Прејди на содржината

Вештерот (ТВ-серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вештерот
The Witcher
Жанр
Создадена одЛорен Шмидт Хисрич
Заснована наВештерот од Анджеј Сапковски
Улоги
Композитор(и)
Земја на потекло
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони3
Бр. на епизоди24
Производство
Извршен продуцент(и)
Продуцент(и)
Кинематографија
  • Жан-Филип Госар
  • Гевин Струтерс
Уредници
  • Лијана Дел Гиудиче
  • Ник Артурс
  • Жан-Даниел Фернадез-Кундез
  • Ксевиер Расел
КамераЕдинечна камера
Времетраење47 — 67 минути
Продукциска куќа
ДистрибутерНетфликс
Прикажување
Првична мрежаНетфликс
Сликов формат
Звучен форматПросторен звук 5.1
Првично прикажување20 декември 2019 (2019-12-20) – до денес
Надворешни врски
Мрежна страницаnetflix.com/title/80189685

Вештеротфантастична драмска серија од Соединетите Американски Држави, продуцирана од Лорен Шмидт Хисрич. Заснована на истоимената книжевна серија од полскиот автор Анджеј Сапковски. Поставена на измислена, средовековно инспирирана земја позната како „Континентот“, Вештерот како серија ја истражува легендата на Гералт од Ривија и принцезата Цири, кои се поврзани од судбината еден со друг.[8] Главни глумци се Хенри Кавил, Фреја Алан и Ања Чалотра. Емисијата првично ги следи трите главни ликови во различни периоди од времето, истражувајќи формативни случки кои ги обликувале нивните ликови, пред на крајот да се спојат во еден временски тек.

Првата сезона, која содржи осум епизоди, била пуштена на Нетфликс во целост на 20 декември 2019 г. Заснована е на Последната желба и Меч на судбината, кои се збирки на раскази кои претходат на главната сага „Вештерот“. Пред првата сезона да биде пуштена, Нетфликс најавил втора сезона со 8 епизоди, која ќе биде објавена во 2021; снимањето според распоредот започнува во Лондон на почетокот на 2020 година.[9]

Глумци и ликови

[уреди | уреди извор]
  • Хенри Кавил како Гералт од Ривија, волшебно развиен убиец на чудовишта познат како „Вештерот“. Цинтриската принцеза Цири е неговата судбина.
  • Фреја Алан како Цирила „Цири“, престолонаследничка на Цинтра, внука на кралицата Каланте и ќерка на Павета, која поседува волшебни моќи. Таа со Гералт е судбински поврзана пред нејзиното раѓање.
  • Ајмон Фарен како Кахир Мавр Дифрин еп Кеалах, нилфгардски воен командант што го предводува упадот врз Цинтра и ја гони Цирила.
  • Ања Чалотра како Јенефер од Венгенберг, волшебничка со четвртина виленичко потекло, чии патишта во неколку пригоди се вкрстуваат со оние на Гералт поради фрлено волшепство.
  • Џои Бејти како Јаскиер, поет (бард) што патува. Се спријателува со Гералт и го придружува по неговиот пат.
  • Мијана Буринг како Тисаја де Врис, ментор на Јенефер и ректорка на Аретуза, академија за обука на женски волшебници.
  • Ројс Пирсон како Истред, вешт волшебник и историчар што се спријателил со Јенефер во Аретуза.
  • Мими Ндивени како Фрингила Виго, волшебничка што била обучувана заедно со Јенефер. Таа на крајот го предводува нилфгардскиот упад заедно со Кахир.
  • Вилсон Раџу Пуџалте како Дара, момче бегалец што се спријателува со Цирила по Колежот на Цинтра.
  • Ана Шејфер како Трис Мериголд, волшебничка, дворски маѓепсник на Темерија и советник на кралот Фолтест.
  • Махиш Џаду as Вилгефорц од Рогевин, харизматичен волшебник што ги собира северните волшебници за да го запре упадот на нилфгардската војска во Соден.

Споредни

[уреди | уреди извор]
  • Џоди Меј како кралицата Каланте, владетелка на кралството Цинтра и баба на принцезата Цирила.
  • Адам Леви како Мишовур, дворскиот друид на Цинтра и советник на кралицата Каланте.
  • Бјорн Хлинур Харалдсон како Ејст Турсеах, сопруг на кралицата Каланте и очув-дедо на Цирила.
  • Ларс Микелсен како Стрегобор, волшебник што престојува во градот Блавикен и ректор на Бан Ард, академијата за машки волшебници.
  • Ема Еплтон како Ренфри од Крејден, принцеза што станала бандит со прекар „Сврачка“, која предводува банда арамии и има тешко негодување кон Стрегобор.
  • Маќеј Мусиал како сер Лазло, цинтриски витез задолжен да ја заштитува Цирила.
  • Тоби Бамтефа како сер Данек, цинтриски командант на кралската гарда на Каланте.
  • Терика Вилсон Рид како Сабрина Глевисиг, волшебничка обучена заедно со Јенефер.
  • Шон Дули како кралот Фолтест, кралот на Темерија, чија инцестна врска со неговата сестра створила ќерка.
  • Теренс Мејнард како Арториус Виго, дворски волшебник од Тусан и вујко на Фрингила.
  • Џудит Фекет како Ванел од Бриж, волшебничка и една од волшебничките што се бореле во Битката кај ридот Соден.
  • Џозет Сајмон како Ејтн, кралица на дријадите (шумски нимфи) од Брокилонската Шума.
  • Нора Трокен како дријадски генерал.
  • Ана-Луис Плоуман како Зола, сопругата на Јурга, која ѝ нуди на Цирила засолниште во нејзиниот селски дом во Соден.

