The Open Door

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„The Open Door“
Студиски албум од Evanescence
Издаден25 септември, 2006
СнименСептември 2005–Март 2006
ЖанрАлтернативен метал
Траење54:15
Издавачка куќаWind-up Records
ПродуцентДејв Фортман
Evanescence — Хронологија
Anywhere but Home
(2004)
The Open Door
(2006)
Издадени песни од The Open Door
  1. "Call Me When You're Sober"
    Издадена: 25 септември, 2006
  2. "Lithium"
    Издадена: 8 јануари, 2007
  3. "Sweet Sacrifice"
    Издадена: 25 мај, 2007
  4. "Good Enough"
    Издадена: 11 јуни, 2007

The Open Door e вториот студиски албум издаден од американската рок група Evanescence, издаден во септември 2006. година. Продадени се повеќе од 5 милиони копии од албумот ширум светот. Синглови од албумот се „Call Me When You're Sober“, „Lithium“ , „Sweet Sacrifice“, „Good Enough“ и „Weight of the World“ кој бил издаден како сингл само во Колумбија. Албумот е номиниран за 50-те Греми Награди, Најдобра Хард Рок Изведба со синглот "Sweet Sacrifice".

Детали за албумот[уреди | уреди извор]

Издавања и продажби[уреди | уреди извор]

The Open Door е издаден ширум светот почнувајќи од Полска на 25 септември, 2006 година, во Јапонија на 27 септември, во Ирска и Германија на 29 септември, во Австралија на 30 септември, во Европа на 2 октомври, 2006, а во Северна Америка и Аргентина на 3 октомври.

Целосниот албум бил спуштен на интернет на 4 септември, 2006,[1] а на 24 септември, албумот можел да се спушти на AOL Music.[2]

Дигиталната верзија на албумот можела да се нарача на 15 август, 2006 година на iTunes и Walmart.com. Ако овој албум се нарачал пред 3 октомври, во него можело да се најде интервју со Ејми Ли, а исто така и бонус песната "The Last Song I'm Wasting on You" (која подоцна станала Б-страна на синглот "Lithium").[3]

The Open Door се искачил на првото место во САД, Австралија, Германија, Грција и Швајцарија, а бил во топ пет во Австрија, Канада, Франција, Хонг Конг, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Шведска и во Обединетото Кралство. Според САД-ската Билборд 200 табела за албуми, албумот продал повеќе од 447 000 копии само првата недела; а бил и во листата на 700 топ албуми тогаш. За само две недели на листата на САД, од албумот се продадени 725 000 копии. Дуплата платинумска сертификација ја добил на 24 јуни, 2009. [4] Во споредба од Fallen имало 142,000 копии и се продадени 7 милиони копии само во САД.

The Open Door освоил во категоријата "Албум на годината" на MTV Australia Awards во 2007 година.[5]

Според National Music Publishers Association, од 10 јуни, 2008, албумот има продадено две милиони копии во САД,[6] а според официјалната страна на бендот, Evanescence.com од албумот се продадени пет милиони копии ширум светот. [7]


Синглови и други песни[уреди | уреди извор]

Ејми Ли на концерт на 21 април 2007

Првиот сингл од албумот бил "Call Me When You're Sober", имал ограничено радио издавање на 31 јули 2006 година. Целосната верзија на "Call Me When You're Sober" е пуштена на интернет неколку дена пред официјално да биде издадена на радио. Откако ова се случило, издавачката куќа им дозволила на радио станиците да почнат да ја пуштаат песната. Музичкото видео за песната е режирано од Марк Веб во јули, 2006 година.[8]

Вториот сингл од албумот The Open Door бил "Lithium", кој е издаден во Обединетото Кралство на 8 јануари, 2008 година.[9]

Третиот сингл од албумот требало да биде "All That I'm Living For"; но според реакциите на фановите и на самиот бендот, издавачката куќа решила тоа да биде "Sweet Sacrifice".[10]

Четвртиот сингл од албумот бил Good Enough. Музичкото видео за "Good Enough" е снимано помеѓу 11 и 14 јуни, 2007 година во Будимпешта, Унгарија и режирано е од Марк Веб и Рич Ли, а продуцент била продуцентската куќа, DNA.[11][12] Како и во албумот Fallen, овој албум содржи и жичени и вокални ансамбли. The Millennium Choir, хорската група за песните од Fallen како "Everybody's Fool", "Haunted" и "Whisper", се појавува на песните "Lacrymosa" и "Your Star".

