Последната желба (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Последната желба
АвторАнджеј Сапковски
Наслов на
оригиналот
Ostatnie życzenie
ЗемјаПолска
Јазикполски
СеријалВештерот
ЖанрФантазија
МедиумПечатено издание
Страници288
ISBN978-0-575-08244-1
СледнаМеч на судбината 

Последната желба (полски: Ostatnie życzenie) е прва (по својата измислена хронологија; објавена втора на оригинален полски јазик) од двете збирки раскази (другата е Меч на судбината) која и претходи на главната Сага за Вештерот, напишана од полскиот писател за фантазија Анджеј Сапковски. Првото полско издание било објавено во 1993 година[1] а првото англиско издание за првпат било објавено во 2007 година.[2] Книгата е преведена и на неколку други јазици.

Збирката содржи шест раскази испреплетени со продолжена рамковна приказна: Гералт од Ривија, откако се повредил во битка, почива во храм. За тоа време, тој има ретроспективи на неодамнешните настани во неговиот живот, при што секоја ретроспектива формира кратка приказна.

Заплет[уреди | уреди извор]

Гласот на разумот[уреди | уреди извор]

Głos rozsądku - рамковна приказна

Во религиозниот Храм на Мелител во Еландер, ранетиот Гералт е разбуден од неговата дремка од Иола, немата слугинка на Мелител. Двајцата водат љубов, и заспиваат заедно, со тоа што Гералт сонува за неговата борба со стрига, моќното чудовиште кое го ранило, во Визим („Вештерот“).

Во утринските часови, свештеничката Ненеке ги буди и инсистира Гералт да учествува во транс со Иола, што ќе им ја покаже иднината на Гералт. Гералт одбива („Зрно на вистината“).

Пристигнуваат двајца витези од редот на белата роза, грофот Фалвик и Сер Таилс. Тие имаат наредба од кнезот на Еландер да го набркаат Гералт надвор од градот. Гералт ветува дека ќе замине за три дена. Навреден, Таилс го предизвикува Гералт на двобој, а витезите ветуваат дека ќе се вратат („Помалото зло“). Подоцна Гералт и раскажува на Иола за својата историја како вештер и за судбината ("Прашање за цена").

Наскоро пристигнува Јаскер (познат на англиски како Данделајн; во буквален превод Лутиче), поет и пријател на Гералт. Тие разговараат за тоа како професијата на вештер ја губи профитабилноста во модерните времиња („Работ на светот“). После тоа, Гералт разговара со Ненеке за Јенефер, посакувајќи да и ’даде дел од својата исплата од поразот на стригата. Тој раскажува како ја запознал Јенефер на барање на Ненеке („Последната желба“).

Конечно, Гералт и Јаскер го напуштат храмот, но се запрени од Фалвик и Таилс и дружина војници. Тие се придружени со Денис Кранмер, џуџето капетан на кнезовата гарда. Витезите го ставаат Гералт во непобедлива ситуација, во која тој мора да го прифати претходниот предизвик на Таилс, но да не му наштети на Таилс, инаку ќе биде убиен. Гералт прифаќа, но избегнува казна предизвикувајќи Таилс да се повреди. Денис ја прифаќа дупката во договорот и дозволува Гералт да си замине, искрено надевајќи се дека во иднина повторно ќе го сретне Гералт.

Пред да замине Гералт, случајно ја допира раката на Иола, поттикнувајќи транс. Гералт, Иола и Ненеке гледаат крвав и насилен привид од иднината на Гералт. Гералт го отфрла привидот, тврдејќи дека го видел тоа порано и се збогува со Ненеке.

"Вештерот"[уреди | уреди извор]

Wiedźmin

Гералт се среќава со кралот на Темерија, Фолтест, за да ја излечи ќерката на кралот, родена од инцест со неговата покојна сестра, од проклетството што ја претворило во монструозна стрига, која сега го тероризира градот, за вредна награда. Фолест инсистира на тоа дека Гералт да не ја повреди неговата ќерка претворена во стрига, но наскоро му дозволува на Гералт да ја убие стригата ако Гералт одлучи дека стригата не може да биде излечена назад во нејзината човечка форма.