Позначајни гости

[уреди | уреди извор]
  • Миа Мекена-Брус како Марилка, ќерка на градскиот старешина во Блавикен.
  • Амит Шах како Торк, силван ("рогат ѓавол") кој работи за Филавандрел.
  • Џулијан Рајнд-Тут како Гилтајн, волшебно лице од Аретуза што ги прави учените да бидат во нивната совршена физичка форма откако ќе дипломираат.
  • Гаја Мондадори како принцезата Павета, ќерка на кралицата Каланте и мајка на Цири.
  • Барт Едвардс како Урчен (Еж) од Ерленвалд/Дуни, витез зафатен со клетва што го преобликува во човек еж до полноќ, љубовник на Павета, верен по заклетва.
  • Марцин Чарник како волшебник под наем, атентатор пратен да ја убие кралицата Калис и нејзината ќерка новороденче.
  • Лукас Енгландер како Хиреадан, виленички исцелител од реданскиот град Ринде.
  • Џордан Рензо како Ејк од Денесли, доблесен витез.
  • Рон Кук како Борш Трите Чавки, човек што всушност е златниот змеј Вилентретенмерт.
  • Ела-Рае Смит како Фола, млада волшебничка во Аретуза.
  • Френсис Меги како Јурга, патувачки трговец во Соден, спасен од чудовишта од страна на Гералт.
  • Фрида Густавсон како Ма/Висена, мајка на Гералт од Ривија.

Првата сезона е заснована на Последната желба и Меч на судбината.

