Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките
Ред 15: | Ред 15: | ||
[[User:Vekip8|Vekip8]] <small>([[User talk:Vekip8|разговор]])</small> 13:39, 23 мај 2013 (CEST) |
[[User:Vekip8|Vekip8]] <small>([[User talk:Vekip8|разговор]])</small> 13:39, 23 мај 2013 (CEST) |
||
:Инфокутија за што? Ако не копирај од англиската википедија и пастирај на оваа. Би требало да изпадне :) --[[Корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="#00008B" size="3px">Р</font>''']] [[Разговор со корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="blue" size="3px">ашо</font>''']][[Image:Aero-stub img.svg]] 13:57, 23 мај 2013 (CEST) |
:Инфокутија за што? Ако не копирај од англиската википедија и пастирај на оваа. Би требало да изпадне :) --[[Корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="#00008B" size="3px">Р</font>''']] [[Разговор со корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="blue" size="3px">ашо</font>''']][[Image:Aero-stub img.svg]] 13:57, 23 мај 2013 (CEST) |
||
::За вински сорти. Ама некако не испаѓа.. :) [[User:Vekip8|Vekip8]] <small>([[User talk:Vekip8|разговор]])</small> 14:00, 23 мај 2013 (CEST) |
|||
== >500 активни корисници == |
== >500 активни корисници == |
Преработка од 14:00, 23 мај 2013
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) · Потребни статии · Инкубатор · Кандидати за избрана статија (Ревизија) · ВикиПроекти · Викисредби · Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори
| |||
|
Инфокутија
Две години како ме немаше на Вики.. па сум за’рѓала малку.. мало потсетување за тоа како се правеше Инфокутија? благодарам :) Vekip8 (разговор) 13:39, 23 мај 2013 (CEST)
- Инфокутија за што? Ако не копирај од англиската википедија и пастирај на оваа. Би требало да изпадне :) --Р ашо 13:57, 23 мај 2013 (CEST)
- За вински сорти. Ама некако не испаѓа.. :) Vekip8 (разговор) 14:00, 23 мај 2013 (CEST)
>500 активни корисници
За првпат откако постои македонската википедија, во последните 30 дена имаме повеќе од 500 активни уредувачи. Ова е значаен настан кој треба да се одбележи. Оваа бројка се должи на повеќето проекти кои се во тек на факултетите и средните училишта. Па следниот праг нека ни биде >1000 активни уредувачи.--brest (разговор) 8:25, 2 мај 2013 (CEST)
- Не е за првпат. Во јануари 2011 година имаше уште поголема масовност и овој број надмина и 600 активни корисници. Сепак, ова не е нешто коешто треба да се одбележува, бидејќи како активен корисник се смета корисник којшто има направено било какво уредување. Нешто за одбележување е доколку бројот на многу активни корисници, којшто не може да биде вештачки зголемен, надмине некое рекордно ниво.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:22, 2 мај 2013 (CEST)
- Еве ја статистиката: http://stats.wikimedia.org/EN/TablesWikipediaMK.htm, во јануари 2011 година имало убедливо највеќе активни уредувачи со повеќе од едно уредување во однос на сите месеци до и после тој месец, но немало повеќе од 600 активни корисници како што ти се сеќаваш. Тоа е едно, а второ таа бројка не е вештачки зголемена, туку е реална бројка на различни корисници кои направиле барем едно уредување и нема зошто тоа да не биде настан за одбележување? Тоа е многу позначајно отколку пумпањето на бројот на статиите со бот. Повторно од посочената страница за статистички податоци може да се забележи дека во текот на март 2013 година, Kiril-bot создал 1438 статии, што е евидентно вештачко зголемување на бројот на статии, кое не е добро за градење на здрава заедница на уредувачи, но очигледно за некого е значајно за одбележување на страницата за тековни настани. Двојни аршини! --brest (разговор) 20:37, 2 мај 2013 (CEST)
