Lacrymosa (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
"Lacrymosa"
Песна од Evanescence
од албумот The Open Door
Пуштена25 септември, 2006
СнименаСептември 2005—март 2006
ЖанрАлтернативен метал
Симфониски метал
Должина3:37
МаркаWind-up
ПеснописецЕјми Ли, Тери Балсамо, Волфганг Амадеус Моцарт
Продуцент(и)Дејв Фортман

Lacrymosa“ е песна од американската рок група Evanescence. Таа е седмата песна од нивниот втор студиски албум The Open Door. Песната ја напишала Ејми Ли инспирирана од делот „Lacrimosa“ на Моцарт од „Реквиемот“.

Позадина[уреди | уреди извор]

За време на интервју на VH1, Ејми изјавила,

Го гледав Амадеус кога имав девет години и се „вљубив“ во Моцарт. Делот од Моцартовиот Реквием наречен "Lacyrmosa" беше мојата омилена музика. Јас секогаш поскував ние да можеме да го препееме, но со различни инструменти и гитари. Беше наш момент да ги направиме сите работи што јас сакав да ги направам отпорано, но не можев, па почнав да го обработувам во Protools. Тери напиша неколку рифови и ја претвори во оваа прекрасна метал песна.

— Amy Lee, VH1 News[1]

Дејвид Кемпбел, кој претходно правел музика за бендот, водел оркестар составен од 22-члена. Корот The Millennium Choir го изведувал делот Lacrimosa и пратечките вокали во песната. Иако оригиналниот дел Lacrimosa е изведдуван во D-минор, променет е во E-минор од Ејми Ли и Тери Балсамо.[2] Снимана е блиску Сиетл, Вашингтон.[3]

Според Ејми Ли песната е напишана за филмот Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот, но мистериозно не се појавила во филмот.[4] Според продуцентите ниту Ејми ниту Evanescence не требало да компонираат музика за во филмот.[5]

Името на песната им научно потекло по вид на мов кој е познат по латинското име Catocala lacrymosa.[6]

Други употреби[уреди | уреди извор]

"Lacrymosa" се појавува на позадината за промоционлни клипови на серијата The Tudors.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bottomley, C (2006-09-18). "Evanescence: Amy Lee Explains the New Songs". VH1.com. VH1 News. Посетено на 2007-02-04.
  2. "Lacrymosa Sheet Music (Digital Download)". MusicNotes.com. Посетено на 2008-01-03.
  3. "Listen To Two New Tracks From Evanescence's Album 'The Open Door'". SonyBMG.com.au. Sony BMG News. Посетено на 2007-02-04.
  4. Reesman, Bryan (2006). "The Essence of Evanescence". Metal Edge. Посетено на 2007-02-28. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  5. "Wardrobe closed to Evanescence singer". The New Zealand Herald. 2004-11-27. Посетено на 2007-07-06.
  6. Oehlke, Bill. "Catocala lacrymosa". Catocala silkmoths. Посетено на 2007-07-02.
  7. Showtime original series: The Tudors trailer. Showtime via YouTube. 2007. http://www.youtube.com/watch?v=Skho5PaUAY8. Retrieved 2007-02-16.