Прејди на содржината

Два Бреста (Лешок)

Координати: 42°3′50″N 21°1′58″E / 42.06389° СГШ; 21.03278° ИГД / 42.06389; 21.03278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Два Бреста

Карта

Местоположба 42°3′50″N 21°1′58″E / 42.06389° СГШ; 21.03278° ИГД / 42.06389; 21.03278
Основни податоци
Место Лешок
Општина Теарце
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Два Брестаархеолошко наоѓалиште во тетовското село Лешок. Претставува населба од римското време. Се наоѓа на 2 км јужно од селото, под патот Тетово-Вратница, од неговата лева страна. Во 1953 година, за времето на садење на овоштарник биле откриени остатоци од темели на повеќе објекти и водоводна мрежа. Истата година и во 1979 година се извршени археолошки истражувања од страна на Музејот на Македонија и Музејот на тетовскиот крај при што е откриена и истражена вила рустика. Денес на површината сè уште се среќаваат фрагменти од керамички садови, луцерни, стаклени садови. Најдени се предмети од накит и монети од II-III век[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Кале — населба од доцноантичко време и среден век;
  • Леска — населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
  • Пепело — населба од римско време;
  • Црквиште — црква од средниот век;
  • Црници — некропола од римско време;
  • Депо — депо од средниот век;
  • Млака — некропола од средниот век;
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069