Јаглеводород

Јаглеводород е секое органско хемиско соединение кое се состои од елементите јаглерод (С) и водород (Н). Сите јаглеводороди имаат јаглероден скелет (или ’рбет) и водородни атоми сврзани за тој скелет. Повеќето јаглеводороди согоруваат.[1]
Примери на јаглеводороди
[уреди | уреди извор]Најпростиот јаглеводород е метанот (нарекуван и барски/руден гас)[2], јаглеводород со еден јаглероден атом и четири водородни атоми: CH4. Етанот е јаглеводород (поконкретно алкан) кој се состои од два јаглеродни атоми сврзани заедно со единечна хемиска врска. На двата С-атоми во етанот има сврзано по три водородни атоми: C2H6. Пропанот има три јаглеродни атоми (C3H8), а бутанот има четири јаглеродни атоми (C4H10).
Три типови на јаглеводороди
[уреди | уреди извор]Постојат три основни типови на јаглеводороди:
![]() |
![]() |
- ароматични јаглеводороди, кои имаат барем еден ароматичен прстен.
- заситени јаглеводорди, исто така познати како алкани, кои немаат ни двојна, ни тројна или ароматична врска.
- незаситени јаглеводороди, кои имаат една или повеќе двојни или тројни врски помеѓу јаглеродните атоми, а се поделени на:
Број на водородни атоми
[уреди | уреди извор]Бројот на водородните атоми кај јаглеводородите може да се дознае доколку бројот на јаглеродните атоми е познат, со користење на формулите:
- Алкани: CnH2n+2
- Алкени: CnH2n (за оние кои имаат само една двојна врска)
- Алкини: CnH2n-2 (за оние кои имаат само една тројна врска)
- Циклични јаглеводороди: CnH2n
Секој од овие јаглеводороди мора да го задоволува правилото на 4 водородни атоми кое гласи дека сите јаглеродни атоми мораат да го поседуваат најголемиот број на водородни атоми (границата е четири). Еден јаглероден атом има сврзувачки капацитет 4 и затоа мора да остварува 4 врски, без разлика на тоа дали ќе сврзува водороден или друг јаглероден атом. Треба да се забележи и дека додатна врска отстранува 2 водородни атоми од молекулата и само заситените јаглеводорди можат да ја остварат полната четворка. Ова се случува како резултат на единствените позиции на јаглеродните четири електрони.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ball, David W.; Key, Jessie A. (2014-09-16). „16.1 Hydrocarbons“ (англиски). Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Methane - an overview | ScienceDirect Topics“. www.sciencedirect.com. Посетено на 2026-01-19.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|