Број Наслов Режирана од Напишана од Првично емитување
1 „Крајниот почеток“ Алик Сахаров Лорен Шмидт Хисрич 20 декември 2019 (2019-12-20)
По борбата на Гералт од Ривија со една кикимора во 1231 година, тој влегува во градот Блавикен и ја запознава Ренфри, проколната принцеза што станала бандит и е гонета од волшебникот Стрегобор, кој мисли дека таа е злобна поради нејзиното раѓање за време на затемнување на Сонцето. Стрегобор го наведол Гералт во неговото скривалиште за да го најми за да ја убие Ренфри, но Гералт одбива. Ренфри подоцна му нуди против-предлог на Гералт, но тој одбива со ултиматум: замини или умри. Таа го лажира договорот, но откако се буди следното утро, Гералт сфаќа дека Ренфри нема да запре сè додека Стрегобор е мртов, и тој брза да ја запре. Откако ги убил нејзините луѓе, тој се бори и смртно ја ранува Ренфри, и со нејзините последни зборови му кажува за девојка во шумата која е неговота судбина засекогаш. Стрегобор пристигнува за да го земе телото на Ренфри за аутопсија. Кога Гералт се противи, граѓаните го присилуваат да замине, поттикнати од Стрегобор. Во 1263, кралството Цинтра е освоено од јужниот сосед Нилфгард, и принцезата Цирила, позната како Цири, е испратена далеку од нејзината баба, кралицата Каланте, да избега и да го најде Гералт. Цирила е фатена од нилфгардскиот офицер Кафир, но глетката од запалениот град и замок ги активира нејзините моќи, овозможувајќи ѝ да избега.
Заснована на „Помалото зло“ од Последната желба.[10]
2 „Четири марки“ Алик Сахаров Џени Клајн 20 декември 2019 (2019-12-20)
Во 1206, грбавата Јенефер од Венгерберг од Аедирн е продадена на Тисаја де Врис од страна на нејзиниот татко. Таа е однесена во Аретуза за обука за магија, но наидува на потешкотии во нејзината пракса. Таа се спријателува со Истред, дури откривајќи го нејзиното четвртина виленичко потекло, причината за нејзиниот деформитет. Непознато за нив, Тисаја и Стрегобор ги користеле Јенефер и Истред да се шпионираат еден со друг. Подоцна, Јенефер просведочила за тоа како Тисаја претвора три студентки во јагули за да служат како спроводници снабдувајќи ја Аретуза со волшебна моќ. Во 1240, Гералт е најмен да истражува кражби на жито во Посада и е придружуван од Јаскиер поетот. Тие наидуваат на еден силван по име Торк, потоа се онесвестени и однесени во планинска пештера. Таму, Гералт го запознава Филавандрел, виленичкиот крал и го тера да го предводи неговиот народ во подобри земји откако биле протерани од луѓето. Наместо да ги убие, Филавандрел ги ослободува Гералт и Јаскиер, трогнат од зборовите на првиот. Во 1263, Цирила го пресретнува Дара, момче од шумата, кој ја води нејзе во бегалски логор. Дара се враќа за да ја спаси неа додека кампот е нападнат од силите на Кахир, и таа подоцна сфаќа дека Дара е виленик.
Заснована на „Работ на светот“ од Последната желба.[10]
3 „Предавничка месечина“ Алекс Гарсија Лопес Бо ДеМајо 20 декември 2019 (2019-12-20)
Во 1210 година, Јенефер и Истред стануваат љубовници додека ја привршуваат нивната обука. Додека Јенефер има можност да го преобрази нејзиното тело во нејзината идеална замисла за време на нејзиното матурирање, Братството на волшебниците разговара за поставувањето на нивните новостекнати матуранти во нивните соодветни кралства. Но низ Стрегоборовата шема, Јенефер е назначена во Нилфгард наместо во посакуваниот Аедирн поради нејзината виленичка крв. Сфаќајќи што се случило, Јенефер налутено раскинува со Истред, знаејќи дека само тој можел да му каже на Стрегобор за нејзината крв. Откако го пропуштила матурирањето, Јенефер минува низ болна преобразба за да биде убава по цена на нејзината плодност. Во својот нов изглед, Јенефер го заведува аедирнскиот крал Вирфурил за да ја земе како советник, праќајќи ја Фрингила во Нилфгард. Во 1243 година, Гералт влегува во кралството Темерија за да истражи едно чудовиште, помогнат од Трис Мериголд, волшебничката советник на кралот Фолтест. Тој го идентификува чудовиштето како стрига, суштевство родено од клетва за која подоцна дознава дека е фрлена од дворјанинот Острит кој дознал за инцестната афера меѓу Фолтест и неговата сестра, принцезата Ада. Користејќи го Острит како мамка, Гералт се бори да ја задржи стригата дозори, со што ја поништува клетвата. Во 1263 година, Цирила, во состојба на транс, влегува во густа шума додека Дара ја следи за да ѝ помогне.
Заснована на „Вештерот“ од Последната желба.[10]
4 „На банкети, копилиња и погреби“ Алекс Гарсија Лопес Деклан де Бара 20 декември 2019 (2019-12-20)
Во 1240 година, откако служела во Аедирн 30 години, Јенефер ја придружува кралицата Калис од Лирија кога тие се заседнати од еден атентатор. Атентаторот ги следи нив низ повеќе портали, убивајќи ја Калис. Иако Јенефер бега со Калисовата новородена ќерка, бебето убива од фрлена кама. Во 1249 година, Гералт го придружува Јаскиер на свршувачката вечера на принцезата Павета, ќерката на кралицата Каланте. Урчеон од Ерленвалд (наречен и како Дуни) го прекинува барањето на Паветовата рака преку Законот на ненадејноста, затоа што го спасил нејзиниот татко години порано. Урчеон страда од клетва која го преобразува него во ежолико суштевство. И покрај прифаќањето од Павета, Каланте одбива и настанува турканица. Кога Каланте се обидела да го убие Урчеон, Павета ја активира својата моќ, испуштајќи вител сè додека Гералт и Мишовур не интервенираат. Сакајќи ќерка ѝ да биде среќна, Каланте ги венча Дуни и Павета, што ја прекинува клетвата на Дуни. Дуни, благодарен на Гералтовата помош, инсистира тој да биде награден, па Гералт на шега се повикува на Законот на ненадејноста за нешто што Дуни го има но сè уште не го знае. Толпата веднаш разбира дека Павета е бремена со детето на Дуни. Во 1263 година, силите на Нилфгард ја продолжуваат нивната потера по Цирила, со Мишовур како нивен затвореник. Во меѓувреме Цири и Дара наидуваат на кралицата Ејтен и нејзините дријади во Брокилонската Шума, додека Кахир и Фрингила трагаат по местоположбата на Цири.
Засновано на „Прашање на цена“ од Последната желба, и „Меч на судбината“ од Меч на судбината.[10]
5 „Потиснати апетити“ Шарлот Брандсторм Снеа Курс 20 декември 2019 (2019-12-20)
Седум години по свршувачката на Павета, во 1256 година, Гералт и Јаскиер пронаоѓаат дух и случајно го ослободуваат. Првично, се чини дека Јаскиер е господарот на духот но тогаш тој станува сериозно болен. Гералт бара помош од најблискиот исцелител, виленикот Хиреадан, но бидејќи им е потребен маѓепсник за да го излечи Јаскиер, Хиреадан неволно ги наведува кај Јенефер. Иако Јенефер го лечи Јаскиер, нејзиниот ппан е да го искористи него за да го фати духот за да ѝ ја исполни желбата за повторно да биде плодна. Откако Јаскиер ја користи својата последна желба, ништо не се случува и се испоставува дека Гералт, а не Јаскиер, е оној кому всушност припаѓаат желбите. Гералт сфаќа дека духот ќе ја убие Јенефер и тој ја користи неговата трета и последна желба за да ја спаси неа (но самата желба не е прикажана). Духот заминува. Сега слободни и безбедни, Гералт и Јенефер постапуваат по нивните привлекувања и имаат секс. Јенефер го запрашува што била неговат трета желба, но Гералт не одговара бидејќи тој конечно заспал. Во 1263 година, Кахир најмува двојник да го земе идентитетот на Мишовур копирајќи го неговиот облик и памтења, потоа убивајќи го. Подоцна, Ејтен ѝ дозволува на Цири да престои во Брокилон, но "Мишовур" пристигнува со барање Цири и Дара да заминат со него.
Заснована на „Последната желба“ од Последната желба.[10]
6 „Ретки видови“ Шарлот Брандсторм Хејли Хол 20 декември 2019 (2019-12-20)
Во 1262 година, Гералт, Јаскиер, и Јенефер се поканети да се придружат на лов на змеј од страна на Борч и неговите две телохранителки Теа и Веа. Витезот на Јенефер се приклучува на дружината заедно со група на џуџиња и Ајдуци, професионални ловци на чудовишта. После прекувечерното кампување, дружината го пронаоѓа витезот мртов и Ајдуците заминати. Гералт и Јенефер се помируваат пред да пристигнат во змејското дувло, но го пронаоѓаат змејот мртов со Теа и Веа живи како го чуваат змејовото јајце. Борч открива дека е Вилентретенмерт, златниот змеј. Петорката го брани јајцето од Ајдуците. Борч подоцна ги исплаќа џуџињата со змејски заби, а Гералт и ја открива на Јенефер неговата трета желба која ги споила нивните судбини заедно. Убедена дека нејзините чувства кон Гералт се вештачки, Јенефер се изјаснува дека не може да биде со него и заминува. Повреден, Гералт се истура врз Јаскиер, обвинувајќи го за сите негови несреќи со надеж дека нема никога да се сретнат повторно. Дара постанува сомнителен кон "Мишовур", па затоа Цири го испрашува и двојникот се испоставува. Во кошкањето, Дара е соборен додека Цири бега, но е фатена од Кахир. "Цири" се открива себеси како двојникот и се бори со Кахир пред да избега. Дара ја ослободува вистинската Цири, но ја напушта. Кахир и Фрингила го планираат нивниот нареден потег.
Засновано на „Границите на разумот“ од Меч на судбината.[10]
7 „Пред една есен“ Алик Сахаров и Марк Џобст Мајк Островски 20 декември 2019 (2019-12-20)
Во 1263 година, со Нилфгард "изгорен" да ја нападне Цинтра, Гералт одлучува да се повика на неговиот Изненаден закон и да ја земе Цири за да ја заштити. Гледајќи низ измамата понудена од Каланте, тој е затворен од Еист. По посетата на Истред, Јенефер се враќа во Аретуза со волшебникот Вилгефорц. Кога тој ја најавува неговата намера да ги собере маѓепсниците да се спротивстават на Нилфгард, таа одбива. Братството гласа да остане неутрално, но Тисаја Вилгефорц и Трис и останатите маѓепсници одлучуваат да се борат. Тисаја ја убедува Јенефер да се придружи. Нилфгард напаѓа, освојувајќи го градот и пробивајќи го замокот. Каланте сака да ја прати Цири далеку со Гералт, но тој избегал од својата ќелија и не може да биде најден. Цири се снаоѓа по нејзиното бегство од Цинтра. Подоцна таа е пронајдена од нејзините стари пријатели што и се нафрлаат, и нејзините моќи се активираат.
Заснована на „Нешто повеќе“ од Меч на судбината.[10]
8 „Многу повеќе“ Марк Џобест Лорен Шмидт Хирсич 20 декември 2019 (2019-12-20)
Јенефер и маѓепсниците ја засилуваат стратешката точка на ридот Соден, со цел да ги спречат нилфгардските сили од напаѓање на остатокот од северните кралства. Откако избегал од Цинтра и во потрага по Цири, девојчето што му е судбина, Гералт се сретнува со трговец кој ги закопува телата на мртви бегалци. Тој го брани човекот од немртви чудовишта, но е повреден и губи свест. Цири е разбудена од жената што ја сретнала претходно и ги открива мртвите тека на нејзините мачители околу неа, убиени на грозоморни начини. Жената ја носи на нејзината фарма. Нилфграѓаните го започнуваат нивниот напад, со двете страни користејќи магија и правејќи тешки штети еден на друг. Тисаја се обидува да ја смири Фрингила, но Фрингила ја онеспособува. Вилгефорц се бори со Кахир, но губи и е фрлен од еден рид. Гералт се буди себеси најден на трговска количка на пат кон фармата на човекот. Кога Вилгефорц се буди, тој убива еден северњачки волшебник, откривајќи се себеси за вртикапа. кога нилфгардските војници започнуваат да ја надвладуваат тврдината, Јенефер испушта голем насочен оган, потоа навидум исчезнува. Во неговата заблудна состојба, Гералт ја сонува неговата мајка Висена, која го напуштила кога бил дете со цел да стане вештер. Тој подоцна пристигнува на истата фарма, и слушајќи ја жената како зборува со човекот за Цири, се насочува кон шумата. Гледајќи привидение од Гералт, Цири се буди и талка во шумата, каде таа и Гералт конечно се сретнуваат, и се прегрнуваат.
Засновано на „Нешто повеќе“ од Меч на судбината.[10]