Петиот сингл од албумот, "Weight of the World", има ограничено издавање. Од октомври, 2007 година овој сингл е издаден само во Колумбија.[13] Овој случај е сличен како и случајот со песната "Imaginary" од албумот, Fallen која е издадена само во Шпанија. Ејми Ли кажала дека песната "Weight of the World" е одговор на притисокот кој таа го чувствува кога фановите бараат од неа да ги одговара прашањата поврзани со нивните лични искуства.[14]


Песната "Like You" е напишана за мртвата сестра на Ејми Ли, исто како и песната "Hello" од албумот Fallen.[15] Бендот инспириран од песната на Моцарт насловена како "Lacrimosa" секција од Моцартовиот "Реквием", направил своја песна која се викала "Lacrymosa", а истото го направил и за песната од White Zombie, "Ratfinks, Suicide Tanks and Cannibal Girls" за својата песна наречена "Snow White Queen".

"Together Again", e исто така песна од албумот The Open Door која можела да се спушти од Јануари 2010 година, со цел да се соберат пари за донирање на обновувањето на Хаити после земјотресот.[16] Песната е издадена за дигитално спуштање на 23 февруари, 2010 година. Според Ејми Ли, песната била напишана за филмот Нарнија и инспирацијата дошла од истоимениот филм.

Информации за турнејата[уреди | уреди извор]

Evanescence на концерт за турнејата за албумот The Open Door.

Прва етапа[уреди | уреди извор]

Првата етапа за The Open Door светската турнеја почнала на 5 октомври, 2006, во Торонто, Канада и траела до 15 декември, 2006, во Њујорк Сити. После турнејата во Северна Америка за време на октомври, бендот патувал во Европа во ноември, пред повторно да се врати во САД за да изведува во големи арени. Оваа етапа од нивната турнеја продолжила на 5 јануари, 2007, со други бендови изведувајќи во локации во Канада, Јапонија, и Австралија.[17] За време на настапите во САД,бендот бил поддржан од Revelation Theory, од бендовите Stone Sour и The Black Maria кога биле во Канада, и од Shihad во Австралија.[18]

Втора етапа[уреди | уреди извор]

Втората етапа од нивната светска турнеја започнала на 16 март, 2007, во Фресно, Калифорнија. Турнејата продолжила и во САД, Јужна Америка, Јужна Африка, повторно во САД,[19] и завржила во Европа.

За отворањето во САД, за време на оваа етапа, бендот го поддржувале Chevelle и Finger Eleven. Додека биле во Буенос Аирес, Evanescence зеле учество во рок фестивал со Aerosmith, Velvet Revolver и Ratones Paranóicos.[20] За време на Европската секција, бендот зел учество во Family Values Tour 2007 заедно со бендот Korn.[21][22] После Family Values, бендот продолжил со турнеите низ Мексико и САД.[23]

Трета етапа[уреди | уреди извор]

Последната етапа за турнејата почнала на 23 октомври, 2007, во Корал Габлс, Флорида. Бендовите Sick Puppies и Julien-K го поддржувале Evanescence, додека Shiny Toy Guns направиле специјална гостинска појава на 1 декември, 2007, во University Park, Pennsylvania. После турнејата за албумот која траела повеќе од една година, последното шоу на бендот било во Кингстон, Род Исланд, а турнејата завршила на 9 декември, 2007.[24]

Новите песни кои биле додадени за изведбите на последната етапа од албумот биле "Lose Control", "Missing", и "Understanding".[25]

Листа на песни[уреди | уреди извор]

Бр. НасловТекстописци Траење
1. Sweet Sacrifice“  Ли, Балсамо 3:05
2. Call Me When You're Sober“  Ли, Балсамо 3:34
3. „Weight of the World“  Ли, Балсамо 3:37
4. Lithium“  Ли 3:44
5. „Cloud Nine“  Ли, Балсамо 4:22
6. „Snow White Queen“  Ли, Балсамо 4:22
7. Lacrymosa“  Ли, Балсамо 3:37
8. „Like You“  Ли 4:16
9. „Lose Control“  Ли, Балсамо 4:50
10. „The Only One“  Ли, Балсамо 4:40
11. „Your Star“  Ли, Балсамо 4:43
12. „All That I'm Living For“  Ли, Лекомп 3:48
13. Good Enough“  Ли 5:31


