Огнена крштевка (роман)
Автор | Анджеј Сапковски |
---|---|
Изворен наслов | Chrzest ognia |
Земја | Полска |
Јазик | полски |
Серијал | Вештерот |
Жанр | Фантастика |
Медиум | Печатено издание |
Страници | 352 |
ISBN | 978-0-575-09097-2 |
Претходна | Време на презир |
Следна | Кулата на ластовицата |
Огнена крштевка (полски оригинален наслов: Chrzest ognia) е трет роман од Вештерот (сага) напишан од полскиот писател за фантастика Анджеј Сапковски, првпат објавен во 1996 година на полски и на англиски јазик во 2014 година. Тоа е продолжение на вториот роман Вештерот, Време на презир (Czas pogardy) и е проследен со Кулата на ластовицата (Wieża Jaskółki).
Заплет
[уреди | уреди извор]Гералт закрепнува во шумата Брокилон по инцидентот во Танед, но тој има намера да замине што е можно побргу и да продолжи по својот пат да ја пронајде Сири. Во Брокилон, тој се среќава со една девојка, која ќе го следи на неговото патување кон Нилфгард. Во меѓувреме, Сири се прибрала во живот со одредени луѓе на одредено место кои таа конечно може да ги нарекува свои пријатели. Вештерот, придружуван од Јаскер и девојката сретната во Брокилон, презема опасно патување, запознавајќи нови луѓе на патот и откривајки ја вистината за загадочниот Црн јавач кој ја мачи Сири во соништата. Еден од новите пријатели што го среќаваат по патот излегува дека е прилично интересен...
Додека закрепнувал во Брокилон од неговите повреди здобиени за време на пучот во Танед, Гералт се среќава со Милва, ловец и стручен стрелец. Нејзиното мајсторство во стрелање е неприкосновено. И покрај тоа што особено не и се допаднал на опоравениот вештер, таа одлучува да го следи Гералт, кој е придружуван од Јаскер, на неговиот пат кон Нилфгард и надевајќи се, кон Сири. Патувањето не е лесно, војната се шири навидум во сите правци и скоро секој град е во пламен.
За време на нивното патување тие се среќаваат со група џуџиња предводени од Золтан Чивеј. Бидејќи се чини дека сите одат во иста насока, дружината на Гералт им се придружува на групата, кои исто така внимаваат на некои жени и деца бегалци.
На неколку точки од нивното патување, Гералт и неговите придружници наидуваат на Кејхир, претходно споментиот „Црн јавач“ што вознемирувал во соништата на Сири. Првично, витез се транспортира како затвореник од страна на некои наемници, кога Гералт го поштедува неговиот живот по вторпат. Сепак, вештерот не сака никаква врска со младиот Нилфграѓанец и го остава на сопствените сили, Кејхир е секогаш упорен и продолжува да ги демни вештерот и неговата придружба. На крајот, преку вмешување на Милва, младиот витез се приклучува на групата.
Конечно, на дружокот се придружува Риџес, вампир, некои можеби ќе речат „чудовиште“, кој прилично изненадувачки станува добар пријател на ловецот на чудовишта. Риџес се покажува непроценлив поради неговите медицински способности.
Додека групата патува на исток, тие неизбежно се фатени помеѓу завојуваните страни, што ги води во булкот на Битката на мостот на Јаруга, каде што групата е клучна во победата на кралицата Меве. Гералт претходно се нарекол себеси „Гералт од Ривија“ заради кредибилитет, сепак, веднаш по оваа битка Гералт е случајно овитезен од кралицата и службено станува „Гералт од Ривија“.
Во меѓувреме, Сири се прибрала во живот со дружина на млади бунтовници кои себеси се нарекуваат Стаорците и станала позната како „Фалка“. Со Стаорците, таа доживува убиства на редовна основа, но исто така и создава силна врска со Мисл. Убивањето на крајот станува опсесија на поранешната принцеза.
Друга приказна во заднина се осврнува околу создавањето на Ложата на волшебничките. Се испоставува дека Франческа Финдебар успеала да ја фати и да ја стави Јенефер во жадна фигурина, по настаните на Островот Танед. Се чини дека Ложата е многу заинтересирана да ја искористи Сири во своја полза во контролата врз политиката и да ѝ даде приоритет на магијата, што ги наведува индиректно да ја присилат Јенефер да се приклучи во нивната група. Една нилфгардска волшебничка, Фринџила Виго, успева да и помогне на Јенефер да избега од една од состаноците во ложата за да ја спаси Сири.
Преводи
[уреди | уреди извор]Објавено е на чешки (Leonardo, 1997), руски (AST, 1997), шпански (Bibliopolis, 2005), литвански (Eridanas, 2006), германски (DTV, 2009), француски (Bragelonne, 2010), српски (Čarobna Knjiga, 2011), фински (WSOY, 2014), унгарски (PlayOn, 2015) и португалски (WMF Martins Fontes, 2015), украински (KSD, 2016). Англиското издание било издадено од Gollancz на 6 март 2014 година.[1]
Адаптации
[уреди | уреди извор]Во 2018 година, била објавена аудио книга на полски јазик. Станува збор за висококвалитетна аудио книга, со десетици глумци, музика и посебни ефекти.[2][3]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Andrzej Sapkowski - Baptism of Fire“. The Orion Publishing Group. Посетено на 17 април 2020.
- ↑ Gerwant (5 април 2018). „Słuchowisko "Chrzest ognia" - recenzja“. Wiedźmińskie Siedliszcze (полски). Посетено на 17 април 2020.
- ↑ Grzegorz (22 февруари 2018). „Przeszedłem Chrzest Ognia. Wrażenia po odsłuchaniu wiedźmińskiego słuchowiska“. 300 Kultura (полски). Посетено на 17 април 2020.
|