Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Хрониките на Нарнија:
Лавот, вештерката и ормарот“
The-chronicles-of-narnia-poster.jpg
РежисерЕндру Адамсон
ПродуцентМарк Џонсон
Пери Мур
Филип Стијер
Даглас Грешам
СценаристКнига:
К. С. Луис
Сценарио:
Ан Пикук
Ендру Адамсон
Кристофер Маркус
Стефен Мекфилј
НастапуваатВилијам Мусли
Ана Попливел
Скандар Кејнес
Џорџи Хенли
Тилда Свитон
Џејмс МекАвој
Лиам Нисон (глас)
МузикаХари Грегсом Вилијамс
КинематографијаДоналд Мекалпин
МонтажаСим Иван-Џонс
Џим Меј
ДистрибутерWalt Disney Pictures
Премиера8 декември, 2005 (ОК)
9 декември, 2005 (Северна америка и Европа)
ВреметраењеВо кино:
135 минути
Проширено издание:
150 минути
ДржаваСАД / Нов Зеланд
ЈазикАнглиски
Буџет180 милиони долари
Бруто заработка$744.717.957
СледенХрониките на Нарнија: Принцот Каспијан

Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и орманот (англиски: The Chronicles of Narnia: The Lion, the Witch and the Wardrobe) e филм од 2005 година. Филмот е режиран од Ендру Адамсон и е базиран на Лавот, вештерката и ормарот првиот издаден роман во серијалот на детски фантастични книги Хрониките на Нарнија. Филмот е продуциран од срана на Walden Media а дистрибуиран од Walt Disney Pictures. Вилијам Мусли, Ана Попливел, Џорџи Хенли и Скандар Кејнес ги играат Питер, Сузан, Луси и Едмонд. Филмот започнува со бомбардирањето на Англија од страна на Германските фашистички сили. Питер, Сузан, Луси и Едмонд мораат да се евакуираат. Тие одат на село и таму наоѓаат ормар којшто ги води во фантастичниот свет на Нарнија. Таму тие ги соеднинуваат силите со лавот Аслан и се борат против силите на Белата Вештерка.

Премиерата на филмот беше на 9 декември 2005 година.

Дејстивието на филмот почнува во 1940 година со бомбардирањето на Лондон од страна на Германските фашистички сили. Питер, Сузан, Луси и Едмонд се во директна опасност од бомбардирањето.

Немајќи што да прави мајката на децата ги испраќа на побезбедно место. Таму тие го откриваат магичниот ормар. Кога ненамрно ќе го отворат тие влегуваат во фантастичниот свет на Нарнија. Ќе имаат многу тешка задача да го победат злото и да го ослободат волшебниот свет Нарнија.