Јапонска едиција[уреди | уреди извор]

Двата диска на Јапонската ограничена едиција е издадена на 27 септември, 2006, и го вклучува музичкото видео за "Call Me When You're Sober". Музичкото ЦД содржи бонус песни.[26]

Бр. НасловТекстописци Траење
14. „Call Me When You're Sober“ (Акустична верзија)Ли, Балсамо 3:39


Извадоци[уреди | уреди извор]

  • "The Last Song I'm Wasting on You" (Ејми Ли) – 4:07
  • "If You Don't Mind"[27]
  • "Together Again" (Ли) - 3:18[27]

Табели[уреди | уреди извор]

Поврзано: Дискографија на Evanescence
Табела (2006) Позиција
Австралија Топ 50 Албуми[28] 1
Австрија Топ 75 Албуми[29] 2
Белгија Топ 50 Албуми[30] 9
Канада Топ 50 Албуми 2
Чешка Топ 50 Албуми[31] 4
Данска Топ 40 Албуми[32] 5
Естонија Топ 100 Албуми[33] 4
Европска Албум Табела 1
Финска Топ 40 Албуми[29] 5
Франција Топ 100 Албуми[34] 2
Германија Топ 100 Албуми[29] 1
Грчка IFPI Интернационална Албум Табела[35] 1
Ирски Топ 75 Албуми[36] 3
Италијански Албум Табели[37] 2
Холандија Топ 100 Албуми[38] 2
Нов Зеланд Топ 40 Албуми[39] 2
Норвешки Топ 40 Албуми[29] 3
Шведска Топ 60 Албуми[29] 2
Швајцарија Топ 100 Албуми[29] 1
ОК Топ 75 Албуми[29] 2
САД Билборд 200[29] 1

Постава на групата[уреди | уреди извор]

