Дејвид Хоџес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
David Hodges Дејвид Хоџес
Родено имеДејвид Хал Хоџес
Роден(а)декември 5 1978 (1978-12-05) (40 г.)
Литл Рок, Арканзас, САД
ЖанровиАлтернативен рок, електроника, поп, рок, Христијанска музика
ЗанимањаТекстописец, Продуцент, композитор, клавијатурист, вокалист, пејач
ИнструментиВокали, пијано, гитара, тапани, бандонеон
Период на активност2000–сега
ИздавачиSleepwalker Music, Warner Brothers, Epic Records, Wind-up Records
СоработнициThe Age of Information
Trading Yesterday
Evanescence

Дејвид Хоџес (анг. David Hodges; р 5 декември 1978) е текстописец, продуцент, композитор, вокалист и клавијатурист од Литл Рок, Арканзас. Тој е најдобро познат како член на бендот Evanescence, кој го напуштил во 2002 година. Тој исто така бил дел од бендовите Trading Yesterday, The Age of Information, Avox, и се појавил како соло музичар. Тој моментално се наоѓа во Лос Анџелес, каде е фокусиран на неговата работа како текстописец и продуцент.