Времепловот за епизодите, заедно со внатрешните заклучоци на настаните, биле подоцна создадени од Нетфликс за понатамошен опис на овие епизоди.[11]

Производство

[уреди | уреди извор]

Книжевниот серијал Вештерот од Анджеј Сапковски бил речиси прилагоден во единечен филм на Нетфликс, но Кели Лугенбил, заменик претседателот на меѓународните изворни дела на Нетфликс, ги предомислила продуцентите. Таа ги потпрашала, „како да направите осум романи и да ги претворите во филм? Има толку многу материјал тука. Низ повеќе разговори, продуцентите навистина се возбудиле околу идејата за користење на изворниот материјал за долго-метражна серија“.[12] Во мај 2017, Нетфликс го највил почетокот на продукцијата на ТВ драма серијата на англиски јазик заснована на книгите.[13][14]

Во декември 2017, изјавено е дека Лорен Шмидт Хисрич ќе служи како раководител на емисијата.[15] Во април 2018, Шмидт Хисрич открила дека почетната епизода била завршена, и дека првата сезона ќе биде долга осум епизоди.[16] Во 2017 година, било изјавено дека Анджеј Сапковски ќе служи како креативен советник на емисијата, но во јануари 2018 година, Сапковски негирал какво било вклучување.[17] Но сепак, тој се сретнал со Шмидт Хисрич во април 2018 година [18][19] и во мај 2018 година таа изјавила дека е во креативниот состав на проектот.[20] Во август, Ендру Лос бил објавен како продукциски дизајнер.[21] Во декември, Radio Times изјавил дека режисерите Алик Сахаров и Шарлот Брандсторм се придружиле на проектот.[22]

Нетфликс најавил втора сезона на 13 ноември 2019,[23] со продукцијата наместена, да почне, во Лондон во почетокот на 2020, со планирано објавување во 2021.[24]

Пишување

[уреди | уреди извор]

Првата сезона е раскажана на нелинијарен начин, опфаќајќи различни временски периоди. Хисрич рекала дека ова вдахновение на филмот од 2017 „Динкерк“ на Кристофер Нолан.[25] Таа посочила дека јенеферовата приказна зафаќа околу 70 години а онаа на Цири околу 2 недели.[26] Со покажување на нивните позадини, заедно со гералтовата, „Ние стигаме до душата на приказната. Тоа е приказна на едно растурено семејство. Тоа е приказна на тројца луѓе кои сами на своето, впрочем сираци кои живеат на маргините од општевството решени дека никој не им е потребен, а секако дека им треба некој“.[27]

