Прејди на содржината

Убиството на Кочо Рацин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Убиството на Кочо Рацин
Дел од Македонија во Втората светска војна
Спомен плоча на местото каде што загинал Кочо Рацин
МестоЛопушник, I оперативна зона на НОБ
Датум13 јуни, 1943
13:00 — 13:30 (според Кирил Георгиевски)[1]
Вечерта, пред полноќ (меѓународно признаено)[1]
ЦелВидете гледишта
Употребено оружјеШмајзер
Мртви1
Повредени0
ЖртвиКочо Рацин
НапаѓачМино Миновски
Осомничен сторителСтрахил Гигов[2]

Вечерта на 13 јуни, 1943 година кога македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин се враќал од тогашниот главен штаб на НОВ и ПО во Македонија до главната база на мавровскиот гостиварски партизански одред „Кораб“ во планината Лопушник бил стрелан од страна на мијачкиот револуционер и партизан Мино Миновски. Миновски го застрелал Рацин користејќи постар модел на пушка, имал само еден куршум и успешно го погодил Рацин во стомакот. После два часа загинал.[3][4]

Смртта на поетот и револуционерот е еден од најистакнати моменти во народната ослободителна војна во Македонија, но сепак смртта се уште е оспорена помеѓу историчари од македонската историографија, некој сметаат дека стрелањето било несреќа од страна на Миновски и дека Рацин бил глув, додека друга страна е убедена дека смртта била злонамерно организирана од Страхил Гигов којшто го изолирал Рацин политички од Комунистичката партија на Југославија и после го убил.

Во првите години после ослободувањето на Македонија и формирањето на комунистичката влада гробот на Рацин бил оставен необележан во планината, после неколку години биле пронајдени остатоците и бил преместен од Лопушник до велешката црква „Св. Пантелејмон“ во кивор со повеќе луѓе. После триесет години и од побарањето на помладниот брат на Рацин, Димко Солев остатоците биле префрлени во велешката костурница.

Хронологија

[уреди | уреди извор]

„И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што лштат
блазе, релни на душата
има зошта душа да е!“

Во април, 1941 година почнала априлската инвазија на територијата на Кралството Југославија, главните напаѓувачи биле Третиот Рајх, фашистичка Бугарија и Албанија под окупација на Италија. Кочо Рацин бил голем критичар кон суровата бугарска администрација, заради тоа немал јадење и редовно требал да се молел. Во септември 1941 година бил поканет од Коле Неделковски и жената на Венко Марковски да живее со нив во Софија. Тој ја прифатил одлуката заради тоа што бил отстранет од КПЈ и лошо третиран од страна на бугарската фашистичка полиција.[6]

Слика од Кочо Рацин

После смртта на Коле Неделковски, се враќа назад во Македонија кај градот Скопје. Таму Рацин пишувал различни негативни статии кон суровата окупација, една со насловот „До сите честити Македонци!“ ја споредувал бугарската окупација со српската и истакнал како немало разлика.[7] Во друга статија со насловот „До целиот македонски народ. До сите честити Македонци!“ каде што ја пофалува Совиетската армија против Германија.[8] Во 1942 година бојкотот од КПЈ било укинато кога Бане Андреев станал главен на македонската подгрупа. Во есента иста година се вратил во неговиот роден град каде што ја анализирал ситуацијата со германските и бугарските воени единици во државата. Рацин одлучил дека единствениот надеж бил да се приклучи во самата војна.[9]

Во 1943 година бил уапсан од страна на бугарската фашистичка окупација и затворен во Корница, Неврокопско, но во април 1943 година успешно избегнал и се вратил во Скопје. После толку страдање Рацин одлучил дека требало да имал активно учество во ослободителната војна. Одлучил во 7 мај 1943 година заедно со Борис Алексовски, Мирко Милевски, Тихомир Шарески и други да патуваат во Лопушник кај базата на партизанскиот одред „Кораб“ со цел да се приклучат во партизанскиот одред, главниот водач на базата во тоа време бил Страхил Гигов, којшто ја користел базата како центар за комуникација околу селата да ги убеди да се приклучат во борбата.[10][11][12]

