Ванчо Бурзевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ванчо Бурзевски (Немањинци, Светиниколско, 2 јануари 1916Скопје, 8 мај 2007) – македонски комунист, економист, универзитетски професор и амбасадор.

Бил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938–1941) и член на КПЈ (1941). Во НОАВМ бил член на МК на КПЈ во Свети Николе (1941) и организатор на Воениот комитет за Овчеполската околија, секретар на ОК на КПМ во Гостивар, член на Окружниот комитет на КПМ во Тетово, секретар на Првиот областен комитет на КПМ, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат на Првото заседание на АСНОМ и заменик-политички комесар на дивизија на НОВЈ. За време на НОБ, Бурзевски бил вклучен во една од најконтроверзните епизоди околу убиството на партизанката Лена Стојчевска.[1]

По Ослободувањето бил секретар на Комисијата за аграрна реформа и колонизација и помошник на министерот за аграрна реформа и колонизација при Владата на ФНРЈ, началник на Контролната комисија на ФНРЈ, член на Централната ревизиона комисија на КПЈ, министер за земјоделство во Владата на НРМ, министер за стопанство во Владата на СРМ, републички и сојузен пратеник, член на ЦК на КПМ, член на Главниот одбор на ССРНМ и СЗБНОВ на Македонија, амбасадор на СФРЈ во Замбија, професор и декан на Економскиот факултет во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941.[2]

Трудови[уреди | уреди извор]

  • Економика на аграрот, учебник, три изданија -1959, 1961 и 1963
  • Економската положба на македонските селани помеѓу двете светски војни, Скопје, 1982
  • Увод во научната работа, учебник, 1981
  • Дијалектиката на Титовото дело, 1983
  • Ефикасна индивидуална наобразба, 1983
  • Колонизација и деколонизација на Македонија, 1987
  • Неодминлив развоен период, Скопје, 1999
  • Одбрани статии, библиографско издание, книга I, II и III
  • О колонизацији Македоније, Скопје, 1945
  • Некои аспекти на односите село-град, ноември 1959
  • Ситното стопанство во денешни услови
  • Проблеми на интеграцијата во земјоделството, 1972
  • Значењето на економското натпреварување помеѓу СССР и САД
  • Проблеми во исхраната во светот
  • Зошто Југославија не направи национализација на земјата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Стрелањето на партизанката Лена“, Македонска марксистичка архива
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 229