1 јануари (настани)
Изглед
| 45 п.н.е. | Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар. |
| 404 | Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум. |
| 439 | Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период. |
| 1651 | Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска. |
| 1801 | Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци. |
| 1804 | Независност на Хаити од Франција. |
| 1818 | Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн. |
| 1880 | Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот Канал. |
| 1892 | Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави. |
| 1901 | Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер. |
| 1908 | За првпат пуштена топка изработена од кристали и електрични светла плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, отпочнувајќи традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година во градот. |
| 1909 | Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов. |
| 1925 | Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Претходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година. |
| 1932 | Во Виена се одржа првиот Новогодишен концерт.о Виена се одржа првиот Новогодишен концерт. |
| 1942 | Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации. |
| 1945 | Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“. |
| 1948 | Основана е Државната опера на Народна Република Македонија |
| 1959 | За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста. |
| 1965 | Под водство на водачот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО. |
| 1982 | Перес де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации. |
| 1990 | формирана е политичката партија НДП. |
| 1995 | Започна со работа Светската трговска организација. |
| 1997 | Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева. |
| 2002 | Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија. |
| 2006 | Почна примената на Законот за заштита од пушењето. |
| 2007 | Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија. |
| 2017 | Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН. |