Неколку дена пред одлуката на Рацин, Гигов дадол наредбата за преместувајќи ја примитивната партизанска печатница „Гоце Делчев“ од Битуше до планината Лопушник, при нејзиното префрлање Рацин дојдол во базата. По неговото достигнување среќно реагирале партизаните заради неговите познати творештва вклучувајќи ја Бели мугри. Митре Инадевски бил таму да го примил Рацин во базата. Гигов им најавил на Инадевски и неговиот другар, со прекарот „Дончо“ дека Рацин би бил главен на печатницата и дека било дирекно одобрувано од централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Според Миновски, Кочо Рацин бил многу среќен, имал ранец со оружја внатре и еден ситен пиштол. Кога стасал ја бакнал земјата.[13][4]

Кочо Рацин кога бил во Лопушник активно работел за произвоство на неговата последна стихозбирка со насловот „Македонски народно-ослободителни песни“ и го користел како место за уредување партизанскиот весник Илинденски пат.[4][14] Рацин претежно преведувал текстови користејќи ја печатницата. Го користел местото да го преведи комунистичкото манифесто и говорите на Јосиф Сталин, после неговата смрт било испечатено вториот дел на неговата стихозбирка и проглас на македонскиот народ во 2 август.[4][15]

Стрелањето

[уреди | уреди извор]

„Рацин е тешко ранет! Не се знае дали ќе остане жив!“

— Аризан Несторовски - Марче, [16]
Слика од првата партизанска печатница „Гоце Делчев“ во планината Лопушник

Во јуни 13, 1943 година, со штампањето на „Македонски народно-ослободителни песни“ Кочо Рацин успешно испечатил околу стотина тиражи.[17] Веќе било ноќ и голем дел од партизаните се спремале за наредниот ден, додека некој имале улогата да работат како стражари, за тој ден бил одбран Мино Миновски, македонски партизан којшто по потекло бил Мијак, тој бил заедно со Кочо Рацин и Митре Инадевски. Го познавал Кочо Рацин од 1931 година кога првпат се сретнал со него кога учел во школска гимназија во Скопје.[18]

Во ноќта, Миновски му предложил на Кочо Рацин да пратил докуметни и да направил нешто за јадење во главниот штаб на народната ослободителна армија и партизанските одреди на Македонија, којшто било околу тристо метри далеку од партизанската печатница „Гоце Делчев“, Кочо Рацин одлучил да го прифати предлогот заради тоа што бил готов со работа и почнал со неговото патување, додека патувал Митре Инадевски почнал разговор со Мино Миновски за албанските балисти.[3][4]

После неколку време Кочо Рацин почнал да патува назад кон печатница, заради темницата неговиот облик не се гледало прецизно. При разговорот помеѓи Митре Инадевски и Мино Миновски, Инадевски му истакнал на Миновски дека некоја фигура од шумата почнала да патува кон нивната база и партизанската печатница „Гоце Делчев“. Според сеќавањата на Миновски, Инадевски предложил дека имало можност дека таа фигура којшто идела накај нив имало оружје, повеќе конкретно пушка. Инадевски исто така предложил дека таа фигура имало можност да била дел од албанската балиста. Заради тоа Миновски почнал да се спрема да ја стрела непозната фигура.[3]

Миновски бил исплашен, имал само еден куршум оставено во неговата пушка.[19][20] Миновски одлучил да искаже „стоп!“ кон фигурата, со надежот дека тој што патувал бил дел од партизаните но служел како војник во друг одред. Сепак фигурата продолжила да патува кон печатницата и базата. Мино Миновски одлучил повторно да издере „стоп!“ но овој пат погласно.[3] Сепак фигурата продолжила. Со изгубениот надеж на Миновски тој одлучил да ја спрема пушката и за брзо време ја наместил и ја пукнал со неговиот последен куршум. Кочо Рацин бил погоден во стомакот на десната страна.[21][1]

„Што е ова, бре другари, со мене? Дали сето она е вистина или нешто сонувам?“

— полусвесен Кочо Рацин, откако бил стрелан, [21]
Споменик за смртта на Кочо Рацин во врвот на планината Лопушник.

