. Тој го покажал раскшниот талент на Енфилд; неговата комбинација на визија, поминување, дриблинг и напади со долг дострел го заработил прекарот "Малиот волшебник" од навивачите на Ливерпул и соиграчите. Откако бил именуван во 2015 година на ПФА Тимот на годината, бразилската легенда Пеле го довери Коутињо како "голема иднина" на бразислкиот фудбал.
Коутињо дебитирал за сениорската репрезентација на Бразил во 2010 година на возраст од 18 години. Тој има одиграно повеќе од 20 натпревари за репрезнетацијата и ја има претставувано на Копа Америка 2015 и Копа Америка Сентенарио.