Прејди на содржината

Слепи змии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слепи змии
Црвовидна змија
(Typhlops vermicularis)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Инфраред: Слепи змии
Семејство: Слепи змии
Merrem, 1820
Синоними
  • Typhlopidae Merrem, 1820
  • Typhlopina J.P. Müller, 1832
  • Typhlopsidae Gray, 1845
  • Typhlopidae – Jan, 1863
  • Typhlopidaede Witte, 1962[1]

Слепите змии (науч. Typhlopidae) се семејство на слепи змии.[2] Живеат претежно во тропските подрачја во светот, во Австралија и разни острови.[3] Челната лушпа е висната над устата и и има лопатчест облик погоден за риење во земја. Живеат исклучиво под земја и имаат нефункционални закржлавени очи. Распознаваат само светлина, и тоа преку црните дамки на главата. Забите се сместени на горната вилица, а опашката завршува со зашилена лушпа. Највеќето видови се јајценосни. Фамилијата опфаќа 6 рода со 203 вида.[2]

Во Македонија (и воопшто во Европа) е присутен само еден вид: црвовидната змија (Typhlops vermicularis).[4]

Географска распространетост

[уреди | уреди извор]

Овие змии живеат главно во тропските и суптропските подрачја ширум светот, особено во Африка, Мадагаскар, Азија, тихоокеанските острови, тропска Америка и, како исклучок, во југоисточна Европа.[1]

Род[2] Автор на таксонот[2] Видови[2] Македонски назив Распространетост[1]
Acutotyphlops Wallach, 1995 5 остри слепи змии источна Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови
Cyclotyphlops Bosch & Ineich, 1994 1 округли слепи змии Индонезија: во покраината Селатан и југот на Сулавеси
Ramphotyphlops Fitzinger, 1843 49 долгоопашести слепи змии Мјанмар, Тајланд, Малезија, Хонгконг, Кина, Малите Сундски Острови, Молучките Острови, Индонезија, Филипините, Палау, Австралија, Нова Гвинеја, Бизмарковиот Архипелаг, Соломонските Острови, Верните Острови, на Фиџи и можеби во Нова Каледонија
Rhinotyphlops Fitzinger, 1843 28 рилчести слепи змии Индија, Блискиот Исток и Африка (јужно од Сахара)
TyphlopsT Oppel, 1811 120 слепи змии[2] во југоисточна Европа (вкл. Македонија), Блискиот Исток, тропска и суптропска Азија, најголемиот дел од Африка, Мадагаскар и извесни острови во Индискиот Океан, на Филипините, Молучките Острови, Нова Гвинеја, Средна и Јужна Америка и во Западните Инди
Xenotyphlops Wallach & Ineich, 1996 1 чудни слепи змии Мадагаскар

Tтипски род[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 McDiarmid RW, Campbell JA, Touré T. 1999. Snake Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference, vol јануари Herpetologists' League. 511 pp. ISBN 1-893777-00-6 (series). ISBN 1-893777-01-4 (volume).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Typhlopidae“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 14 август 2007. (англиски)
  3. Shine. R, 2007 Australian Snakes, a natural history, New Holland Publishers Chatswood ISBN 978-1-876334-25-3
  4. Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Typhlopidae — база на влекачи „Reptarium“. консултирано на 3 ноември 2008 г. (англиски)