Evanescence
Останати личности
  • Дејв Фортман - Продуцент
  • Џереми Паркер - инженирање
  • Ди Џеј Летал - програмирање
  • Бон Харис - програмирање на "All That I'm Living for"
  • Кери Ли и Лори Ли - пратечки вокал на песната "Call Me When You're Sober"
  • Millennium Choir - хор во позадинатата (Сузан Јангблуд, Талаја Тригуерос, Мери Гафни, Алиса Кепбел, Бебе Гордон, Мелани Бруно, Дуајт Стоун, Ерик Кастро, Дерил Финеси, Тамара Берард, Кевин Дабли, Марчела Карона, Танија Темен, Џоан Паратор, Лиса-Вал Ургеро)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "The Open Door" Leaks onto the Internet“. The Open Door News Blog. 2006-09-04. конс. 2006-09-04. 
  2. Entire New Album Available For Streaming“, „Blabbermouth.net“, 26 септември 2006 (посет. 25 март 2007 г).
  3. „On Tuesday Aug 15th...“. Evanescence.com News. конс. 2006-08-09. 
  4. „Gold & Platinum: Search Results“. RIAA.org. конс. 2009-12-30. 
  5. Sydney Confidential. „Night of frocks 'n' roll“, „The Daily Telegraph“, 30 април 2007 (посет. 29 април 2007 г).
  6. NMPA.org (10 јуни 2008). "NMPA Announces 2008 Honorees". Соопштение за печат.  посет. 7 март 2010 г
  7. Hartzler, Amy (2009-06-19). „New: Will the real Slim Shady please stand up?“. Evanescence.com. конс. 2009-06-19. 
  8. „BOOKED: Evanescence - Marc Webb, director“. Video Static: Music Video News. 2006-07-06. конс. 2006-08-03. 
  9. „Singles: Lithium (2007)“. HMV.co.uk. конс. 2006-11-20. 
  10. „Change of heart for the 3rd single“. EvThreads.com. 2007-01-29. конс. 2007-04-18. 
  11. ? ep?s?µ? a?a?????s? t?? Evanescence“, „Mad.tv“, 8 мај 2007 (посет. 8 мај 2007 г).
  12. BOOKED: Evanescence - Marc Webb & Rich Lee, directors“, „VideoStatic.com“, 8 јуни 2007 (посет. 8 јуни 2007 г).
  13. (шпански)Escuche: ‘Weight of the world’ lo nuevo de Evanescence“, „La FM“, 18 октомври 2007 (посет. 20 октомври 2007 г).[мртва врска]
  14. Staff. „'The Open Door' Purifies Evanescence's Amy Lee“, „Static Multimedia“, 15 октомври 2006.
  15. „Amy Lee discusses every song from the album“. VH1.com. 2006-10-08. конс. 2007-03-25. 
  16. United Nations Foundation (22 јануари 2010). "Evanescence Teams Up With the United Nations Foundation to Raise Money for Victims of the Earthquake in Haiti". Соопштение за печат.  посет. 22 јануари 2010 г
  17. „Evanescence Set For Fall Tour; Amy Lee Reveals Inspiration Behind 'Sober'. VH1.com. 2006-08-10. конс. 2006-08-13. 
  18. „Shihad on Evanescence National Tour“. 2007-02-10. конс. 2007-03-24. 
  19. „Rock on the Range“. CrewStadium.com. конс. 2007-03-25. 
  20. „Grilla del Quilmes Rock 07“. NMGSrock.com.ar. конс. 2007-03-21. 
  21. „Evanescence.com Tour info“. Evanescence.com. конс. 2006-08-10. 
  22. „The Open Door - tour dates“. EvanescenceFan.net. конс. 2007-03-08. 
  23. „Upcoming shows index“. Evthreads.com. 2007-08-03. конс. 2007-08-05. 
  24. Lee, Amy (2007-12-09). „Closing the Open Door“. EvThreads.com. конс. 2007-12-10. 
  25. „Concert dates“. Evthreads.com. 2007-10-23. конс. 2007-12-13. 
  26. „The Open Door [w/ DVD, Limited Edition]“. CDJapan.co.jp. конс. 2007-09-19. 
  27. 27,0 27,1 Reesman, Bryan. The Essence of Evanescence. „Metal Edge“: 8. http://lnx.evanescencewebsite.com/TheOpenDoor/albums/OPEN%20DOOR%20ERA/Magazines/Metal%20Edge/004.jpg. посет. 12 февруари 2008 г. „And the group even recorded enough material for three planned B-sides – "Together Again," "If You Don't Mind," and "The Last Song I'm Wasting On You".“. 
  28. „ARIA Top 50 Albums Chart“. Australian Record Industry Association. конс. 2006-10-15. 
  29. 29,0 29,1 29,2 29,3 29,4 29,5 29,6 29,7 „Evanescence - The Open Door - Music Charts“. aCharts.us. конс. 2007-05-16. 
  30. „Ultratop 50“. Skynet.be. конс. 2007-02-24. 
  31. „Hitparáda - Top50 Prodejní“. IFPIcr.cz. конс. 2007-03-25. 
  32. „Album Top-40“. HitListerne.dk. конс. 2007-03-25. [мртва врска]
  33. „CD top100, nädal 42 - 2006“. Pedro.ee. конс. 2007-03-25. 
  34. „Les 200 meilleures ventes d'albums en France“. ifop.com. Архивирано од изворникот на 2006-10-22. конс. 2006-10-15. 
  35. www.ifpi.gr
  36. „Irish Music Charts Archive“. ChartTrack.co.uk. конс. 2006-10-15. 
  37. http://italiancharts.com/showitem.asp?interpret=Evanescence&titel=The+Open+Door&cat=a
  38. „Mega Album Top 100 Jaarlijst - 2006“. Megatop50.nl. конс. 2007-03-25. 
  39. „Top 40 Albums - Monday 9 October 2006“. Rianz.org.nz. конс. 2007-03-25. 
Претходник
Release Therapy од Лудакрис
Билборд 200 албум број еден
15 октомври, 2006 – 21 октомври, 2006
Наследник
Still the Same... Great Rock Classics of our Time
од Род Стјуард
Претходник
I'm Not Dead од Пинк
Австралиски ARIA Албум Табели албум број еден
9–22 октомври, 2006
Наследник
Dancing in the Street: the Songs of Motown II
од Human Nature