Гералт ја поминува ноќта во старата палата во која е сместена стригата. Господарот Острит, големец од Новиград, пристигнува и се обидува да го поткупи Гералт да избега. Острит сака да ја искористи ситуацијата со стригата како доказ за неможноста на Фолстест да владее, убедувајќи ги жителите да го поддржат владеењето на Новиград врз Темерија наместо Фолстест. Гералт одбива и го нокаутира Острит за да го искористи како мамка за стригата.

Гералт се бори со стригата и наскоро ја соборува, и покрај отпорноста на стригата кон сребро, што нормално лесно ги победува чудовиштата. Во утринските часови, Гералт погрешно верува дека стригата се претворила назад во човек, и е тешко ранет пред стригата целосно пак да се престори во млада девојка. Гералт ги врзува раните и заминува, откако ја заработил својата награда.

"Зрно вистина"[уреди | уреди извор]

Ziarno prawdy

Додека патувал низ шума, Гералт наидува на човечки трупови со чудни рани. Еден труп има сина роза закачена на фустанот.

Следејќи го патот од каде што поминале мртвите, вештерот пристигнува во навидум напуштена вила. Пред да влезе во просториите, тој забележува жена во шумската линија како го гледа. Таа бега откако Гералт ја забележува.

Гералт се приближува кон куќата и нејзиниот сопственик, голем ѕвер налик на мечка по име Нивелен, се обидува да го исплаши но без успех. Нивелен му дозволува на Гералт да влезе во куќата, која натприродно ја почитува секоја команда на Нивелен. Нивелен дискутира како, во еден момент, тој бил човек што силувал свештеничка на верски храм, која го проколнала да биде ѕвер сè додека не се исполнат одредени услови, но Нивелен не може да се сети какви биле тие услови. Враќајќи се во вилата, неговиот семеен дом, тој се обидел да ги забавува ќерките на трговците за да се излекува од неговата клетва, но ништо од тоа не помогнало.

Пред да замине, Гералт го предупредува Нивелен дека неговата најнова врска, наречена Верена, всушност може да биде чудовиште. Нивелен инсистира на тоа дека тој и Верена се навистина вљубени и сега се двоуми да го скрши проклетството. Гералт забележува дека неговиот коњ чудно се однесува, но го занемарува и заминува.

По патот, Гералт сфаќа зошто неговиот коњ се однесувал чудно и се враќа во вилата. Тој е пречекан од Верена, која Гералт ја идентификува како брукса, чудовиште налик на вампир со телепатски способности. Се води борба. Бруксата го совладува Гералт, но Нивелен се приклучува во борбата и го набива чудовиштето на колец. Бруксата телепатски ја исповеда нејзината љубов кон Нивелен непосредно пред Гералт конечно да ја убие. Исповедта го крши проклетството на Нивелен и тој се враќа во нормала.

Помалото зло[уреди | уреди извор]

Mniejsze zło

Во очи на пазарниот фестивал, Гералт јава во градот Блавикен влечејќи труп на чудовиште. Тој го бара Калдемејн, старешина во градот, да се обиде да добие награда за убиството на чудовиштето. Калдемајн одбива, но еден од неговите чувари споменува дека градскиот волшебникот може да го вредни.

Тие се упатуваат кон кулата на волшебникот, кој не е заинтересиран за трупот, но сепак сака да го запознае Гералт. Гералт влегува во кулата и открива дека волшебникот е Стрегобор, маѓесник што го запознал претходно. Стрегобор објаснува зошто се крие и зошто посакал да се сретне со Гералт: една млада, наводно проклета жена сака да го убие, а Стрегобор сака заштита од Гералт. Гералт одбива во неверување и си заминува.