- Податоците коишто се објавени во статистиките се земаат предвид на последниот ден од месецот. Јас не велам дека имало повеќе од 600 активни корисници на 31 јануари 2011 година, туку дека овој број бил достигнат во текот на овој месец. Ќе видиме кои ќе бидат официјалните статистики за мај 2013 година откако истите ќе бидат објавени. Што ако биде објавено дека немало повеќе од 500 активни корисници? Дали тоа ќе значи дека податокот којшто го имаме сега е погрешен? Навистина жалам што некој не се сетил во јануари 2011 година да води сметка за овие работи, но да се тврди нешто коешто веќе се има случено дека се случува за првпат навистина не е корисно. Понатаму, нема да вршам подетални анализи што друго се правело и која е основната причината поради којашто има најмногу нови активни корисници за да биде надминат бројот од 500 активни корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:20, 2 мај 2013 (CEST)
- Еве ја статистиката: http://stats.wikimedia.org/EN/TablesWikipediaMK.htm, во јануари 2011 година имало убедливо највеќе активни уредувачи со повеќе од едно уредување во однос на сите месеци до и после тој месец, но немало повеќе од 600 активни корисници како што ти се сеќаваш. Тоа е едно, а второ таа бројка не е вештачки зголемена, туку е реална бројка на различни корисници кои направиле барем едно уредување и нема зошто тоа да не биде настан за одбележување? Тоа е многу позначајно отколку пумпањето на бројот на статиите со бот. Повторно од посочената страница за статистички податоци може да се забележи дека во текот на март 2013 година, Kiril-bot создал 1438 статии, што е евидентно вештачко зголемување на бројот на статии, кое не е добро за градење на здрава заедница на уредувачи, но очигледно за некого е значајно за одбележување на страницата за тековни настани. Двојни аршини! --brest (разговор) 20:37, 2 мај 2013 (CEST)
- Јас велам дека во последните триесет дена имаме повеќе од 500 активни уредувачи, таа бројка е видлива од параметарот {{БРОЈНААКТИВНИКОРИСНИЦИ}}, споредено со статистиките тоа е најголема бројка до сега. Тоа што никој не се сетил во јануари 2011 година да води сметка за овие работи, не треба да биде оправдување за твоето ревертирање на нешто што е факт. Иначе „Основната причината“ ќе послужи како алиби за несоодветното користење на ресурси на викимедија движењето за плаќање туѓи сметки. Се надевам дека подетално ќе им биде објаснето на студентите дека нивната работа на википедија е „вештачка“ и само одработуваат 1420 евра за гостинскиот предавач.--brest (разговор) 01:14, 3 мај 2013 (CEST)
- Не одрекувам дека е факт тоа што моментно има повеќе од 500 активни уредвачи, но тоа не значи дека ако никој не водел сметка никогаш немало и дека ова е за првпат да се надиме овој број. Веќе побарав статистички податоци од страна на одговорниот човек којшто ги работи овие анализи и се надевам дека наскоро ќе добијам одговор. Во врска со неоправданите обвинувања дека станува збор за „плаќање туѓи сметки“, мислам дека е премногу ниско од страна на еден активен корисник и администратор на Википедија на македонски јазик да се служи со вакви средства за да докаже нешто.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:09, 3 мај 2013 (CEST)
- Дали сега треба да стои податокот за 500 активни корисници во Википедија:Тековни настани или не? Дали користење на средства од викимедија движењето за плаќање на хонорар од 500 евра (compensation for the guest-speaker) на Економскиот факултет е „морално“, по препорака на еден активен корисник и администратор на Викимедија на македонски јазик и „активист“ во Викимедија Македонија? Во кој хотел ќе отседне говорникот со оглед на предвидените трошоци од 130 евра за една вечер? Кој вид на превоз ќе користи говорникот од аеродромот? Дали на студентите од Економскиот факултет им е објаснето дека се дел од „играта“? Дали говорникот ќе зборува за Википедија на економски факултет? Овие прашања ги поставувам овде бидејќи на мета/Faculty_of_Economics_Skopje сеуште чекам соодветен одговор на веќе поставените прашања. --brest (разговор) 11:05, 13 мај 2013 (CEST)