Хисрич рекла дека приказната за втората сезона ќе биде направена на темелите од првата сезона, станувајќи пососредоточена; ликовите ќе општат едни со други почесто.[28]

Распределени улоги

[уреди | уреди извор]
Фреја Алан, Хенри Кавил и Ања Чалотра на Конвенцијата во Сан Диего во 2019 за Вештерот

Во септември 2018 година, Нетфликс најавил дека Хенри Кавил ќе го глуми Гералт од Ривија.[29][30] Тој бил избран од повеќе од 200 глумци.[31] Во октомври 2018 година, Фреја Алан и Ања Чалотра биле ангажирани како принцезата Цирила и Јенефер од Венгенберг редоследно, додека Џоди Меј, Бјор Хлинур Харалдсон, Адам Леви, Мијана Буринг, Мими Ндивени, и Терика Вилсон Рид исто така биле вклучени.[32] Повеќе одбирања на глумци биле најавени подоцна истиот месец, вклучувајќи ги Ејмон Ферен, Џои Бејти, Ларс Микелсен, Ројс Пирсон, Маќеј Мусиал, Вилсон Раџу Пуџалте, и Ана Шејфер.[33]

Во февруари 2020 година, Нетфликс најавил Ким Бодниjа бил избран за улогата на Весимир, искусен вештер и ментор на Гералт.[34] Останати дополнувања биле Кристофер Хивју, Јасен Атур, Агнес Борн, Пол Булион, Туе Ерстед Расмусен, Ајша Фабиен Рос, и Месиjа Симсон.[34]

Во април 2018 година, Шмидт Хисрич открила дека емисијата би била снимана во Средна и Источна Европа.[35]

Првичните фотографии за првата сезона започнале на 31 октомври 2018 во Унгарија.[33] Голем дел од серијата била снимена во „Мафилм Студиос“ близу Будимпешта; надворешните кадри ја вклучувале надворешноста на домот на волшебникот Стрегобор. Салата во Цинтра била изградена во „Ориго Студиос“ на периферијата на Будимпешта. Тврдината Моностир (Monostori Erod) и блиската шума биле користени за неколку надворешни сцени во Цинтра. Битката на Марнадал била снимена на ридовите на едно село во Унгарија, Чакберени. Селото кое било јенеферовиот првичен дом било снимено во Музеј-селото Сканцен, место на отворено близу Сентендре околу 32 километри северно од Будимпешта; ова место исто така било користено во сцени со Цири во област со една ветерница. Продукцијата го користела надворешниот дел на Бург Кројценштајн, дворец близу Леобендорф, Австрија, за напуштениот измислен замок Визима, но внатрешноста била снимена во „Ориго Студиос“.[36]

Во март 2019 година, продукцијата започнала на Гран Канарија, на Канарските Острови, Шпанија. Некои сцени биле снимани на островите Ла Палма и Ла Гомера, исто така.[37] Сцените од волшебничката Академија Аретуза (Кула на галебот) биле снимени на Роке де Санто Доминго во Гарафија, едно островче, и изработени со CGI. Сепак, внатрешноста користена за матурскиот бал била снимана во Музејот Кишчели во Обуда. Музејот бил манастир во 18 век. Ова место било исто така користено за собирот на северните маѓепсници. Областа на селото Баранко де Фатага на островот Гран Канарија била користена за некои сцени како земјоделски пејзаж. Кога Цири патувала во пустината, глумицата всушност била во Резерват на природни дини кај Маспалмас на Гран Канарија. Грото од епизодата шест била снимена на островот Ла Палма.[38]

Снимањето на првта сезона завршило во Замокот Огродѕиениец во Полска. Рушевините на овој средовековен замок, датираат од 1300те, биле позадина за сцените вклучувајќи го измислените Вилгефорц од Рогевин и Трис Мериголд. Рушевините исто така се вклучени во снимањето на Битката кај Ридот Соден во последната епизода од првата сезона.[38][39] Снимањето за првата епизода било завршено во мај 2019.[40]

Снимањето за втората сезона било во Лондон на почетокот од 2020 година, но било запрено две недели во март поради грижи околу пандемијата на COVID-19.[41] Глумецот Кристофер Хивју потврдил дека бил позитивен на тестот, односно на COVID-19.[42]

Оригиналната песна „Toss a Coin to Your Witcher“, компонирана од Соња Белоусова и Џина Остинели, и отпеана од Јаскиер (Бејти) во втората епизода, стана заразен хит кратко откако серијата била објавена.[43] Корисниците направиле модови за да ја прикачат песната на адаптациите на видео игрите „Вештерот“.[44]

Објавување

[уреди | уреди извор]

Во април 2019 година, Тед Сарандос од Нетфликс им кажал на инвеститорите во еден повик околу заработките дека серијата ќе биде објавена доцна 2019 година.[45] Серијата ја доживеала својата премиера на 20 декември 2019 година.[46]

Рекламирање

[уреди | уреди извор]

Нетфликс го објавил првото промотивно видео за серијата во Комик-конот во Сан Диего на 19 јули 2019 година.[47][48] Првиот целосен трејлер бил пуштен на Lucca Comics & Games на 31 октомври 2019 година.[46][49] Нетвликс објавил краен трејлер на 12 декември 2019 година.[50]

Критички прием

[уреди | уреди извор]