Во меѓувреме, опишаниот убиец, по име Ренфри, влегла во Блавикен заедно со нејзинината група на платеници. Гералт ја запознава неа во локална таверна, а таа им објаснува на Гералт и Калдемејн дека носи писмо од крал дека таа е под негова заштита, што го потврдува и Калдемејн. Таа ноќ, кога Гералт се повлекува во својата таванска соба во домот на Калдемејн, тој ја пронаоѓа Ренфри. Ренфри објаснува дека Стрегобор претходно се обидел да ја убие без причина освен поради суеверие, и го охрабрува вештерот да го убие Стрегобор наместо неа. Гералт, повторно, одбива и ја моли Ренфри да му прости на Стрегобор за да докаже дека суеверието е погрешно. Ренфри одбива, но имплицира дека ќе го напушти градот мирно пред да ја мине ноќта со Гералт.

Утрото, на денот на пазарниот фестивал, Гералт сфаќа дека Ренфри излажала, и дека не го напуштила градот, туку всушност ќе ги масакрира луѓето во Блавикен за да го привлече Стрегобор од неговата кула. Гералт ита кон пазарот и ги пронаоѓа платениците на Ренфри. Иако тие не покажуваат првични знаци за предизвикување штета на пазарот, Гералт го напаѓа и бргу го убива секој платеник. Кога пристигнува Ренфри, Гералт ја победува и неа.

По борбата, Стрегобор му приоѓа на вештерот, со намера да изврши обдукција на телото на Ренфри, за да докаже дека клетвата физички влијаела врз неа. Гералт одбива да му дозволи да го допре телото. Стрегобор заминува, а мештаните, верувајќи дека Гералт штотуку убил група невини луѓе за време на фестивалот, започнуваат да фрлаат камења кон вештерот. Гералт се заштитува со магија сè додека Калдемејн не им каже на селаните да престанат, но бара Гералт да го напушти Блавикен и никогаш да не се врати. Со неговите дејствија, Гералт отсега го добил прекарот „Касапот на Блавикен“.

"Прашање на цена"[уреди | уреди извор]

Kwestia ceny

Приказната започнува со тоа што Гералт е целосно избричен, измиен и убаво облечен од слугите и управителот замокот на кралското семејство во Цинтра. Принцезата престолонаследничка на Цинтра, Павета, наполнила 15 години и како што е обичајот, се појавиле десетина претенденти за нејзината рака.

Гералт, кој е официјално поканет на забавата како почесниот Лорд Равикс од Форхорн, седи веднаш до Кралицата Каланте, и сè уште не му е кажана причината за неговата покана. За врема на вечерата, има долг разговар со кралицата за тоа како таа ги гледа вештерите, што мисли за нивната професија, и дали таа го поканила него со вистински причини.

Одеднаш еден непоканет гостин влегува во собата: витез кој носи шлем и чие лице не може да биде видено, кој се претставува себеси како Урчен ("Ежот") од Ерленвалд. Со дозвола да збори од кралицата, тој кажува дека тој дошол за да ја земе ветената награда за спасувањто на животот на кралот Рогнер; со Изненадниот закон, принцезата Павета му припаѓа на него од денот на нејзиното раѓање.

Иако кралицата Каланте признава дека тој што тоа го кажува е вистина, таа ја нема намерата да ја даде својата ќерка на туѓинец. Гостите на вечерата ја расправаат легитимноста на урченовите барања, и еден витез посочува дека кралствата се изградени на кралски ветувања. Гералт посочува дека за Изненадниот закон да биде наменет Павета би морала да се согласи со урченовите барања кон неа. Токму тогаш ѕвоното отчукнува на полноќ и Каланте го присилува Урчен да го извади неговиот шлем. На сечиј шок урченовиот изглед е оној на ѕвер, со крзно, со животински мустаќи, и муцка налик на планинска мачка. Другите додворувачи во просторијата, вклучувајќи го Крак ен Крејт, со расправа му се нафрлува на Урчен. Но кога Кралицата ја прашува принцезата Павета дали се согласува на урченовите барања и дали поскаува да замине со витезот, таа одговара да. Кралицата се онесвестува во нејзината столица и избива тепачка со чуварите и витезите кои го напаѓаат Урчен. Гералт и Еист Тесеч, стрикото на Крак ен Крејт кој тајно ја љуби кралицата Каланте, го бранат Урчен безоглед на неговиот ѕверски лик.