- За да не се расправаме за ситници, нека не стои тој податок во Тековни настани.--Никола Стоіаноски 11:12, 13 мај 2013 (CEST)
Мали (празни) статии
- Сакам да ве известам дека автоматски бришам статии кои се премали. За тие статии кои се до два параграфа ќе одлучиме сите заедно дали да седат или не, а сите помали од нив delete! Да се не буните после, зошто имаме многу placeholder-и.--Никола Стоіаноски 15:09, 10 мај 2013 (CEST)
- Предлагам бришење на placeholder-и да оди етапно, така, како што се прават нови поквалитетни статии, да се бришат овие празниве. Така нема да имаме загуба во статистиките. Избришав статии кои имаа само по два-три збора, а предложив неколку за бришење (види тука). Дали да се бришат? Ако сакате може да се отвори и дискусија за бришење тука.--Никола Стоіаноски 17:21, 10 мај 2013 (CEST)
- Мое мислење е дека имаме голем број на статии кои треба да се избришат доколку судиме според големината (околу 200-300 бајти). Овој е голем проблем на заедницата бидејќи незнам колку статии имаме од типот:
- години (1,2,3,....)
- Категорија:Декади (30-ти, 40-ти.... или 700-ти п.н.е....)
- година во музиката (погледнете: Табела на години во музиката)
- година во филмот (погледнете: Табела на години во филмот)
- година во уметноста (погледнете: Табела на години во уметноста)
- година во архитектурата (погледнете: Табела на години во архитектурата)
- година во книжевноста (погледнете: Табела на години во книжевноста)
- година во науката (погледнете: Список на години во науката)
- година во фудбалот (погледнете: Категорија:Години во фудбалот)
- година во спортот (погледнете: Категорија:Години во спортот)
- година во шахот (погледнете: Категорија:Години во шахот)
Доколку водиме генерална дискусија сакам и за овие статии (незнам колку се на број) да се размисли дали да се избришат етапно. Што се однесува до горенаведените би гласал ЗА бришење, иако и нив ги има во голем број. Освен тоа треба да се отвори и прашањето за статии кои би можеле да го исполнуваат критериумот Статија која не укажува зошто темата е толку важна или позната. Со цела почит кон градот Битола и уредникот кој ги правел статиите, но овде ќе ја потенцијрам Список на маала и населби во Битола. Можеби некој ќе рече дека постои иста статија за Скопје, но разликата во големината е голема во споредба со БТ. Сигурно има и многу такви слични статии кои во моментот не можам да се сетам за нив--Тиверополник (разговор) 18:03, 10 мај 2013 (CEST).
Мислам дека не треба да се бришат оти ми се чини многу ќе го осакатиме проектов. Особено ако почнат да се тргаат статиите по години.--Вик Ретлхед (разговор) 01:11, 11 мај 2013 (CEST)
- Што се однесува до статиите како сомун, метанија, бел черек и други никулци од тој тип, сметам дека може да се пренесат во Списокот на архаични зборови, кој MacedonianBoy го отвори пред некој ден. На место на споменатите статии може да стои пренасочување до соодветната буква во списокот.--Вик Ретлхед (разговор) 22:05, 12 мај 2013 (CEST)
- Се мислев за пренасочување, но мислам не е добро решение зошто тие статии заслужуваат да бидат поопширни. Мал вовед и еден параграф се доволни за еден никулец, а не една реченица. Се надевам во блиска иднина би биле исполнети. Бришењето на малите статии, како што реков ќе оди етапно, прво на ум ми беа овие статии кои не се дел од Години во историјата (и сличните на нив) - тие би ги бришеле на крај. --Никола Стоіаноски 11:05, 13 мај 2013 (CEST)
- Помина доста време откако реков дека ќе одговорам во врска со ова прашање и поради тоа се извинувам за задоцнетиот одговор. Мое мислење е дека најпрво треба да биде поставено правило коешто ќе определува кој е минимумот за нешто да се смета за статија. Понатаму, ќе треба да се утврди кои се сите статии коишто не го задоволуваат овој минимален критериум и истите да се обележат за бришење и потоа да се избришат.