Мрежното место за прегледи Rotten Tomatoes се изјаснил за 67% прифатлив рејтинг за првата сезона, со просечен рејтинг од 6.06/10, засновано на 85 прегледи. Критичниот концензус им гласи: „Иако светот на Вештерот на моменти се чувствува како половичен. Хенри Кевл носи моќна харизма во серија која изобилува со субверзивни фантазиски елементи и мрачен хумор“.[51] Метакритик, кој дава понизок просек, ја оценил сезоната со успех на 53 од 100 засновано од 17 критичари, укажувајќи на мешани или просечни прегледи.[52] Во еден позитивен преглед од првата сезона, Ерик Кејн од Форбс напишал, „ако бараш оригинална мрача фантазија со неколку елементи на хорор, малку голотија и изобилие на крв и крвопролевање (и чудовишта) престанете да барате“,[53] додека Џејмс Витбрук од io9 кажал,„ако имате волја да седите низ тие бавни воведни епизоди, испрекинати со забавни борби ваму, или интригирачка сцена со некој лик таму, Вештерот бавно но сигурно го наоѓа фантастично парче на крвава заробувачка забава“.[54] Спротивно, критичарот Дерен Френич од Entertainment Weekly кажал, „мојата судбина е никогаш да не го гледам овој фестивал на досада повторно“, наградувајќи ја првата сезона со F рејтинг.[55] Френич навлекол критики кога тој признал дека ги гледал само првата, втората и петтата епизода.[56] Авторот Анджеј Сапковски, коментирајќи во прилог на емисијата, изјавил, „Јас бев повеќе од среќен со појавувањето на Хенри Кевл како Вештерот. Тој е вистинки професионалец. Исто како што Виго Мортенсен го даде лицето на Арагорн (во Господарот на прстените), така Хенри го даде неговото на Гералт - и така ќе биде засекогаш“. Сапковски додал, „Јас ќе бидам среќен ако гледачите - и читателите - да примат нешто, нешто што нив ќе ги збогати на некој начин. Исто така јас искрено се надевам да ги оставам гледачите - и читателите - загреани. Во секоја смисла. Ни ладно, ни студено“.[57]

Гледаност на публиката

[уреди | уреди извор]

Според „Перот Аналитикс“, на дебито на Вештерот во САД, станала третата најбарана оригинална серија преземена за гледање, зад „Почудни нешта“ и „Мандалорецот“.[58] Перотовиот процес мери "изрази на побарувачка", која е "нивната глобална стандардизирана единица мерка за ТВ побарувачка која се одразува на желбата, спојувањето, и гледаноста на една серија чија важност е измерена".[59] На 31 декември 2019 година, Парот Аналитикс изјавил дека Вештерот станала најбараната ТВ серија на светот, на сите платформи.[60]

На 30 декември 2019 година, Нетфликс неколку официјални листи, вклучувајќи и најпопуларни ТВ емисии во 2019. Серијата била најгледна на пазарот во Соединетите Држави, каде „Вештерот“ била рангирана втора помеѓу сериите.[61] На 21 јануари 2020 година Нетфликс најавил дека првата сезона била гледана од преку 76 милиони гледачи на нивната платформа во рок од првиот месец од премиерата.[62] од 70% од епизода преку претходната мерка, па до две минути од новата мерка. Новата мерка дава цифри за гледаност 35% повисоки од просекот во однос на претходната.[63] 76-те милиони гледања од новиот месец засновани на новата мерка (барем 2 минути или повеќе) е најголема за една Нетфликс серија лансирана по воведувањето на новата мерка на гледаност.[64][65]

Продажбата на Вештерот 3: Див Лов во декември 2019 биле 554% повисока од онаа во декември 2018, придонесено со обновениот интерес во серијалот поради емисијата.[66]

Анимиран спиноф-филм

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2020 година, Нетфликс најавил анимиран спиноф-филм насловен Вештерот: Кошмар на волкот, фокусирајќи се на приказната за потеклото на гералтовиот ментор и колега вештер Весимир. Лорен Шмидт Хисрич и Бо ДеМајо работеле на филмот, со продукција од Студио мир.[67]