Моќта која Гералт и друидот Маусек веќе чувствувале веќе некое време, експлодира од принцезата Павета како што таа го гледа нејзиниот љубовник нападнат. Како што гостите се борат, испадот на принцезата расте опасно моќен, загрозувајќи го самиот замок. Кога на Павета и е одземено вниманието од Кукдкудак, Гералт ја разбива магијата и ја враќа Павета во разумна состојба. Тогаш, како што Павета му се приближува на Урчен, неговиот изглед се преобликува пак во човек, и тој одговара на името „Дуни“.

Дуни и Павета објаснуваат дека тие се гледаат повеќе од една година и дека тие се вљубени. Откако е смирена, Каланте сега се согласува на нивниот престојан брак. Еист Тесеч на крај го прифаќа барањето да се ожени со кралицата Каланте. Заблагодарувајќи му се на Гералт што претходно му го спасил животот, Дуни му нуди се што ќе побара. Гералт, исто така се повикува на Изненадниот закон, бара за „тоа што веќе го има а не го знае“. Кога Павета открива дека е бремена од Дуни, Гералт бара нивното дете да биде одгледано како вештер.

"Работ на светот"[уреди | уреди извор]

Kraniec świata

Приказната почнува со Гералт и Јаскер како запираат во Горна Посада да бараат работа. Откако губат добар дел на време обидувајќи се да дознаат дали воопшто има некаква работа што би била платена, вештерот заклучува дека приказните на мештаните се ништо повеќе од суеверие и утврдува дека нема вистинска работа за вештер. Парот решава да продолжи, упатувајќи се кон "работ на познатиот свет".

Како што се доближуваат до Долна Посада, Јаскер забележува коњска кола која навидум се обидува да ги престигне. Нетли, земјоделец мештанин, ги стигнува, кажувајќи дека таму навистина има работа за вештер и дека и тој помислил дека народот во Горна Посада зборел бесмислици. Тој предложува тие да продолжат на нивниот пат и разговара за нешта во релативна удобност.

Откако влегле во селото, мештанскиот старешина, Дун, кажува за "ѓаол" чии бељи станале проблем, но под ниедни околности суштевството не треба да биде убиено. И покрај јаскеровите тврдења дека нема ѓаволи, Гералт прифаќа да провери и да види што може да направи.

На полињата, сред коноп и хмељ, Гералт и Јаскер го пронаоѓаат "ѓаолот". Јаскер и ѓаволот кој бека разменуваат неколку зборови кои само придонесуваат за вториот да се испровоцира; тој нишани и започнува да фрла железни топки кон вештерот и неговиот пријател со добра прецизност, и тие бегаат.

Назад во селото, Гералт се соочува со Дун и Нетли, и се запознава со старата мудрица на заедницата и Лил. После неколку разговори, древна книга е донесена пред нив, и старицата чита посочени записи од неа. Вака, вештерот и поетот научуваат дека ѓаволот е, всушност, силван. Селаните се обиделе да ги искористат предлозите во книгата за да го соборат ѕверот, предлози што очигледно го направиле добро вооружан со железни топки. Стсрицата и Лил заминуваат, земајќи ја книгата со нив; Гералт разговара со луѓето уште малку.

Следниот ден, назад во полето, Гералт се обидува да го навлече силванот и да збори. Ѓаволот одбива но дава сугестија вештерот со него да игра игра ако сака, ѓаволска игра. Гералт не е расположен за игри, но предлага едно: „не им го прави на другите тоа што не сакаш да ти го прават на тебе“. Ова всушност води кон турканица во конопот од која силванот "за влакно" ибегал. Гералт слуша коњ и претпоставува дека Јаскер му дошол на помош качен на коњ. Но има заплет во приказната. Вештерот е всушност соборен, и онесвестен, од неидентификуван јавач.

Тој се врти со лицето долу на земјата, легнат, Со звуци на луѓе кои зборуваат на старешински говор од недалеку. Тој препознава еден од гласовите што му припаѓа на ѓаволот, и наскоро дознава дека неговото име е Торк. Другиот говорник е вилењакот, Галар. Веднаш до вештерот, Јаскер е исто така легнат.