- Се мислев за пренасочување, но мислам не е добро решение зошто тие статии заслужуваат да бидат поопширни. Мал вовед и еден параграф се доволни за еден никулец, а не една реченица. Се надевам во блиска иднина би биле исполнети. Бришењето на малите статии, како што реков ќе оди етапно, прво на ум ми беа овие статии кои не се дел од Години во историјата (и сличните на нив) - тие би ги бришеле на крај. --Никола Стоіаноски 11:05, 13 мај 2013 (CEST)
- Гледам дека Тиверополник се потрудил да направи список на статии за „години во нешто“. Многу од овие статии се целосно празни, но има и такви коишто имаат некоја содржина. Така на пример, јас ги пополнив сите статии за години во шахот, а се сеќавам дека се пополнуваа и статии за година во музиката. Веќе ако одлучиме дека не нѝ се потребни овие статии, тогаш ќе мора да се изземат оние коишто веќе имаат некоја содржина.
- Доколку се дојде до заклучок дека треба да се брише голем број на статии, тогаш најдобро е тоа да се направи постепено, со што ќе се задржи некоја стапка на раст на бројот на статии. На пример, ако секојдневно има 20 нови статии, тогаш да не се бришат повеќе од 10 статии и слично. Сметам дека е погубно да се бришат сите статии одеднаш и со тоа да се намали бројот на статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:48, 18 мај 2013 (CEST)
Волфганг Амадеус Моцарт
Надиов на многу неправилности во статијата, целата е преполна со грешки, со нелогичности и скоро е невозможно да се средат. Најверојатно статијата за Моцарт е преведувана од некој друг јазик, нелогичности има многу, кој ќе се нафати да ја средува не знам, но баш ќе се изнамачи. Исто така деновиве наидов на многу статии и уредувања во кои има изобилство од грешки. најверојатно професорите ги ангажираат средношколците, па во брзање при крајот на учебната година треба да се направат што поголем број нa уредувања. Катастрофа се прави на Википедија со последните уредувања.
Апелирам малку повеќе да внимаваат сите корисници на уредувањата, бидејќи не е работата да има што повеќе текст, туку работа е статијата да биде квалитетна. --User:NickyMKD (разговор) 18:10, 14 мај 2013 (CEST).
- Потполно непотребен текст, целосно преведен преку Гугл, така да целосно го отстранив. Инаку целосно се согласувам дека на Википедија и е потребен квалитет, а не само квантитет. --Ehrlich91 (разговор) 20:05, 14 мај 2013 (CEST)
Јозеф или Јосиф?
Јозеф Сталин или Јосиф Сталин? --M4r51n (разговор) 17:25, 15 мај 2013 (CEST)
- Јосиф е на македонски.--Никола Стоіаноски 17:31, 15 мај 2013 (CEST)
objava na statijata
Napraviv statija vo mojot raboten prostor, no ne znam kako da ja objavam, za da e vidliva, kako da ja pomestam vo glavniot prostor za statii?? Blagodaram mnogu, Pozdrav 46.217.75.14 (разговор) 17:56, 16 мај 2013 (CEST)
- Доколку статијата не постои пребарај ја во „пребарување“ и ќе ти излези црвена врска каде што ќе можеш да го вметнеш текстот. Поздрав! (оваа повратна порака е напишана и на страницата за разговор кај корисникот) --M4r51n (разговор) 20:49, 16 мај 2013 (CEST)
Стомак-Болки
Мислам дека статијата Стомак-Болки има несоодветно име. Мислам дека подобро за оваа статија би било Болки во стомакот отколку Стомак-Болки. Што мислите вие? --User:NickyMKD (разговор) 20:29, 16 мај 2013 (CEST).