  1. Skrebels, Joe (17 мај 2017). „Netflix to Produce The Witcher TV Series“. IGN. Архивирано од изворникот на 23 септември 2019. Посетено на 14 март 2020.
  2. „We started production of the series based on "The Witcher" in coop. with @NetflixUS and SeanDanielCompany“. Twitter. 17 мај 2017. Архивирано од изворникот на 17 мај 2017. Посетено на 14 март 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Lodderhose, Diana (17 мај 2017). „Netflix To Produce 'The Witcher' TV Series“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на 28 февруари 2019. Посетено на 21 април 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 Točíková Vojteková, Zuzana (21 февруари 2019). „Slovak Tax Incentives Lure British and US TV Series to Shoot in Slovakia“. Filmneweurope. Архивирано од изворникот на 21 февруари 2019. Посетено на 22 април 2020.
  5. „The Witcher“. stillking.com. Архивирано од изворникот на 2 јануари 2019. Посетено на 22 април 2020.
  6. „The Witcher“. weacceptyou.com. Архивирано од изворникот на 29 април 2019. Посетено на 22 април 2020.
  7. „The Witcher“. Cinesite. Архивирано од изворникот на 22 март 2019. Посетено на 22 април 2020.
  8. Сапковски, Анджеј (14 март 2017). Дамата од езерото (Прво во Соединетите Држави. изд.). Њујорк. ISBN 978-0-316-27383-1. OCLC 967791252.
  9. 'The Witcher' Renewed for Season 2 at Netflix Ahead of Series Premiere“. Variety (magazine). 26 декември 2019. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2019. Посетено на 22 април 2020.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 10,7 Rougeau, Michael (23 декември 2019). „The Witcher Books: Reading Order And Which Stories Inspired The Netflix Show“. Gamespot. Архивирано од изворникот на 26 декември 2019. Посетено на 27 април 2020.
  11. „Netflix | The Witcher | Map of the Continent“. www.witchernetflix.com. Посетено на 1 мај 2020.
  12. Boog, Jason (12 април 2019). „The Netflix Literary Connection“. Publisher Weekly. Архивирано од изворникот на 20 април 2019. Посетено на 1 мај 2020.
  13. „The Witcher Saga: has Netflix found its Game of Thrones?“. The Telegraph. 17 мај 2017. Архивирано од изворникот на 22 јуни 2018. Посетено на 1 мај 2020.
  14. Purchese, Robert (May 18, 2017). „The Witcher Netflix series begins production“. Eurogamer. Архивирано од изворникот на 23 ноември 2018. Посетено на 1 мај 2020.
  15. Holloway, Daniel (8 декември 2018). „Lauren Schmidt Hissrich to Adapt 'The Witcher' for Netflix (EXCLUSIVE)“. Variety (magazine). Архивирано од изворникот на 3 јуни 2018. Посетено на 1 мај 2020.
  16. Arif, Shabana (23 април 2018). „The Witcher TV Show Will Be 8 Episodes Long, Likely Released in 2020“. IGN. Архивирано од изворникот на 8 септември 2018. Посетено на 1 мај 2020.
  17. „Andrzej Sapkowski: Como o Este e o Oeste, "a adaptação e o original nunca se irão encontrar" - JPN“ [Andrzej Sapkowski: Like the East and the West, "the adaptation and the original will never meet"]. jpn.up.pt (португалски). 18 декември 2017. Архивирано од изворникот на 4 мај 2018. Посетено на 1 мај 2020.
  18. Barragan, Karen (17 мај 2017). „The Witcher Saga coming to Netflix“. Netflix Media Center. Архивирано од изворникот на 20 мај 2017. Посетено на 1 мај 2020.
  19. @LHissrich (13 април 2018). „Na zdrowie!“ (Tweet). Посетено на 1 мај 2020 – преку Twitter.
  20. Lauren S. Hissrich [@LHissrich] (8 мај 2018). „Then rest easy. There are several Polish people on the creative team — starting with Mr Sapkowski“ (Tweet). Посетено на 1 мај 2020 – преку Twitter.
  21. Marc, Christopher (21 август 2018). „Netflix's 'The Witcher' Series Adds 'The Gunman/American Assassin' Production Designer“. Geeks WorldWide. Архивирано од изворникот на 24 март 2019. Посетено на 2 мај 2020.
  22. Allen, Ben (1 јули 2019). „When is The Witcher released on Netflix? Who's in the cast, and what's going to happen?“. Radio Times. Архивирано од изворникот на 1 јули 2019. Посетено на 2 мај 2020.
  23. Schwartz, Ryan (13 ноември 2019). „The Witcher Scores Early Season 2 Renewal at Netflix“. TVLine. Архивирано од изворникот на 19 ноември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  24. Otterson, Joe (13 ноември 2019). 'The Witcher' Renewed for Season 2 at Netflix Ahead of Series Premiere“. Variety. Архивирано од изворникот на 17 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  25. Abdulbaki, Mae (23 декември 2019). „How The Witcher Was Inspired By Christopher Nolan's Dunkirk“. CinemaBlend. Архивирано од изворникот на 26 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  26. [1] Архивирано на 26 декември 2019. "The Witcher's confusing timelines explained"] 'Gamespot'
  27. Hurley, Laura (5 декември 2019). „Why Netflix's The Witcher Doesn't Focus On Just Henry Cavill's Geralt In Season 1“. CinemaBlend. Архивирано од изворникот на 28 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  28. Russell, Bradley (23 декември 2019). „The Witcher Netflix showrunner teases season 2: "There's a stronger drive to the story". GamesRadar+. Архивирано од изворникот на 26 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  29. Whitbrook, James (4 септември 2018). „Henry Cavill Will Lead Netflix's Witcher Series as Geralt of Rivia“. io9 (англиски). Архивирано од изворникот на 5 септември 2018. Посетено на 3 мај 2020.
  30. Tassi, Paul (4 септември 2018). „Netflix's 'The Witcher' Series Finds Its Geralt In Henry Cavill“. Forbes (англиски). Архивирано од изворникот на 5 септември 2018. Посетено на 3 мај 2020.
  31. Elderkin, Beth (23 јули 2019). „Here's Why The Witcher Auditioned 207 Other Guys For Geralt When Henry Cavill Was Right There“. Gizmodo. Архивирано од изворникот на 26 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  32. Petski, Denise (10 октомври 2018). 'The Witcher': Netflix Fantasy Drama Series Casts Its Females Leads Ciri & Yennefer“. Deadline. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2018. Посетено на 3 мај 2020.
  33. 33,0 33,1 Petski, Denise (31 октомври 2018). 'The Witcher': First Look At Henry Cavill As Geralt Of Rivia; Netflix Rounds Out Cast As Production Begins“. Deadline. Архивирано од изворникот на 1 ноември 2018. Посетено на 3 мај 2020.