Нивните заточители, вилениците Ен Сејд, забележуваат дека нивните заробеници се разбудени, и горчливата вилењачка Торувиел им се приближува, агресивно. Таа им кажува омаловажувачки реторики за човечките музички способности и ја крши јаскеровата лејта. Таа потоа продолжува да го тормози Гералт. Вештерот, иако е легнат, успева да ја клоцне по нозе и да ја кутне на земја. Тој потоа ја удира со глава, кршејќи и го носот, и другите виленици ги вадат нивните сечила. Тие се запрени од пристигнуањето еден постар јавач вилењак по име Филавандрел. Отпорот не трае долго, сепак, поетот и вештерот се врзани за бор со колани. И Гералт и Торк се обидуваат да ги вразумат вилениците, но без успех. Вилениците му кажуваат на Торк да се тргне настрана и нишанат со нивните лакови.

За среќа, во овој момент, легендарната Кралица на полињата спектакуларно настапува "на сцена". Вилениците запираат, ги спуштаат нивните оружја, и се поклонуваат пред нејзе. Филавандрел ѝ се умилкува, но додека таа не изговара ни збор, се чини дека комуницира со него телепатски. Во меѓувреме, Торк ги ослободува Гералт и Јаскер, кои се онесвестиле. Кога Торк го прашува Гералт што да прави со поетот, Гералт му предложува неколку брзи шлаканици на лицето, што Торк задоволно ги извршува.

После некој момент, вилениците стануваат, тивко, ги седлаат нивните коњи и си заминуваат. Филавандрел му посакува на Гералт довидување, Торувиел му дава на Јаскер нова лејта, и се разделуваат. Филавандрел му вели на Гералт дека се предомислил и се надева дека вештерот нема да го изневери кога тие неизбежно ќе се сретнат на воените полиња. Гералт го осигурува дека тој ќе стори сѐ најдобро.

Приказната завршува со вештерот, поетот и силванот кога се околу логорскиот оган, чудејќи се што да прават следно, читајќи ја книгата на селаните.

"Последната желба"[уреди | уреди извор]

Ostatnie życzenie

Едно утро, Јаскер и Гералт извлекуваат древна, запечатена амфора додека се обидуваат да фатат риба за доручек. Јаскер, игнорирајќи ги гералтовите предупредувања, се обидува да ја отвори вазната. За време на борба помеѓу нив двајца, вазната паѓа на земјата и од голем облак црвена магла излегува - еден дух. Гералт се исфрла за да се заштити, но Јаскер чувствува дека тој знае точно што се случува и стои во место, почнувајќи да го рецитира неговиот список од три желби. Духот не ја исполнува ни првата од поетовите желби (неговиот соперник да умре давејќи се), место тоа избирајќи да го задави поетот.

Гералт избрзува да го спаси пријателот си, и по една навидум бесплодна битка, решава да го искористи народното знаење што тој секогаш го сметал за бесмислица. Вештерот го зграбува какпакот на амфората кој паднал на земјата и извикува егзорцизам. Духот го ослободува поетот и исчезнува преку реката, но Јаскер е далеку од добро. Се чини дека неговото грло и грклан се сериозно погодени од духот и него очајно му е потребна помош.

По ден јавање, тие пристигнуваат пред портите на Ринд, но кажано им е дека никој не смее да мине низ портите помеѓу самрак и зори без писмо со дозвола од кралот или со доказ за благородништво. Чуварот им ја нуди на нив портирничката куќарка до наутро, посочувајќи им дека Јаскер ќе се чувствува подобро таму отколку на отворено. Немајќи друг избор, Вештерот се согласува.

Чекајќи да зазори, Гералт прави познанстово со двајца виленици, Ширедан и неговиот братучед, Ердил и витезот полувилењак, Вратимир. Тие го известуваат дека има тешки должности и казни за фрлање магија во градот, и дека маѓепсниците за возврат го бојкотираат Ринд. Сепак има една, која продолжува да прави магија во границите на градот и генерално го избегнува законот: волшебничката Јенефер од Вангерберг, престојувајќи во засолниште обезбедено од новоградскиот трговец-амбасадор, Бо Берент.

