Злате Тренески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Злате Тренески (10 октомври 1916- 2006) е македонски партизан и деец на НОВМ.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 10 октомври 1916 година во кичевското село Кленоец, тогаш окупирано од Бугарија по Првата светска војна. Станал член на КПЈ во 1941 година. Влегол во НОВМ во Партизанската група „Козјак“. Потоа, станал курир на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и секретар на Околискиот комитет на КПМ во Кичево. Делегат е на Првото заседание на АСНОМ и на Второто заседание на АВНОЈ.

По завршувањето на Втората светска војна, влегува во Државна безбедност. Носител е на Партизанска споменица, медал 1941 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1508