  34. 34,0 34,1 Shanley, Patrick (28 февруари 2020). 'The Witcher' Casts 'Killing Eve' Alum in Key Role“. The Hollywood Reporter. Посетено на 3 мај 2020.
  35. Lauren S. Hissrich [@LHissrich] (21 април 2018). „WE'LL BE SHOOTING IN EASTERN EUROPE. Yes! This show couldn't exist anyplace else. Period. Also, I just spent ten days surrounded by Slavic eye-candy. I MUST come back, soon“ (Tweet). Посетено на 3 мај 2020 – преку Twitter.
  36. „The Witcher Filming Locations Guide: Where was The Witcher filmed?“. Atlas of Wonders. 26 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020. The Witcher was filmed on location in Hungary, Austria, the Canary Islands (Spain) and Poland.
  37. Navarro, Nora (2 март 2019). 'The Witcher' se rueda en Gran Canaria“ ['The Witcher' is shot in Gran Canaria]. LA Provincia (шпански). Архивирано од изворникот на 18 април 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  38. 38,0 38,1 „The Witcher Filming Locations Guide: Where was The Witcher filmed?“. Atlas of Wonders. 26 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  39. Zagalski, Jakub (13 ноември 2019). "Wiedźmin": byliśmy na planie hitu Netfliksa. "Od początku chcieliśmy kręcić w Polsce". teleshow.wp.pl (полски). Архивирано од изворникот на 14 ноември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  40. Haas, Dylan (31 мај 2019). „Netflix's The Witcher Series Officially Wraps Production“. Paste (magazine). Архивирано од изворникот на 4 јуни 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  41. Kanter, Jake (16 март 2020). 'The Witcher' Becomes First Major TV Drama Made In The UK To Be Halted By Coronavirus“. Deadline Hollywood. Посетено на 3 мај 2020.
  42. Thorne, Will (16 март 2020). 'Game of Thrones' Star Kristofer Hivju Tests Positive for Coronavirus“. Variety (magazine). Посетено на 3 мај 2020.
  43. France, Lisa Respers (1 јануари 2020). 'The Witcher' has us singing 'Toss a Coin to Your Witcher'. CNN. Архивирано од изворникот на 8 јануари 2020. Посетено на 3 мај 2020.
  44. Good, Owen (5 јануари 2020). „The Witcher 3 mods bring Henry Cavill and 'Toss a Coin' to life in the game“. Polygon (website). Архивирано од изворникот на 7 јануари 2020. Посетено на 3 мај 2020.
  45. Crecente, Brian (17 април 2019). 'The Witcher' Netflix Show Hits This Fall“. Variety. Архивирано од изворникот на 17 април 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  46. 46,0 46,1 Gonzalez, Oscar (31 октомври 2019). „Netflix's The Witcher begins streaming in December“. Cnet. Архивирано од изворникот на 31 октомври 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  47. Netflix (19 јули 2019), The Witcher | Official Teaser | Netflix, Архивирано од изворникот на 20 јули 2019, Посетено на 3 мај 2020
  48. Morton, Lauren (19 јули 2019). „The first trailer for Netflix's Witcher series is here“. PC Gamer (англиски). Архивирано од изворникот на 20 јули 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  49. „Netflix arriva a LC&G 2019“. 13 декември 2019. Архивирано од изворникот на 17 октомври 2019. Посетено на 3 мај 2019.
  50. „THE WITCHER FINAL TRAILER NETFLIX“. www.youtube.com. YouTube. Архивирано од изворникот на 12 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  51. „The Witcher: Season 1 (2019)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на 18 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  52. „The Witcher - Season 1 Reviews“. Metacritic. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2020. Посетено на 3 мај 2020.
  53. 'The Witcher' Netflix TV Series Review: The Good, The Bad And The Monstrous“. Forbes. Архивирано од изворникот на 21 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  54. „The Witcher Takes Way Too Damn Long to Get Interesting, But It Gets There“. io9. Архивирано од изворникот на 2023-12-03. Посетено на 3 мај 2020.
  55. „Netflix's The Witcher is nakedly terrible: Review“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 21 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  56. Garbone, Gina (22 декември 2019). „Netflix's The Witcher Showrunner Had The Best Response To Bad Reviews“. CinemaBlend. Архивирано од изворникот на 27 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  57. „How The Witcher Author Feels About Henry Cavill's New Netflix Series“. CinemaBlend. 21 декември 2019. Архивирано од изворникот на 22 декември 2019. Посетено на 3 мај 2020.
  58. „Netflix's 'The Witcher' is one of the biggest shows in the US despite poor reviews from critics“. Business Insider. 28 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-04-01. Посетено на 4 мај 2020.
  59. „Analysts Say Netflix's 'The Witcher' Was The Third Biggest Streaming Original In Its US Debut“. Forbes. Архивирано од изворникот на 30 декември 2019. Посетено на 4 мај 2020.
  60. „Netflix's 'The Witcher' dethroned 'The Mandalorian' as the biggest TV series in the world“. Business Insider. 31 декември 2019. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2020. Посетено на 4 мај 2020.
  61. 'Stranger Things 3,' 'The Witcher,' 'When They See Us' Among Netflix's Most Popular TV Shows in 2019“. Variety (magazine). 30 декември 2019. Архивирано од изворникот на 31 декември 2019. Посетено на 4 мај 2020.
  62. Hayes, Dade (21 јануари 2020). „Netflix Calls 'The Witcher' Biggest New Show, Reveals Viewership Stats For 'You' & '6 Underground' As It Explains Ratings Methods“. Deadline Hollywood. Посетено на 4 мај 2020.
  63. Spangler, Todd (21 јануари 2020). 'The Witcher' on Track to Be Netflix's Biggest TV Show Premiere Ever, Company Claims“. Variety.
  64. Gartenberg, Chaim (21 јануари 2020). „Netflix reveals that 76 million people watched at least two minutes of The Witcher“. The Verge. Посетено на 4 мај 2020.
  65. „Netflix's New Ratings Math Sacrifices Clarity for Flashy Numbers“. The Hollywood Reporter. 23 јануари 2020. Посетено на 4 мај 2020.
  66. Parlock, Joe (14 февруари 2020). „The Witcher 3 sales were up 554% thanks to the Netflix show“. PC Gamer. Посетено на 4 мај 2020.
  67. Darcy, Ann Darcy. „Everything We Know About 'The Witcher' Animated Film Coming to Netflix“. cheatsheet.com. Архивирано од изворникот на 2020-07-27. Посетено на 4 мај 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]