Кога зазорува, Гералт влегува во градот за да ја најде волшебничката. Пристигнувајќи кај берентовиот дом, тој е пречекан од Кербер, некаков си вратар. После јалов разговор, Гералт решава дека можеби злато може да ја отвори вратата, и со удар го онесвестува "простакот" со неговото ќесе за пари. Откако е внатре, тој го влече Кербер во отворена соба каде една од помошничките убаво 'рчи. Вештерот потоа продолжува во подрумот каде таму тој го запознава доста потфатениот од алкохол Берент. Амбасадорот, се чини, е на задача да донесе јаболков сок за неговиот гостин и бара помош од Гералт. Гералт го зема сокот само за да го види Бо онесвестен.

Забележувајќи скалила во близина, Вештерот се качува нагоре каде што испаѓа дека е спалната на Јенефер. Волшебничката, делумно изненадена од гералтовата појава, го цени неговото нудење на сокот-сепак таа не го цени гералтовиот сарказам на одговорите на нејзините прашања. Волшебничката набрзо, исфрла гром кон Гералт, кој го прима ударот со "Квен" (вид на одбранбен потег). Потоа, Гералт успева да ја убеди Јенефер да му помогне на Јаскер, веднаш откако ќе се избања. Додека Јенефер се бања, Гералт е воодушевен од нејзината убавина, но исто така сваќа дека тоа е веројатно магија, бидејќи повеќето девојки кои стануваат волшебнички се грди или изобличени по природа. Тој ги поместува овие мисли на страна, и решава едноставно да ужива во нејзината убавина, додека тие зборуваат за јаскеровата состојба. Откако се облекла, Јенефер отвора портал и двајцата се упатуваат кон таверната каде Јаскер лежи.

Назад во ердиловата гостилница, Ширедан и Гералт седат долу чекајќи да ја чујат поетовата состојба и малку си муабетат за Јенефер додека пијат чај од тревки. Ширедан му кажува на Гералт дека во несигурни услови Јенефер, иако убава, не треба да и се верува.

По некое време, Јенефер го повикува Гералт горе по скалилата; Јаскер е убаво, безбедно заспан, и остана уште само за прашањето на цената да се разговара. Гералт прво сака да го однесе Јаскер на безбедно, и ѝ нуди исплата за да го гарантира неговото враќање. Јенефер ја сака нејзината исплата веднаш и открива дека таа всушност го заробила Гералт во собата. Вештерот е целосно парализиран. По некаков јалов аргумент, Гералт се онесвестува и следното нешто што го дознава е дека тој дели ќелија со "чесни крадци", невин старец и Ширедан.

Вилењакот му ја кажува на Гералт причината за нивното присуство таму; под влијание на јенеферовата магија, Гералт пустошел низ градот, казнувајќи го секој еден кој некогаш ја навредил Јенефер. Мештанскиот аптекар Лорелнос бил всушност јавно исшамаран од Вештерот за неговите "злодела". Како што двајцата мажи се навраќаат на нивната ситуација, нивните навраќања се прекинати од влегувањето на три чувари. Еден од нив го закача Вештерот додека неговите пријатели го држат Гералт во место, потоа продолжува непрекинато да го удира Гералт во стомакот. Гледајќи да помине со што можно помалку повреди, Гералт се обидува да го испровоцира човекот за тој да го онесвести. Тој пожелува чуварот едноставно да прсне, и на сечие изненадување, тој го прави тоа.

Потоа, Вештерот и вилењакот се изнесени пред градоначалникот на градот, Невил и свештеникот, Креп. Градоначалникот не е среќен со ситуацијата но пред да може да пресуди, Јаскер одеднаш се појавува во собата од магаичен портал кој одеднаш се појавува на ѕидот. Поетот извикува со целосно повратен глас дека посакува сите присутни да веруваат дека Вештерот е невин. Него му било наредено да го стори тоа од Јенефер, која го испратила него низ овој портал, и сакала да го исчисти гералтовото име.

