Податотека:Псалтир со последование - средина на 16 век.pdf

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оди на страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(1.397 × 1.050 пиксели, големина: 58,25 МБ, MIME-тип: application/pdf, 370 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Опис: Псалтир со последовсние, српска рецензија, средината на XVI век

Хартија: 20,5 х 14 см., 378 листа. Ракописот е цел. Л. 1 и 2 (заштитени при подврзувањето, пред кориците) се од времето кога ракописот бил реставриран, од првата половина на XVIII век. Од исто време се и л. 77 и 80, кои биле вметнати наместо изгубените.

Писмо: На л. 1-244 по 22 реда, а од л. 245-378 по 24 реда. Пишувале две раце со писмо од ист тип и исто време; правописот е ист. Формите се типични за XVI век. Правописот е со силно влијание на Ресавската школа со ъ во предлозите и префиксите и употреба на ѕ (кнеѕе, ѕѣлѡ).

Водени знаци: „Сидро во круг со ѕвезда одозгора“ и со контрамарка Р-А како во Плеваљскиот ракопис. „Сидро“ од ист тип со контрамарка А-Р како во Дубровничките книги. „Сидро во круг со ѕвезда“, долните краци во двојна контура со контрамарка V. „Сидро од еднократен потег со ѕвезда одозгора“ и со контрамарка I-C како во ракописот на Музејот на Српската црква во Белград. „Сидро“ од ист тип со контрамарка С-С. „Глава од бик“ со иницијали А-В. На додадените листови 77 и 80 некој знак со крст одозгора и контрамарка G-M. На додадениот лист 1 однапред монограм С-М од XVIII век.

Орнаментика: На л. 3 знаменце од балкански стил - плетени кругови со флорални украси, во црвено-сина-жолта и бела боја; на л. 4: цртано црно-бело знаменце од балкански стил, молдавски тип со круни на флоралните стебленца. Во ист стил е и цртаниот иницијал Б.
Во првиот дел на ракописот - многубројни иницијали (на почетокот на секој псалм) со украсни извивки; во вториот дел од ракописот црвените заглавни букви се од обичен тип.

Повез: Штици во кожа од XVI век со жлебови на работ, реставриран во XVIII век.

Содржина: Псалтир со последование.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/psaltir-so-posledovanie-16v.html

Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна14:20, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 14:20, 16 мај 20131.397 × 1.050, 370 страници (58,25 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Нема страници што ја користат оваа податотека.

Метаподатоци