Унштрутал (општинска заедница)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Унштрутал

Унштрутал (германски: Unstruttal) — општинска заедница во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Пред 1 јануари 2010, била Амт. Сместена е по текот на реката Унштрут, приближно 50 километри западно од Лајпциг. Седиштето на општинската заедница е во Фрајбург.

Општинската заедница Унштрутал се состои од следниве општини:

  1. Балгштет
  2. Фрајбург
  3. Глајна
  4. Гозек
  5. Карсдорф
  6. Лауха на Унштрут
  7. Небра

Координати: 51°12′46″N 11°46′11″E / 51.21278° СГШ; 11.76972° ИГД / 51.21278; 11.76972