- Се согласувам. Болки во стомакот е најсоодветно.--Вик Ретлхед (разговор) 20:52, 16 мај 2013 (CEST)
Најсоодветно би било „стомачни болки“. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:23, 18 мај 2013 (CEST)
- Се користи и стомакоболка. --Никола Стоіаноски 15:49, 18 мај 2013 (CEST)
- Или Мевобол --Р ашо 17:22, 18 мај 2013 (CEST)
- Ха, да :) --Никола Стоіаноски 17:26, 18 мај 2013 (CEST)
Статии за бришење
Да побарам мислење од заедницата дали смета дека статиите Бел Песок, Солени Езера на Андите и Мамутска Пештера се за бришење. Колку што ги прочитав, немаат енциклопедиска содржина, туку се некој вид патопис или репортажа. И најверојатно текстот е скрос препишан од оваа книга, а плус и сликите се без соодветна лиценца.--Вик Ретлхед (разговор) 09:16, 17 мај 2013 (CEST)
- Предложи ги за бришење, ако не реагира никој во рок од неколку дена, ќе ги избришеме. Колку што разгледав не може да се извади енциклопедиска содржина од текстовите, но ако е возможно тоа, пожелно би било да се видоизмени текстот. Поз--Никола Стоіаноски 10:44, 17 мај 2013 (CEST)
- Добро си забележал Игор дека се употребува една иста книга и дека најверојатно се работи за копирани текстови. Јас ги предложив статиите за бришење и искрено сметам дека треба да се избришат, бидејќи нема баш што да се извлече од нив. --Ehrlich91 (разговор) 20:13, 17 мај 2013 (CEST)
- Предложи ги за бришење, ако не реагира никој во рок од неколку дена, ќе ги избришеме. Колку што разгледав не може да се извади енциклопедиска содржина од текстовите, но ако е возможно тоа, пожелно би било да се видоизмени текстот. Поз--Никола Стоіаноски 10:44, 17 мај 2013 (CEST)
Стари ракописи
Како резултат на соработката помеѓу НУБСК и Викимедија Македонија, добиени се 55 податотеки во pdf формат од стари ракописи со кои располага дигиталната библиотека на НУБСК, http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/, датирани помеѓу 13 и 18 век, пишувани на македонски, српски, руски и црковно-словенски. Податотеките се подигнати на Заедничката ризница. За секоја податотека НУБСК обезбеди основни податоци и тоа: Краток опис, димензии на хартијата, писмо на кое се пишувани, потекло/каде се најдени оригиналните материјали и каде се чуваат денес. Повеќето материјали се професионално скенирани а дел од нив се фототипна копија. Материјалите се подигнати под лиценца {{PD-old}}. Предадени се материјалите од следнив список:
- File: Акатист на Св. Јован Претеча и Патерик - крај на 18 век.pdf
- File: Акатист на Пресвета Богородица - крај на 15 почеток на 16 век.pdf
- File: Бенчевски литургиски зборник - прва третина на 16 век.pdf
- File: Бенчевско четвороевангелие - почеток на 16 век.pdf
- File: Часослов - почеток на 18 век.pdf
- File: Четвороевангелие - крај на 14 век и почеток на 15 век.pdf
- File: Цветен триод Лазаревац - крај на 18 век.pdf
- File: Два листа од псалтир - втора половина на 16 век.pdf
- File: Два листа од триод - втора половина на 14 век.pdf
- File: Фрагмент од четвороевангелие - прва половина на 14 век.pdf
- File: Фрагмент од четвороевангелие - крај на 15 или почеток на 16 век.pdf
- File: Фрагмент од четвороевангелие - четврта четвртина на 16 век.pdf
- File: Фрагмент од четвороевангелие - прва четвртина на 17 век.pdf
- File: Фрагмент од Цветен триод Лазаревац - крајот на 16 и почетокот на 17 век.pdf
