Прејди на содржината

Џерси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бејлифство Џерси
Bailiwick of Jersey
bailliage de Jersey
bailliage dé Jèrri
Знаме Грб
ХимнаБоже, чувај го Кралот
„Островски дом“
Местоположбата на  Џерси  (dark green)
Местоположбата на  Џерси  (dark green)
Местоположбата на  Џерси  (dark green)
Главен град
(и најголем)
Сент Хелиер
49°11.401′N 2°06.600′W / 49.190017° СГШ; 2.110000° ЗГД / 49.190017; -2.110000
Службен јазик
Признаени регионални јазици џерсиски
Народности (2011[1])
Уредување крунски посед
 •  монарх Чарлс III
 •  Намесен управник Стивен Далтон
 •  Бејлиф Вилијам Бејлаш[2]
 •  Главен министер Џон Ле Фондр
Статус Британски крунски посед 
 •  Управно одвојување од Нормандија
1204 
 •  Ослободување од Третиот Рајх
9 мај 1945 
Површина
 •  Вкупна 118,2 км2 
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за 2019 г. 106,800[3] 
 •  Густина 819 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2015 г.
 •  Вкупен 4,57 млј фунти 
 •  По жител 45.000 фунти 
ИЧР (2008) 0.985[4]
многу висок
Валута британска фунтаа (GBP)
Часовен појас GMT
 •  (ЛСВ)  (UTC+1)
Се вози на лево
НДД .je
Повик. бр. +44
Светец заштитник св. Хелиер
а. Управата на Џерси издава свои банкноти и монети на британските фунти (погл. џерсиска фунта).

Џерси, полн назив: Бејлифство Џерси (англиски: Bailiwick of Jersey, француски: Bailliage de Jersey; џерсиски: Bailliage dé Jèrri) — автономен крунски посед на британскиот монарх во Ламанш, меѓу Франција и Англија. Се наоѓа на приближно 20 км од брегот на полуостровот Котантен во Нормандија, и 160 км од Велика Британија. Заедно со Гернзи ги сочинува Каналските Острови. Во состав на Џерси влегуваат и помалите острови Ерекуз, Ла Мот, Минкјер, Пјер де Клерк и Дирује.

Зафаќа вкупна површина од 118,2 км2[5] и има 98.213 жители (2011).[6]

Гернзи не е дел ниту од Обединетото Кралство и Европската Унија, туку под суверено владение на британската круна (монархот) во својство на војвода на Нормандија, застапувана од намесниот управник. Со Гернзи непосредно раководи „бејлиф“ (bailiff), кој претседава со собранието и судот. Историски ова е звање на средновековен велможа во Франција. Џерси има автономна законодавна, судска и извршна власт. Владата на Обединетото Кралство е надлежна за надворешните односи и одбраната. За Џерси важи начелото за слободен проток на стоки од ЕУ. Главен и најголем град е Сент Хелиер, со 33.622 жители.

Џерси важи за најсончевиот од британските острови и познат е по плажите.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Стопанството на Џерси се заснова на банкарство финансиски услуги. Со тоа, бруто-приходот по глава на жител е меѓу највисоките во светот. Во 2015 г. тој изнесувал 45.783 фунти по жител. Поголеми просечни пригоди таа година имале само Бермуда и Луксембург.

Покрај тоа, застапени се туризмот и земјоделството. Во 2006 г. Џерси примил 729.000 посетители. Најважни земјоделски производи се компирот и млечните производи.

Бејлифството Џерси ги опфаќа следниве острови:

Главната статија за оваа категорија е Парохии во Џерси.
Карта на парохиите во Џерси

Џерси административно се дели на 12 парохии. Сите излегуваат на море и се наречени по светтците по кои се наречени нивните стари парохиски цркви:

Парохиите понатаму се делат на дваесетки (vingtaines; во Сент Уен наречени cueillettes).

На чело на секоја парохија стои „конетабл“ (connétable) кој се бира од народот на секои четири години. Покрај управувањето со парохијата, има задача и да ја претставува во Собранието на Џерси.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Bulletin 2: Place of birth, ethnicity, length of residency, marital status“ (PDF). Посетено на 12 September 2013.
  2. „Jersey Bailiff William Bailhache sworn in“. BBC. Посетено на 6 February 2015.
  3. „Jersey facts and figures“.
  4. Filling Gaps in the Human Development Index Архивирано на 5 октомври 2011 г., United Nations ESCAP, February 2009
  5. „Jersey in Figures 2013 booklet“ (PDF). Посетено на 1 January 2015.
  6. „2011 census results“. Gov.je. 8 декември 2011. Посетено на 8 декември 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]