Кочо Рацин бил погоден и пропаднал на земјата. Откако Миновски го погодил, другите партизани којшто работеле внатре во печатницата испаднале надвор со нивните оружја. Откако го слушнале гласот на поетот брзо истрча кон неговото место. Далечината помеѓу печатницата и штабот било околу тристо или четрсто метри. Според Перо Коробар кога Миновски го погодил Рацин, нивната далечина била помеѓу дваесет и триесет метри.[22] Не се знае конкретно во кое време починал Кочо Рацин откако бил погоден но според претпоставките на Митре Инадевски и други наводи, околу два часа по стрелањето починал.[1]

Откако Миновски открил дека тој што го застрелал бил неговиот другар Кочо Рацин одлучил да го фрли оружјето и да го посети повредениот Кочо Рацин, заедно со него дојде и Киро Георгиевски - Дејан. Коце Солунски исто така бил присутен во планината за време на стрелањето.[23] Други партизани присутни за време на стрелањето биле Митре Инадевски, Аризан Несторовски - Марче, Пецо Чинговски, Ванчо Бурзевски и други партизани околу печатницата или базата.[24]

Пред стрелањето Страхил Гигов бил заедно со српскиот комунист Добривое Радосавлевиќ во селото Кленоец како дел од нивнот план да ги убедат албанското малцинство и турското малцинство во Македонија да учествуваат во ослободителното движење. Во ноќта при договорите пристигнал партизанот Аризан Несторовски којшто ги соопштил за стрелањето на Кочо Рацин. Кога стасале веќе починал држејќи ја раката на Киро Геориевски. Гигов сакал комисија да формирал за смртта на Кочо Рацин но сомнително одлучил да го прекина и да го водат случајот како несреќa.[16]

Гледишта

[уреди | уреди извор]

„Другари, имам една стара мајка во Велес, кажете ѝ оти загинав за Македонија“

— последните зборови на Кочо Рацин, [25]

Македонската историографија

[уреди | уреди извор]

Гледишта на теоријата дека било несреќа

[уреди | уреди извор]
Слика од Страхил Гигов, првиот пропагатор на теоријата дека смртта на Кочо Рацин била несреќа

Теоријата дека стрелањето било несреќа било прво предложено од страна на Страхил Гигов. Според сеќавањата на Јосиф Ќаевски по смртта на Кочо Рацин, Гигов заедно се собрал со Крсте Црвенковски, Добривое Радосавлевиќ, Цветко Узуновски, Мино Миновски и Киро Георгиевски. Гигов во неговите мемоари истакнал како посакал да формирал времен комитет којшто би дадол одлука за како починал Рацин но идеата никогаш не ја потполнил.[21]

Теоријата дека случајот било несреќа било присвоено од страна на тогашната комунистичка историографија на Македонија којшто била под склоп на Југославската историографија. Според Васил Зафирчев, за време на социјализмот во Македонија имало активна цензура кон медиуми којшто имплицирале дека смртта на Рацин била организирана.[26] Заради тоа го режисирал филмот „Елегија за тебе“.

После смртта на Кочо Рацин, Мино Миновски којшто бил стрелецот пратил два писма кон Митре Инадевски за случајот, во првото било после неколку години од смртта, во нејзе се жали како чувствувал жал за смртта на неговиот другар, истакнал како секој ден страдал заради неговата избрзана одлука. Второто писмо било во 1984 година, писмото го пратил на Инадевски откако тој учествувал во интервјуто на Блаже Ристовски за неговата книга „Кочо Рацин“. Во писмото Миновски сомнително зима агресиван став кон неговата соработка со Ристовски. Миновски го обвинува Инадевски дека фалсификувал и лажел за случајот.[27]

За време на Рациновите средби во Велес, некој од набљудувачите на средбата биле Страхил Гигов и помладиот брат на Кочо Рацин, Димко Солев. При таа средба Димко го прашал Гигов како починал Кочо Рацин. Гигов бил сведок на случајот и бил присутен кога Кочо Рацин починал и бил закопан во Лопушник, тој исто така бил првиот пропагатор дека случајот била несреќа. Но заради некоја непозната причина Гигов сомнително одлучил да остане тивок и не му го одговорил прашањето.[28]

Во 1980-тите цензурата за смртта на Рацин се укинува и медумите имале право да шираат други теории за смртта на Рацин освен таа прифатена од македонската историографија.[29] Сепак дури денес, смртта на Кочо Рацин се третира претежно во македонската историографија како несреќа.[30][31][32][33]

Гледишта на теоријата дека било злонамерно

[уреди | уреди извор]
Слика од помладиот брат на Кочо Рацин, Димко Солев. Димко потекнува од истакната македонска фамилија Солеви. Солевите се познати како најистакнатите пропагатори на теоријата дека смртта била организирана со одредена цел.

