Everybody's Fool

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Everybody's Fool“
B0001YNK7A.01.LZZZZZZZ.jpg
Сингл од Evanescence
од албумот Fallen
Издаден 7 Јуни, 2004 (САД)
Формат ЦД сингл,
Снимен 2004
Жанр Алтернативен метал, ну метал[1]
Должина 3:05
Издавачка куќа Wind-up
Композитор Ејми Ли, Бен Муди и Дејвид Хоџес
Продуцент Дејв Фортман
Хронологија на синглови на Evanescence
My Immortal
(2003)
Everybody's Fool
(2004)
Call Me When You're Sober
(2006)

„Everybody's Fool“ е песна од американскиот рок бенд Evanescence. Беше издадена на 7 јуни 2004 како четврт сингл од нивниот прв албум Fallen. Оваа песна е напишана од Ејми Ли и Бен Муди и според Ејми во неа се работи за познатите луѓе кои ги продаваат своите тела.[2]

Издавање[уреди | уреди извор]

Откако Бен Муди го напуштил бендот, третиот сингл од албумот Fallen, „My Immortal“ почнал да станува сè поуспешен и поуспешен. обожавателите мислеле дека следниот сингл од албумот Fallen кој ќе го издаде бендот ќе биде „Imaginary“, бидејќи таа песна била една од најстарите на бендот (изведувана во живо од 1998) и бидејќи најмногу им се допаѓала на обожавателите од Литл Рок, Арканзас. Но „Everybody's Fool“ била издадена на 4 јуни, 2004 година, а "Imaginary" била издадена како промоционален сингл.

Позадина[уреди | уреди извор]

Песната е напишана од Ејми Ли и Бен Муди и според Ејми таа е за популарните личности кои имаат создадено сосема лажни слики за себе. [2] Песната била погрешно сфатена, како порака против христијанството, бидејќи бендот кажал дека не сака да биде сметан како христијански бенд.[3]

Демо верзија за песнава е снимена помеѓу 2001-2002 година и има малку променет звук. Акустичната верзија се наоѓа во секцијата зад сцената на Anywhere but Home ДВД.

Музичко видео[уреди | уреди извор]

Спотот го режирал Филип Столзи во Лос Анџелес, Калифорнија во средината на април, 2004 година.

Спотот го прикажува животот на една млада манекенка (која ја глуми Ејми) која е несреќна поради лажниот живот кој таа го живее.Таа рекламира производи кои ги произведува компанија наречена „Лаги“ (пица, парфем, енергетски пијалак и кукла). Во еден дел од спотот Ејми ќе се најде во лифт заедно со уште две други девојки кои ќе ѝ се смеат бидејќи во живо изгледа многу постаро. Во друг дел Ејми ќе се гледа во огледало пробувајќи да се насмее, и ќе го искрши огледалото со гола рака која ќе почне да крвари. На крај можеме да видиме како тоа плаче и вика гледајќи го билбордот спроти нејзината зграда на кој се наоѓа нејзина реклама и таа ќе рече дека жената на билбордот не е „вистинска и не може да ме спаси“ („you're not real and you can't save me“).

Ова е единственото видео заедно со „Good Enough“ каде што Ејми се појавува сама во спотот. Но сепак членовите на бендот ќе се појават кратко во делот кога таа го рекламира енергетскиот пијалак.

Список на песни[уреди | уреди извор]

ЦД сингл (Европска верзија) (Издадена јуни 2004)

Бр. НасловТекстописци Траење
1. „Everybody's Fool“ (Албум верзија)Муди, Ли, Хоџес 3:15
2. „Taking Over Me“ (Во живо од Колоњ)Муди, Ли, Хоџес, Лекомп 4:06
3. „Whisper“ (Во живо од Колоњ)Муди, Ли 5:22
4. „Everybody's Fool“ (Инструментална верзија)Муди, Ли, Хоџес 3:15

Табели[уреди | уреди извор]

Табела (2004) Највисока
позиција
Австралија (ARIA)[4] 23
Белгија (Ultratop 50 Фландрија)[5] 35
Белгија (Ultratip Валонија)[6] 3
Европски Хот 100 Синглови[7] 95
Ирска (IRMA)[8] 32
Италија (FIMI)[9] 16
Норвешка (VG-lista)[10] 17
Швајцарија (Media Control AG)[11] 35
Британски Синглови (The Official Charts Company)[12] 24
Билборд Алтернативни Песни[13] 36

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „AMG review“. Allmusic.com. конс. September 10, 2010. 
  2. 2,0 2,1 Moss, Corey. „Evanescence's Amy Lee Hopes To Get Into Film, Rages Against Cheesy Female Idols“, „MTV News via VH1.com“, 10 јуни 2004 (посет. 7 ноември 2006 г).
  3. Breimeier, Russ. „Evanescence: Beautiful and haunting gothic rock“. Christian Music Today. Архивирано од изворникот на February 7, 2004. 
  4. "Australian-charts.com – Evanescence – Everybody's Fool". ARIA Топ 50 Синглови. Hung Medien.
  5. "Ultratop.be – Evanescence – Everybody's Fool" (на холандски). Ultratop 50. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch.
  6. "Ultratop.be – Evanescence – Everybody's Fool" (на француски). Ultratip. ULTRATOP & Hung Medien / hitparade.ch.
  7. "Evanescence Album & Song Chart History" European Hot 100 for Evanescence. Prometheus Global Media.
  8. "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK.
  9. "Italiancharts.com – Evanescence – Everybody's Fool". Top Digital Download. Hung Medien.
  10. "Norwegiancharts.com – Evanescence – Everybody's Fool". VG-lista. Hung Medien.
  11. "Evanescence – Everybody's Fool swisscharts.com". Swiss Singles Chart. Hung Medien.
  12. "Archive Chart" UK Singles Chart. The Official Charts Company.
  13. „Everybody's Fool - Evanescence“. Billboard.com. May 8, 2004. Архивирано од изворникот на January 18, 2013. конс. July 11, 2010. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]