Прејди на содржината

Call Me When You're Sober

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Call Me When You're Sober“
Сингл од Evanescence
од албумот The Open Door
Издаден 25 септември 2006[1]
15 август 2006 (Дигитално спуштање)
Формат ЦД сингл, дигитален доунлоуд
Снимен 2006
Жанр Алтернативен метал,
Должина 3:36
Издавачка куќа Wind-up
Композитор Ејми Ли и Тери Балсамо
Продуцент Дејв Фортман
Хронологија на синглови на Evanescence
Everybody's Fool
(2004)
Call Me When You're Sober
(2006)
Lithium
(2007)

Call Me When You're Sober“ e песна од американската рок група Evanescence. Оваа песна е првиот сингл од вториот студиски албум на групата The Open Door која се појавила на 25 септември 2006. Напишана е од Ејми Ли и Тери Балсамо и во неа се зборува за поранешното момче на Ејми, Шон Морган - член на групата Seether. Сестрите на Ејми - Кери и Лори, се појавуваат како следечки вокали.[2] Песната стана втор најуспешен сингл на бендот заземајќи го 10. место на Билборд хот 100 листата. Го зазеде 10. место на Билборд хот 100 листата и 4. место на списокот на Алтернативни песни.

Издавање

[уреди | уреди извор]

Песната е пуштена на радио на 30 јули 2006, со што неколку радио станици ја пуштиле песната порано.[3] Песната можела да се спушти дигитално на 15 август, а официјално е издадена како сингл на 25 септември.

Наскоро почнале озборувања дека Wind-up одбрале да ја издадат песната како сингл самите, што Ејми Ли го негирала во нејзината порака на Evboards:

Wind up не го одбра синглот - јас го направив тоа и морав да се борам за тоа. Јас ја сакам оваа песна. Исто така тие не сменија ништо во неа. Ова е начинот на кој ние ја направивме.[4]

Песната се искачила на #10 на VH1 „Топ 40 од 2006.“[5] Исто така се искачила на #77 на табелата на крајот на годината на Билборд, пониска позиција отколку претгодните синглови на бендот, „Bring Me to Life“ и „My Immortal.“ Се искачил и на #5 на списокот за најсвирени песни во 2007 на ARIA.[6] Добил Платинска сертификација од RIAA на 17 февруари 2009, со продадени повеќе од 1 милион копии.[7]

Песната е една од последните напишани за албумот The Open Door.

Во песната се работи за поранешното момче на Ејми Ли, Шон Морган, главниот вокал на групата Seether, и се работи за неговата „љубов“ кон алкохолот. Ли ја објаснила темата на песната во интервју за VH1:[8]

Многу е очигледно за кого се зборува во песната. Знаев дека луѓето ќе читаа меѓу редови и ќе знаеја дека е за моето бившо момче Шон Морган, од Seether, но сакав да се знае дека се работи токму за тоа. Ми требаше да кажам што чувствувам веќе толку долго. Музиката е терапија за мене. Тоа е лек за секоја негативна работа низ која поминав.

Музичко видео

[уреди | уреди извор]

Музичкото видео за песната е режиран од Марк Веб и беше прикажуван на MTV, MTV2, VH1 и Fuse. Спотот е заснован на приказната за Црвенкапа. Во интервју зад сцените на спотот, режисерот сакал Ејми Ли да му ги расчекорува нозете на својот „поранешен љубовник“ во видеото, но таа одбила да го прави тоа.

Во спотот се прикажани Ејми Ли и нејзиното „поранешно момче“ кое го глуми британскиот глумец Оливер Гудвил како седат на маса поставена со јадење. Бендот и Ејми се прикажани како ја изведуваат песната.

Отпрвин било испланирано видеото да биде снимано кон крајот на јуни, но било одложено бидејќи сè уште не било почнато да се снима дури до втората недела од јули.[3][9] Премиерата на видеото била на 7 августо, 2006, на MTV2 во САД, и на MuchOnDemand во Канада. Се искачило на #1 на TRL на MTV.

Список на песни

[уреди | уреди извор]

ЦД еден:

Бр. Наслов Траење
1. „Call Me When You're Sober“ (Албум верзија) 3:34
2. „Call Me When You're Sober“ (Акустична верзија) 3:37

ЦД два:

Бр. Наслов Траење
1. „Call Me When You're Sober“ (Албум верзија) 3:34
2. „Call Me When You're Sober“ (Акустична верзија) 3:37
3. „Правењето на видеото“ (Видео клип) 5:20
4. „Call Me When You're Sober“ (Музичко видео) 3:33
  • Винил сингл издаден во септември 2006
Бр. Наслов Траење
1. „Call Me When You're Sober“ (Албум верзија) 3:34
2. „Call Me When You're Sober“ (Акустична верзија) 3:37
Табела (2006) Највисока
позиција
САД Билборд Хот 100[11] 10
САД Билборд Поп 100[11] 10
САД Билборд Хот Мејнстрим Рок Песни[11] 5
САД Билборд Хот Модерни Рок Песни[11] 4
САД Билборд Adult Топ 40[12] 8
Австралија ARIA Top 50 Синглови[13] 5
Канадски Топ 100 Airplay[14] 3
Табела (2006) Највисока
позиција
Франција Топ 100 Синглови 20
Германија Топ 100 Синглови 13
Ирска Топ 50 Синглови 13
Италија Топ 50 Синглови 3
Нов Зеланд RIANZ Топ 40 Синглови 3
ОК Топ 75 Синглови 4
  1. „Evanescence grows up“. NME.com. July 27, 2006. Посетено на August 13, 2006.
  2. „www.renovatiox.com/music/evanescence/scan/cd_tod_05.jpg“. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на 2011-03-01.
  3. 3,0 3,1 „Call Me When You're Sober“. Evanescence: The Open Door News Blog. July 29, 2006. Посетено на July 30, 2006. [мртва врска]
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 2011-03-24.
  5. „Top 40 of 2006“. VH1.com. Архивирано од изворникот на 2007-11-05. Посетено на December 11, 2008.
  6. „Pink most played artist on Australian radio, TV, pubs“. News.com.au. December 28, 2007. Архивирано од изворникот на 2009-02-02. Посетено на January 16, 2008.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Gold & Platinum Search Results“. RIAA.com. 2009-02-17. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2009-04-07.
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-10-28. Посетено на 2011-03-01.
  9. „BOOKED: Evanescence - Marc Webb, director“. Video Static: Music Video News. July 6, 2006. Архивирано од изворникот на 2006-08-05. Посетено на July 30, 2006.
  10. „Call Me When You're Sober“. EIL.com. Посетено на December 11, 2008.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 „Artist Singles Chart History - Evanescence“. Billboard. Архивирано од изворникот 2006-10-20. Посетено на 2006-08-24.
  12. „Adult Top 40“. Billboard. Посетено на 2006-09-02.
  13. „Australian Top 50 Singles Chart“. Australian Recording Industry Association. Архивирано од изворникот на 2007-07-20. Посетено на 2006-09-24.
  14. „Canadian BDS Airplay“. Jam.Canoe.ca. Посетено на 2006-08-24.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]