Теоријата дека неговиот смрт било злонамерно организирано почнало да се развива постепно после распаѓањето на Југославија и независноста на Република Македонија. За времето во СФРЈ, тогашната Југославка историографија заклучила дека неговиот смрт било несреќа, според некој наводи медиуми којшто ја промовирале теоријата дека смртта била организирана би биле цензурирани.[26] Некој наводи сметаат дека причината за смртта на Кочо Рацин било заради неговите промакедонски ставови.[34][35]

Данчо Стефков истакнал за време на Рациновите средби во 2007 година дека еден од можните причини за неговото организирано убиство било дека неговите идеи и гледишта не совпаѓале со тогашната политика на Југославија и Јосиф Броз Тито.[36] Според Здравко Савески кога Кочо Рацин пристингла во главната база на партизанскиот одред „Кораб“ во планината Лопушник, неговиот пиштол бил одземен и тој редовно не се согласувал со Добривое Радосавлевиќ кога бил во базата.[37]

Главната фигура којшто го организирал убиството на Кочо Рацин е исто така оспорено, но многумина веруваат дека Страхил Гигов бил тој којшто го организарал. Според некој теории тој активно го изолирал од групата во базата и го организирал неговото убиство.[38] Јосиф Ќаевски, којшто бил присутен во базата за време на неговиот смрт но никогаш не го видел истакнал во необјавен дел од еден од неговите статии во Нова Македонија како одреден детали од мемоарите на сведоците не совпаѓаше. Како пример Киро Геориевски истакнал како Кочо Рацин загинал помеѓу 13:00 - 13:30 додека другимина се согласуваат дека загинал околу вечерта пред полноќ.[21]

Друго сомнение истакнал Ќаевски е самиот грав којшто Рацин бил пратен да подари кон главниот штаб на НОБ. Според Ќаевски само пет или шест мекици биле додадени со гравот, тоа не било ниту блиско доволно да се исхранат во базата, тоа било доволно само за двајца најмногу. Исто така при посета кај Цветко Узуновски, којшто бил присутен за време на смртта на Кочо Рацин според многумина наводи. Ќаевски го прашал за неговото учество во ситуацијата, Узуновски одлучил сомнително да ја сменил приказната и наместо во Кленоец со Гигов, пробал да го убеди Ќаевски дека бил во Врбјани со партизански војници.[21]

Исто така во мемоарите на Мино Миновски истакнал како Митре Инадевски бил тој којшто му спомнал дека можната фигура во темнината била дел од албанската балиста.[3] Но во мемоарите на Митре Инадевски тој истакнал дека Мино Миновски бил тој којшто ја спомнал темата и никој друг не го убедувал.[4]

Исчезнувањата на литературата на Рацин после смртта за време на СР Македонија
[уреди | уреди извор]
Куќата на Кочо Рацин, после ослободителната војна и после ослободувањето на градот Велес куќата била на Марија Солева, мајката на Кочо Рацин и Димко Солев, помладиот брат на поетот. Пред да било претворено во музеј различни историчари и партизани го посетувале местото и ги позајмувале литературата на Рацин, но одредени оспорени дела помеѓу владата сомнително биле пријавени дека исчезнале.

После загинувањето на Кочо Рацин и ослободувањето на градот различни партизани и историчари од тогашната македонска историографија ја посетиле неговата куќа којшто уште била дел од Солевата фамилија и на Марија Солева. Марија Солева открила за смртта на нејзиниот син после две години заради тоа што партизанот Ќиро Попадичето ја соопштил кога биле во Лисиче. После откривањето добила посети од различни истакнати фигури како Славко Јаневски и Александар Спасов. Александар Солев истакнал како позајмиле страниците од планирана стихозбирка со името „Антологија на болките“ но после биле пријавени како изгубени.[39]

Во една објава Блаже Конески потврдил дека кога Кочо Рацин починал имал со него чанта полно со поезија, еден од нив било кратко поезиско дело со насловот „Сандански“. Но чантата исто така била пријавена како исчезната, се знаело дека кога умрел уште ја имал но за време на погребот во планината исчезнала. Најавата на Конески е сомнителна заради тоа што го знаел составот и материјалите на неговата чанта иако било потврдено дека била изгубена.[39]