На Јаскер му е тешко да објасни откако громогласна врева е слушната однадвор, доволно гласна за да биде надслушана од тековните грмежи. Брзајќи кон прозорецот, групата гледа дека Јенефер го привлекла духот во градот, и се обидува да го фати за да ги добие неговите чудесни моќи. Сепак духот е многу посилен од очекуваното, и безоглед на јенеферовите магии за да го однесе во ердиловата гостилница, духот го уништува градот.

Гералт ги носи сите останати на безбедно и бара од Креп да ја стабилизира трагата од порталот од кој Јаскер само што поминал. По неколку негодувања, свештеникот се согласува и порталот повторно се појавува. Гералт скока низ него, со намера да ја спаси волшебничката. Сепак Јенефер не сака да биде спасена, таа не го завршила фаќањето на нејзиниот дух и се опира на гералтовата помош, дури отворајќи портал за да се ослободи од него. Додека тој паѓа во порталот, сепак, вештерот ја зграбува Јенефер, и волшебничката е повлечена во порталот со него. Кога тие излегуваат од порталот, тие слетуваат на формален банкет каде што двајцата не биле поканети. Јенифер веднаш го оттрга Гералт и оди назад ни порталот, со Гералт кој непосредно ја следи.

Надвор, собраниот народ гледа во терор како духот продолжува да пустоши низ градот. По турканица меѓу Јенефер и Гералт, со последни моќи, волшебничката го заробува духот. Вештерот се обидува да ја вразуми, но таа нема да слуша.

Потоа, Гералт сваќа дека духот ги исполнува неговите желби, бидејќи тој бил послдниот што го држел капакот. Неговата прва желба била магијата што ја искористил на духот а втората била желбата за чуварот да прсне, па затоа духот сè уште ја чекал гералтовата трета желба. Затоа што духот сè уште мора да ја исполни желбата на неговиот господар, тој сè уште не е ослободен, и не може да биде фатен од Јенефер. Додека ја размислува неговата можна последна желба, тој исто така сваќа како Јенефер изгледала пред да биде волшебничка - таа била грбава. Тој тогаш се одлучува за неговата последна желба.

Следниот миг, духот се ослободува, гостилницата се руши и тишина се спушта во селото. Под рушевините на гостилницата, Јенефер се гледа себеси во гералтовите раце, блиску и интимно. Само мигови подоцна, Јенефер и Гералт започнуваат да водат љубов во остатоците од тоа што било почеток на една бурна врска.

Адаптации[уреди | уреди извор]

Неколку раскази од „Последната желба“ биле адаптирани за телевизија и видео игри.

  • Делови од „Гласот на разумот“ биле искористени во серијата Колначот (The Hexer) во епизодата „Човек - Прва средба“, „Раскрсници“ и „Храмот на Мелител“.
  • „Вештерот“ бил адаптиран за воведното кратко видео на видео играта Вештерот и во серијата „Колначот“ во епизодата „Раскрсници“.
  • „Помалото зло“ било адаптирано епизода во „Колначот“ со исто име како и делови користени во епизодите „Јаскер“ и „Човек - Прва средба“.
  • „Прашање на цена“ било адаптирано во епизодата „Каланте“ во „Колначот“.
  • „Работ на светот“ бил адаптиран во епизодата „Долина на цвеќињата“ од „Колначот“.
  • „Вештерот“ бил адаптиран во епизодата „Месечина предавник„ од серијата Вештерот.
  • „Помалото зло“ било прилагодено во епизодата „Крајниот почеток“ од серијата „Вештерот“.
  • Делови од „Прашање на цена“ биле прилагодени во епизодата „На банкети, копилиња и погреби“ од серијата „Вештерот“.
  • „Работ на светот“ била адаптирана во епизодата „Четири марки“ од серијата „Вештерот“.
  • „Последната желба“ била прилагодена во епизодата „Потиснати апетити“ од серијата „Вештерот“.

Преводи[уреди | уреди извор]

Книгата позната во Полска како Ostatnie życzenie (SuperNOWA, 1993, ISBN 83-7054-061-9) била преведувана на многу јазици.

