Прејди на содржината

Јаглеводород

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаглеводородите се рафинираат во рафинериите за нафта и се обработуваат во хемиските фабрики.

Јаглеводород е секое органско хемиско соединение кое се состои од елементите јаглерод (С) и водород (Н). Сите јаглеводороди имаат јаглероден скелет (или ’рбет) и водородни атоми сврзани за тој скелет. Повеќето јаглеводороди согоруваат.

Примери на јаглеводороди

[уреди | уреди извор]

Најпростиот јаглеводород е метанот (нарекуван и барски/руден гас), јаглеводород со еден јаглероден атом и четири водородни атоми: CH4. Етанот е јаглеводород (поконкретно алкан) кој се состои од два јаглеродни атоми сврзани заедно со единечна хемиска врска. На двата С-атоми во етанот има сврзано по три водородни атоми: C2H6. Пропанот има три јаглеродни атоми (C3H8), а бутанот има четири јаглеродни атоми (C4H10).

Три типови на јаглеводороди

[уреди | уреди извор]

Постојат три основни типови на јаглеводороди:

Модел на арен наречен бензен.
Модел на алканот познат како хексан.
Модел на алкинот познат како етин.
  1. ароматични јаглеводороди, кои имаат барем еден ароматичен прстен.
  2. заситени јаглеводорди, исто така познати како алкани, кои немаат ни двојна, ни тројна или ароматична врска.
  3. незаситени јаглеводороди, кои имаат една или повеќе двојни или тројни врски помеѓу јаглеродните атоми, а се поделени на:

Број на водородни атоми

[уреди | уреди извор]

Бројот на водородните атоми кај јаглеводородите може да се дознае доколку бројот на јаглеродните атоми е познат, со користење на формулите:

Секој од овие јаглеводороди мора да го задоволува правилото на 4 водородни атоми кое гласи дека сите јаглеродни атоми мораат да го поседуваат најголемиот број на водородни атоми (границата е четири). Еден јаглероден атом има сврзувачки капацитет 4 и затоа мора да остварува 4 врски, без разлика на тоа дали ќе сврзува водороден или друг јаглероден атом. Треба да се забележи и дека додатна врска отстранува 2 водородни атоми од молекулата и само заситените јаглеводорди можат да ја остварат полната четворка. Ова се случува како резултат на единствените позиции на јаглеродните четири електрони.