Исто така после ослободувањето исчезнале осум лични писма од Кочо Рацин кон Рахилка Фирфова којшто ги праќал помеѓу 1928 и 1929 година, кога Фирфова уште била во велешката гимназија. За време на социјалистичка Македонија сите нејзини писма биле земени и пренесени во велешкиот народен музеј, за тоа време уште седум други писма исчезнале. д-р. Александар Трајановски, член на Институтот на национална историја ги пронајдол во архивот на велешанецот д-р. Петар Стојанов кој работел помеѓу 1950 и 1956 година како историчар во Велес.[40] Трајановски истакнал како работеле заедно за дваесет години и во тоа време Стојанов никогаш не му спомнал како седумте писма ги чувал кај неговиот приватен архив.[40]

Бугарската историографија

[уреди | уреди извор]

За темата на смртта на Кочо Рацин во русофилската бугарска историографија претежно се смета дека неговото убиство било злонамерно организирано.[41] Со разлика во македонската историографија во Бугарија се смета дека неговото убиство било заради други причини. Помеѓу тие научници во Македонија којшто веруваат дека неговата смрт била организирана сметат дека го убиле заради неговите промакедонски ставови и заради тоа што неговите идеи и гледишта не совпаѓале со тогашната политика на Југославија и Јосиф Броз Тито.[36]

