My Immortal

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„My Immortal“
My Immortal.jpg
Сингл од Evanescence
од албумот Fallen
Издаден 8 декември, 2003
Формат ЦД сингл
Снимен 2002-2003
Жанр Пијано рок[1]
Должина 4:26 (Албум верзија)
4:33 (Бенд верзија)
Издавачка куќа Wind-up
Композитор Ејми Ли, Бен Муди
Продуцент Дејв Фортман
Хронологија на синглови на Evanescence
Going Under
(2003)
My Immortal
(2003)
Everybody's Fool
(2004)

„My Immortal“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 8 декември 2003 година, како трет сингл од нивниот прв албум Fallen. Напишана е од порнешниот гитарист Бен Муди. Се искачи на 7. место на Билборд Хот 100 листата и може да се споредува со „Bring Me to Life“ по популарност . На 17 февруари, 2009 година, синглот добил златен статус од RIAA, со продадени повеќе од 500 000 копии.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Песната е напишана од Бен Муди, како четврта песна напишана од Evanescence. Како и другите песни кои ги пишувал Муди, текстот е базиран на кратка приказна која претходно ја напишал. СпоредЕјми Ли песната е од „Бен Муди“.[3].

Оригинално е снимена во 1997 година, во албумот Evanescence EP, каде Ејми Ли е главен вокал, музиката се состои ид гитара и пијано и има изменет текст. Подоцна песната е повторно снимена на нивниот демо албум, Origin, каде има само пијано и изменет текст, а исто и последниот дел пред рефренот е додаден од Ејми Ли. Песната е повторно снимена за првиот албум на бендот, Fallen, а исто така песната се наоѓа и на Mystary EP. Издавачката куќа Wind-up Records повеќе ја сакала верзијата од албумот Origin. Песната е повторно снимена и издадена во втората половина на 2003 и за таа верзија честопати е наречена како 'бенд верзија,' бидејќи остатокот од бендот свири на крајот од песната. Подоцните изданија на Fallen, го содржеле синглот „My Immortal“, како скриена песна. [4] Ли и Муди снимиле акустични верзии на песните „My Immortal“, „Bring Me to Life“, „Even in Death“ и на некои други песни, кратко по издавањето на Fallen.

Песната е една од омилената на фановите, и е изведувана на речиси сите настапи во живо на бендот, поради нејзиниот успех.

Музичко видео[уреди | уреди извор]

Музичкото видео за „My Immortal“ e снимен во Барселона во црно-бела техника. „My Immortal“ заедно со „Bring Me to Life“ станалa музичка песна за филмот Daredevil.

Ли го коментирала концептот на видеото во интервју за Rock Sound:

Знаете што? Кога ќе го гледате видеото, тоа е навистина чудесно. Го снимивме пред Бен Муди да го напушти бендот и има голема иронија, колку има смисла. Сите ние сме разделени и се прашуваме зошто улиците имаат изглед како на погреб, со Бен во одело и со боси нозе, а јас никогаш не ја допирам земјата. Седам на фонтана, лежам на кола, за да изгледа како да сум мртва, дека пеам од мртвите. Сè е како да се работи за разделба. Исто е како режисерот да знаел што ќе се случело, но не можел да предвиди. Тоа е едно од оние случаи на судбината“

Ејми Ли, Rock Sound магазин[5]

Листа на песни[уреди | уреди извор]

Интернационален ЦД сингл (Издаден 30 декември, 2003)

Бр. НасловТекстописци Траење
1. „My Immortal“ (Бенд верзија)Муди, Ли, Хоџес 4:33
2. „My Immortal“ (Албум верзија)Муди, Ли 4:24
3. „Haunted“ (Во живо од Sessions @ Aol)Муди, Ли, Хоџес 3:08
4. „My Immortal“ (Во живо од Колоњ)  4:15

Искачување на табелите[уреди | уреди извор]

Песната е вториот најуспешен сингл на бендот на сите времиња, искачувајќи се на првите 20 места во повеќе од 10 земји ширум светот. "My Immortal" е вториот најискачуван сингл на табелите во САД, искачувајќи се во топ 10 на Billboard Hot 100 и Pop 100 на 7 и 2 место. Се има искачено и на #19 на Adult Contemporary табелата. Исто така се искачил и во топ табелите во Канада и Грција. Има добиено Златен статус од RIAA на 17 февруари, 2009, со повеќе од 500,000 продадени копии.

Табела (2003)[6] Највисока
позиција
Австрија 11
Белгиска (Фландрија) Сингл Табела 5
Белгиска (Валонија) Сингл Табела 9
Холадска Сингл Табела 5
Германска Сингл Табела 5
Ирска 20
Швајцарија 7
Обединето Кралство 7
Табела (2004) Највисока
позиција
Австралија ARIA Сингл Табела 4
Канада[7] 1
Данска Сингл Табела 7
Финска Сингл Табела 9
Француска Сингл Табела 11
Грицја Сингл Табела[8] 1
Италијанска FIMI Сингл Табела 3
Нов Зеланд RIANZ Сингл Табела 2
Норвешка Сингл Табела 2
Шведска 9
САД Билборд Хот 100[7] 7
САД Billboard Мејнстрим Топ 40[7] 2
САД Billboard Adult Contemporary[7] 19
Табела (2006) Највисока
позиција
САД Билборд Хот Дигитални Песни[7] 43
Табела (2010) Највисока
позиција
Германија Сингл Табела[9] 72
Претходник
"Hey Ya!" од OutKast
Канадска Сингл Табела број-еден сингл
31 јануари, 2004 - 7 февруари, 2004
Наследник
"Hey Ya!" од OutKast

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dolan, Jon. „The Open Door (2006)“, „Entertainment Weekly“, 9 октомври 2006 (посет. 22 март 2011 г).
  2. „Gold & Platinum Search Results“. RIAA.com. February 17, 2009. конс. April 7, 2009. 
  3. Bottomley, C. „Evanescence: Amy Lee Explains the New Songs“, „VH1.com“, 18 септември 2006 (посет. 26 ноември 2007 г).
  4. „My Immortal Band Version Free Download Frequently Asked Questions (FAQ)“. Evanescence.com. 2004. конс. August 5, 2008. 
  5. Baker, T. „Evanescence: The Leaving Song“, „Rock Sound“, стр. 28.
  6. „International charts“. Hit Parade. 2003. конс. April 25, 2009. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Billboard (2004). „Billboard charts“. All Music Guide. конс. April 25, 2009. 
  8. http://web.archive.org/web/20040717032705/www.ifpi.gr/chart03.htm
  9. „Hitlist Germany“. MTV.de. February 2, 2010. конс. February 5, 2010. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]