  • Бугарски: Последното желание (ИнфоДАР, 2008)
  • Хрватски: Posljednja Želja (Egmont d.o.o., 2018)
  • Чешки: Zaklínač I - Poslední přání (Leonardo, 1999)
  • Холандски: De Laatste Wens - Dutch Media Uitgevers, 2010 (ISBN 9789049500368)
  • Англиски: The Last Wish, преведено од Данусија Сток
    • Обединетото Кралство - Gollancz, 2007 (ISBN 0575077824)
    • Соединетите Држави - Orbit, 2008 (ISBN 0316029181)
  • Естонски: Viimane Soov, преведено од Арне Пуу (Tiritamm, 2011, ISBN 978-9985-55-282-7)
  • Фински: Viimeinen Toivomus (WSOY, 2010, ISBN 9510365696, преведено од Тапани Каркаинен)
  • Француски: Le Dernier Vœu (2003)
  • Германски: Der letzte Wunsch (Heyne, 1998)
  • Грчки: Η τελευταία ευχή - The Witcher: Μια περιπέτεια του γητευτή (Σελήνη, 2013, ISBN 9786185049119)
  • Унгарски: Vaják I - Az utolsó kivánság (PlayON, 2011, ISBN 978-963-08-1080-7)
  • Италијански: Il Guardiano degli Innocenti (Casa Editrice Nord, 2010)
  • Литвански:
    • Eridanas: Paskutinis noras (2005, преведено од Видас Моркунас)
    • Alma littera Raganius: Paskutinis Noras (2017, второ издание, ISBN 9786090128275 преведено од Видас Моркунас)
  • Португалски: O Último Desejo
  • Романски: Ultima dorință, преведено од Михаела Фискутеан (Nemira, 2015, ISBN 978-606-579-970-7)
  • Руски: Последнее желание (AST, 1996, ISBN 5-7921-0081-0)
  • Шпански: El último deseo, преведено од Хозе Марија Фаралдо (Bibliópolis fantástica, 2002)
  • Српски: Poslednja želja (IPS Media, 2009, ISBN 978-86-7274-300-5)
  • Словачки: Zaklínač I - Posledné želanie, Plus, 2015 (ISBN 978-80-259-0441-1, преведено од Карол Хмел)
  • Традиционален кинески: "獵魔士 - 最後的願望", преведено од 林蔚昀 (蓋亞文化, 2011, ISBN 978-986-6157-49-3)
  • Турски: Son Dilek (Pegasus, 2017, ISBN 978-605-299-018-6, преведено од Регаип Минареџи од германски)
  • Шведски: Den Sista Önskningen (Coltso, 2010)
  • Корејски: 위처 이성의 목소리 (제우미디어, 2011, ISBN 978-89-5952-239-2)
  • Поедноставен кинески: "猎魔人 - 白狼崛起", преведено од 小龙 (重庆出版社, 2015, ISBN 9787229089559)

Аудио книга[уреди | уреди извор]

Аудио книга на полски јазик заснова на „Последната желба“ и Мечот на судбината била објавена во 2011 од Fonopolis и audioteka.pl. „Последната желба“ која траела 12 часа, била синхронизирана од 52 глумци, вклучувајќи ги Криштоф Банашик како Гералт, Ана Дерешовска како Јенефер, Славомир Пацек како Јаскер и Криштоф Гоштила како раскажувач.

Прием и значење[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, полскиот премиер Доналд Туск му дал на претседателот на САД Барак Обама дипломатски подароци, како што е обичајот, во неговата посета во Полска. Еден од овие подароци била потпишана копија од „Последната желба“.[3] Англиското издание било ставено на New York Times Bestseller во јуни 2015,[4] совпаѓувајќи се со пуштањето на видео играта Вештерот 3: Див лов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „SuperNOWA - Andrzej Sapkowski“.
  2. „The Last Wish Cover Reveal... of sorts!“. 9 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2016-05-03. Посетено на 12 март 2020.
  3. „Obama's foreign gifts: $7,750 golf bag, $40,000 photo, iPod shuffle“. 26 април 2013. Посетено на 30 март 2020.
  4. „THE LAST WISH is a New York Times Bestseller! - Orbit Books“. 8 јуни 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]