- File: Фрагмент од цветен триод - трета четвртина на 17 век.pdf
- File: Фрагмент од литургиски текст - втора половина на 14 век.pdf
- File: Фрагмент од монашки правила - втора половина на 16 век.pdf
- File: Фрагмент од октоих - крај на 16 век или почеток на 17 век.pdf
- File: Фрагмент од осмогласник - средина на 17 век.pdf
- File: Фрагмент од посен триод - почеток на 15 век.pdf
- File: Фрагмент од празничен минеј - прва половина на 16 век.pdf
- File: Фрагмент од псалтир - прва половина на 16 век.pdf
- File: Фрагмент од слово - прва четвртина на 15 век.pdf
- File: Фрагмент од триод - крај на 14 век.pdf
- File: Фрагмент од октоих петогласник - првата половина на 15 век.pdf
- File: Фрагмент од псалтир - средина на 16 век.pdf
- File: Изборни неделни евангелски и апостолски читања - четврта четвртина на 14 век.pdf
- File: Кратовско четвороевангелие - средина на 14 век.pdf
- File: Литургиски зборник - прва половина на 16 век и втора половина на 17 век.pdf
- File: Литургиски зборник - трета четвртина на 17 век.pdf
- File: Одломка од апокрифот на Раѓањето Христово - крај на 14 век.pdf
- File: Одломка од службата на Светите апостоли Петар и Павле - крај на 14 или почеток на 15 век.pdf
- File: Патерик - средина на 16 век.pdf
- File: Поречки октоих петтогласник од 5-8 глас - средина на 15 век со дополнение од 1574 год..pdf
- File: Посен триод - втора половина на 13 век.pdf
- File: Посен триод македонска рецензија - трета четвртина на 14 век.pdf
- File: Поученија за великиот пост - втора половина на 16 век.pdf
- File: Прилепски Никифоров минеј за цела година - средина на 16 век.pdf
- File: Пролог стихуван за март-август - втора четвртина на 15 век и трета четвртина на 14 век.pdf
- File: Псалтир - втора половина на 16 век.pdf
- File: Псалтир со последование - средина на 16 век.pdf
- File: Псалтир со последование - 1546 год. со ракописни записи од 17 век.pdf
- File: Псалтир со последование - 1561 год. со ракописно дополнение од прва четвртина на 17 век.pdf
- File: Радобилски евангелски листови - прва четвртина на 15 век.pdf
- File: Службен минеј за јули со пролози од Св. Прохор Пчински - прва четвртина на 15 век.pdf
- File: Службен минеј за мај со житија - прва половина на 15 век.pdf
- File: Службен минеј за септември со пролози - почеток на 15 век.pdf
- File: Стојков празничен минеј - крај на 14 век.pdf
- File: Струшки зборник со творба од Св. Климент Охридски - средина на 16 век.pdf
- File: Струшко четвороевангелие - почеток на 17 век.pdf
- File: Требник - средина на 15 век.pdf
- File: Вруточко четвороевангелие - 13-14 век.pdf
- File: Зборник македонски - втора половина на 18 век.pdf
- File: Злетовско четвороевангелие - средина на 14 век.pdf
- File: Зрзевско четвороевангелие - крај на 16 век и почеток на 17 век.pdf
Најприкладна би била обработката на овие материјали на викиизвор, додека на википедија е можно создавање на соодветни статии за секој материјал посебно или во форма на список, со краток опис на материјалите.
Во план е, во блиска иднина, во соработка со НУБСК да се изврши обука за Википедија и Викиизвор на вработените во локалните библиотеки низ Македонија, кои се дел од мрежата на јавни библиотеки преку која вработените ќе бидат запознати со проектите на фондацијата.