Според бугарофилскиот македонски историчар од БАН Коста Црнушанов неговиот смрт бил организран заради тоа што бил восхитен кон Методија Шаторов и бил против србинизацијата на македонскиот јазик и азбука.[42] Вакви гледишта се типични од бугарската историографија заради нивните негативни ксенофобиски и пристранети гледишта кон македонскиот народ создадено во време на русофилот Тодор Живков. Според сопругата на Венко Марковски Филимена Марковска убиството било организирано од Светозар Вукмаковиќ и Добривое Радосавлевиќ заради нивните негативни гледишта кон српската власт. Филимена исто така претпоставувала дека планирале да го направат истото и со Венко Марковски но го направиле во идно време за да не личело сомнително.[43] Некој бугарски медуми го именуваат Кочо Рацин како првата жртва на Темпо.[44]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Данов, Љупчо (24 септември 2020). „Данов: Навистина, дали доволно направивме за Рацин?“. Дума.мк.
  2. СДСМ сака да го избрише Дамјан Груев, за да го запише Страхил Гигов кој се поврзува со ликвидацијата на Кочо Рацин (3 февуари 2016) од Amandman, објавено во Прес24
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Живот и време. Автобиографија“ (декември 1973) од Мино Миновски, стр. 335-337
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Рацин на Лопушник и неговата смрт“ (1972) од Митре Инадевски, стр 97-99
  5. Татунчо (1939) од Кочо Рацин, дел од стихозбирката Бели мугри.
  6. Печков, Петар (11 јуни 2013). „Кочо Рацин и Коле Неделковски ќе загинеа заедно во Софија!?“. ТиРековМиРече.
  7. „Проглас на Рацин за судбината на Македонците: Заминаа Србите, дојдоа Бугарите“. Експрес.мк. 24 мај 2022.
  8. Проглас до целиот македонски народ (1941) од Кочо Рацин, документите објавени од МАНУ
  9. Миневски, Блаже (13 јуни 2020). „СЕЌАВАЊА НА АЛЕКСАНДАР СОЛЕВ, БРАТ НА КОЧО РАЦИН: "Ни собраа се што имавме дома од Кочо". Денешен весник.
  10. Јордановски, Илија (1971). Македонски пролетери, прва македонска народноослободителна ударна бригада. Народна Армија. стр. 21.
  11. Гигов, Страхил (1975). Сеќавања. Наша Книга. стр. 251.
  12. Спасов, Александар (1974). Кочо Рацин. Народна књига. стр. 147.
  13. Колендиќ, Антун (30 март 2023). „Нечовечка хајка против Рацин во партизаните: Атмосферата што го убила непријателски расположениот индивидуалист“. Рацин.мк.
  14. Бошковски, Јован (1969). Ајдутски и револуционерни песни. Македонска книга. стр. 14.
  15. Сајкоски, Ѓ. (8 февруари 2016). „Древна фотографија од „печатница" користена во Лопушник Кичевско, 1943 година“. Порта.мк.
  16. 16,0 16,1 Така загина Рацин (1978) од Страхил Гигов, објавено прв пат во Нова Македонија
  17. Конески, Блаже (1947). Од Борбата (PDF). Државно книгоиздателство во Македонија. стр. 5.
  18. Ристовски, Блаже (1983). Kočo Racin: istorisko-literaturni istražuvanja. Македонски книги. стр. 52.
  19. А1он (13 јуни 2013). „Сведоштво на Мино Миновски, човекот што пукаше во Рацин“. А1онлајн.
  20. „Се бореше за Македонија, го прослави македонскиот збор, пред 80 години убиен Кочо Рацин“. Скопско Ехо. 13 јуни 2023.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 „Сеќавање за смртта на Кочо Рацин“ (1990) од Јосиф Ќаевски, првпат објавено во Нова Македонија
  22. „Тестаменталните пораки на Рацин: Од ризницата на историјата е извлечено името на оваа земја и на нашето знаме е запишано Македонија!“. Експрес.мк. 13 јуни 2024.
  23. Сведоштва за последните мигови на Рацин (30 ноември 1974) од Коце Солунски, првпат објавено во Нова Македонија
  24. Несреќен случај или...? (1990) од Злате Тренески, објавено во Нова Македонија
  25. Искрвавени мугри: како загина Кочо Рацин (1997) од Здравко Савески. Издавач: „Орбита-С“, стр. 99-102
  26. 26,0 26,1 Димова, Марија (2009). (Kон)текстуални селидби, ко-текстуални средби. Филолошки факултет „Блаже Конески“. стр. 47.
  27. Писмо до Митре Инадески (12 март 1984) од Мино Миновски, објавено во 1990 година во Нова Македонија
  28. Андреевски, Стоилко (24 декември 2017). „Аманетот на грнчарот Димко Солев: „Јас не дознав но, вие деца мои да дознаете како загина брат ми Кочо?". Дума.мк.
  29. Јаневски, Дарко (20 април 2015). „Убиството на Кочо Рацин“. ОвчеПоле.
  30. Г., Д. (13 јуни 2024). „На Лопушник е убиен поетот Кочо Рацин, а во Вавилон смртта го победи непобедивиот воин Александар Македонски“. Денешен весник.
  31. А., В. (13 јуни 2019). „76 години од смртта на Кочо Рацин“.
  32. Синадинов, С. (22 декември 2023). „Кочо Рацин: 115 години од раѓањето на безвременскиот поет и инспирација за многу генерации“. Рацин.мк.
  33. НМ (22 декември 2021). „На денешен ден е роден поетот Кочо Рацин – еден од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија меѓу двете светски војни“. Нова Македонија.
  34. „70 години од убиството на Кочо Рацин на Лопушник“. Кичево.мк. 13 јуни 2013.
  35. Плусинфо (13 јуни 2023). „ЗОШТО МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ЈА НАПУШТИ ПРОЕКЦИЈАТА НА СЕРИЈАЛОТ ЗА РАЦИН? „Црвениот поет" обвиен во скандал“. Плусинфо.
  36. 36,0 36,1 BBC (13 јуни 2007). „„Елегија за тебе" на Рациновите средби“. BBCMacedonia.
  37. Савески, Здравко (12 јуни 2017). „Непознатиот Рацин“. Антропол.
  38. Админ (22 декември 2019). „НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Пред 111 години е роден македонскиот поет,богомил и револуционер Кочо Рацин“. FreeGlobe.
  39. 39,0 39,1 Миневски, Блаже (21 мај 2014). „Седумдесет и една годинa откако загина Рацин на Лопушник - што се случи со дел од документацијата?“. Канал 5.
  40. 40,0 40,1 Печков, Петар (8 септември 2013). „Што се случи со дел од документацијата на Кочо Рацин?“. ТиРековМиРече.
  41. Русанов, Петко (14 ноември 2020). „Кадър от пропагандна изложба на БКП „Тито и неговата свита МАКЕДОНСКИ ДОКУМЕНТИ ОТ СИЛВИЯ ДЕРМЕНДЖИЙСКА". ПРзоне.
  42. Црнушанов, Коста (1992). Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него (PDF). Софија: Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Софија. стр. 233–237.
  43. Марковска, Филимена (12 октомври 2013). „Кочо Рацин в моите спомени“. Дума.бг.
  44. Ѓурски, Маријан (10 октомври 2022). „Налагането на югославския политически македонизъм във Вардарска и Пиринска Македония“. Мове.бг.