Сите заинтересирани може да се обратат кај мене за дополнителни информации или координација на активностите. --brest (разговор) 13:53, 20 мај 2013 (CEST)
- Супер, Одлично. Мислам дека сум подигал од овие некои фрагменти. Имаме и шаблон за некои ракописи и се сложувам дека требаат статии на истите. Еве јас ќе ги средам категориите на ризницата. Единствено би ставил замерка на лиценцата. Сметам дека најдобра е {{PD-Macedonia}} [1] --Р ашо 14:05, 20 мај 2013 (CEST)
- OK, јас сега пробав да видам како ќе изгледа ако се помести текстот од описите во статиите на селата или црквите каде се пронајдени оригиналите. Види статијата за с. Бенче. Можеби треба да се скратат малку текстовите ако се оди со посебна статија за секој ракопис. Од НУБСК мислам дека може да обезбедиме и дополнителни информации за секој ракопис посебно, во смисла на тоа како се пронајдени, каков бил патот на ракописите додека стигнале во колекцијата на НУБСК, како се откупувале и сл. Овој шаблон за ракописи не сум го забележал до сега, еве можност да се надополнат соодветните статии. Што се однесува до лиценцата, може да се замени со таа која ја предлагаш, според договорот со НУБСК и природата на материјалите немаме ограничување во поглед на тоа која лиценца да се употреби, која сметаме дека е најсоодветна таа треба да се употребува. Колегите од Викимедија Швајцарија на следниов начин ја организирале на Заедничката ризница својата соработка со централната библиотека во Цирих, што може да послужи како урнек.--brest (разговор) 14:23, 20 мај 2013 (CEST)
- Супер! :) --M4r51n (разговор) 14:25, 20 мај 2013 (CEST)
- OK, јас сега пробав да видам како ќе изгледа ако се помести текстот од описите во статиите на селата или црквите каде се пронајдени оригиналите. Види статијата за с. Бенче. Можеби треба да се скратат малку текстовите ако се оди со посебна статија за секој ракопис. Од НУБСК мислам дека може да обезбедиме и дополнителни информации за секој ракопис посебно, во смисла на тоа како се пронајдени, каков бил патот на ракописите додека стигнале во колекцијата на НУБСК, како се откупувале и сл. Овој шаблон за ракописи не сум го забележал до сега, еве можност да се надополнат соодветните статии. Што се однесува до лиценцата, може да се замени со таа која ја предлагаш, според договорот со НУБСК и природата на материјалите немаме ограничување во поглед на тоа која лиценца да се употреби, која сметаме дека е најсоодветна таа треба да се употребува. Колегите од Викимедија Швајцарија на следниов начин ја организирале на Заедничката ризница својата соработка со централната библиотека во Цирих, што може да послужи како урнек.--brest (разговор) 14:23, 20 мај 2013 (CEST)
- За шаблонот што го спомнав со ракописите до 14 век имам за сите материјал, ми треба само време ;) А за овие најдобро е сами да направиме лиценца и проект (еве вака е добар пример). Мислам дека сами на „своја глава“ неможе да експериментираме. Треба да се консултираме со некој од ризницата за да може да се потврдат лиценците и договорот за соработка. Исто така имам и доста материјал од ракописите од лесновскиот и марковиот манастир. Овој проект би можел да ни донесе преку 100 статии и комплетна онлајн евиденција на македонските ракописи. Дај да го изгураме некако--Р ашо 14:57, 20 мај 2013 (CEST)
- А за Бенче на пример, најдобро е да се наведат во статијата и објаснение по една реченица. Другото најдобро е во сопствената статија--Р ашо 15:02, 20 мај 2013 (CEST)
- Супер е ова. Немаат авторски права, и може да поченем со нивно препишување на Викиизвор. Текстовите во Бенче се долги, може од нив да се направат статии. Поз--Никола Стоіаноски 16:34, 20 мај 2013 (CEST)
Секоја чест за ова и навистина сметам дека соработката би требало и понатаму да се продлабочува. Мојата идеја, којашто ја споменав уште во текот на месец јануари, е дека треба да се избере човек којшто би работел како „Wikipedian in Residence“ во некоја од овие институции. Потоа, ќе побараме парични средства од Фондацијата со коишто ќе бидат финансирани активностите на ова лице. Тие вклучуваат одржување на предавања, обуки, преговарање за ослободување на материјали и сл. Слични проекти веќе постојат во многу други земји, а Фондацијата е отворена истите да ги подржува доколку навистина постои потреба од нив. Инаку, јас сум заинтересиран да се вклучам во овие активности.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:17, 20 мај 2013 (CEST)
Tech newsletter: Subscribe to receive the next editions
- Recent software changes
- (Not all changes will affect you.)
- The latest version of MediaWiki (version 1.22/wmf4) was added to non-Wikipedia wikis on May 13, and to the English Wikipedia (with a Wikidata software update) on May 20. It will be updated on all other Wikipedia sites on May 22. [2] [3]
- A software update will perhaps result in temporary issues with images. Please report any problems you notice. [4]
- MediaWiki recognizes links in twelve new schemes. Users can now link to SSH, XMPP and Bitcoin directly from wikicode. [5]
- VisualEditor was added to all content namespaces on mediawiki.org on May 20. [6]
- A new extension ("TemplateData") was added to all Wikipedia sites on May 20. It will allow a future version of VisualEditor to edit templates. [7]
- New sites: Greek Wikivoyage and Venetian Wiktionary joined the Wikimedia family last week; the total number of project wikis is now 794. [8] [9]
- The logo of 18 Wikipedias was changed to version 2.0 in a third group of updates. [10]
- The UploadWizard on Commons now shows links to the old upload form in 55 languages (bug 33513). [11]
- Future software changes
- The next version of MediaWiki (version 1.22/wmf5) will be added to Wikimedia sites starting on May 27. [12]
- An updated version of Notifications, with new features and fewer bugs, will be added to the English Wikipedia on May 23. [13]
- The final version of the "single user login" (which allows people to use the same username on different Wikimedia wikis) is moved to August 2013. The software will automatically rename some usernames. [14]
- A new discussion system for MediaWiki, called "Flow", is under development. Wikimedia designers need your help to inform other users, test the prototype and discuss the interface. [15].
- The Wikimedia Foundation is hiring people to act as links between software developers and users for VisualEditor. [16]
If you want to continue to receive the next issues every week, please subscribe to the newsletter. You can subscribe your personal talk page and a community page like this one. The newsletter can be translated into your language.
You can also become a tech ambassador, help us write the next newsletter and tell us what to improve. Your feedback is greatly appreciated. guillom 22:55, 20 мај 2013 (CEST)
Обука за википедија
Денес (22 мај 2013 г.) од 11-16 часот ќе се одржи обука/работилница за википедија на вработените во бесплатните интернет клубови во Македонија. Обуката ќе се одржи во ОУ „Браќа Миладиновци“ - Скопје, општина Аеродром. Повеќето од слушателите се регистрирани на Википедија и веќе имаат дадено свој придонес во рамките на проектот Википедија:БИКМ. Идејата е слушателите да се обучат за да можат понатаму да спроведуваат обуки во интернет клубовите каде работат на сите заинтересирани граѓани пријавени на конкурсот објавен од страна на Министерството за информатичко општество и администрација за бесплатна обука на граѓани за изработка и објава на содржини на википедија. Во текот на обуката практично ќе се работи на википедија и пожелно е активните уредувачи на википедија пред/за време/после обуката внимателно да пристапуваат кон нивните уредувања имајќи ги предвид основните начела: 1, 2, 3 и др. Потребно е во рамките на нашите ограничени ресурси да извлечеме максимум. Поздрав. --brest (разговор) 07:30, 22 мај 2013 (CEST)
Помош
Пробувам да преведам страница од англиски на македонски. Го најдов црвениот линк на нашата википедија и видов дека не е преведена статијата. Е сега, според упатсвата за превод, го ископирав од англиската страница само инфобоксот откако стиснав едит, и ја ископирав на мојата страна со црвениот линк. Ги преведов само оние зборови кои треба и стиснав зачувај (поради тоа што претходно исто направив за друга статија и се беше во ред) ама не ми дава ништо, само празна страна како да не сум внел ништо. Линкот веќе не се води како да за него нема превод на македонски.Каде грешам?