Стар Завет

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голема шизма
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар Завет
Нов Завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асириска црква

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанизам
Христоделфијани
Единствен Пентекостализам

Стариот Завет е христијански назив за збирка од натписи кои Евреите и христијаните ги сметаат за свети, а се состои од книга за светите закони, историја, пророштво и поезија. За јудаизмот, списокот на овие свети книги го утврдил синодот во Јавнија (лат. Јаmnia) околу 90 години п.н.е. Раната црква го користила грчкиот превод која ги користела и некои од книгите кои ги немало во еврејскиот канон. Оваа книга православните и римокатолиците ја нарекуваат девтероканонска, а протестаните апокрифна книга.

Стариот Завет е дел от Библијата, која ги опфаќа сите 50 книги, напишани пред Христос. Стариот Завет е пишуван во продолжение на 1100 години.

Книги од Стариот Завет[уреди]

Сите книги на стариот завет можеме да ги поделиме во четири групи: • Законски книги:

Петте книги на Мојсеј:

Настанување, Излез, Левитска, Броеви, Повторени закони

Историски:

Книга на Исус Навин, Книга за судиите, Четирите книги за царевите, Две книги за дневниците, Книга Ездрина, Книга Немина, Книга за Естири

Поучни и морални:

Книга за Соломононските мудрости, Книга за проповедење, Песна над песните, Книга за Рути

Пророчки: книга за четирите големи пророци

Исаја, Еремија, Јов, Данил

Постанок на Стариот Завет[уреди]

Стариот Завет се дели на три основни делови: Историски книги (од 1. Мојсеева книга до книгата за Естера), Поучни книги (од книгата за Јов до Песната над песните) и Пророчки книги (од Исаија до Малахија). Најстарите книги во Библијата се Петте Мојсееви книги. Бог не само што заповедал да се напише Библијата, туку и ги извршил подготовките за нејзиното пишување. Мојсеј бил дете на еврејски родители и преку многу чудни околности стасал до царскиот дворец. Се стекнал со голема мудрост во најдобрите школи во Египет и така бил оспособен подоцна да го води еврејскиот народ и да ги пишува светите книги. Тој не пишувал раководејќи се според својата мудрост и волја, туку Бог го инспирирал со Својот Дух, за да може пишувањето да биде без грешка.

Модерните теолози денес тврдат дека Мојсеј не ги напишал овие пет книги кои се нарекуваат според неговото име, туку дека некој друг ги напишал и ги нарекол така, затоа што Мојсеј бил главната личност во нив. Самата Библија го негира ваквото толкување, бидејќи во 2. Мојсеева книга, 24:4 стои запишано: „И ги напиша Мојсеј сите зборови Господови..." Секако дека тој не ги напишал овие пет книги одеднаш, но нема сомнение дека тој е автор. Од време на време Бог му откривал што треба да пишува.

Пророкот Езекиел објаснува што е тоа „вдахновеност од Божјиот Дух". Во 11. глава, 5. стих пишува: '„ И слезе врз мене Духот Господов u ми рече: кажи така вели Господ она што го зборувате вие, доме Израилев, и она што ви иде на ум, Јас го знам ". Духот Божји слегувал врз луѓето кои пишувале или говореле во Негово име. Вистина, Мојсеј го пишувал и она што му било пренесено и по усмен пат, но сигурно е дека „татковците на Божјиот народ" добро внимавале што пренесувале на помладите генерации, зашто тоа биле свети зборови. Но не само тие, туку и сам Бог бдеел над писателите на соодветни книги. Патем речено, Евреите до ден денес важат за најдобри познавачи на Стариот Завет, кои знаат и цели книги напамет без да погрешат еден збор!

После Мојсеј, пишувал Исус Навин и уште неколку Божји слуги. Подоцна, пророкот Самуил основал пророчка школа, и веројатно тие пророци ги препишувале библиските книги. Мора да се признае дека Бог ја доверил оваа задача на вистинскиот народ. Евреите биле извонредно педантни во препишувањето на светите книги. Дури воделе сметка колку букви има во одредени книги; не смеело да се одземе, ниту да се додаде ниту една! При препишувањето на Божјото Име, препишувачот морал најнапред да си ги измие рацете, затоа што Божјото име било нешто најсвето.

Царот Давид, Асаф и уште некои, ги напишале Псалмите, а Давидовиот син Соломон ги напишал Книгите на мудроста.

Езра, во 5 век пред Христос, со помош на Неемија ги составил сите старозаветни книги во една целина, наречена „канон" (мерило). Канонските книги биле одбрани под водството на Светиот Дух, и само тие книги смееле да се читаат во еврејските синагоги. Помеѓу книгите на Стариот Завет не влегле „апокрифите", бидејќи биле сметани за книги кои не биле инспирирани од Светиот Дух.

Бидејќи израелскиот народ долго време бил во ропство, постепено се одучувал од својот јазик, па се покажала потребата за преведување на Стариот Завет на сродниот арамејски јазик. Овој превод се вршел под контрола на книжниците. Арамејскиот јазик бил светски јазик цел милениум. Околу 250 година пред Христос, грчкиот јазик станал многу познат, бидејќи Грција во тоа време била светска сила. Многу Евреи биле расеани по целото грчко царство, па и тие имале силна желба да читаат од Светото Писмо за големиот и силен Бог. Оттаму и нивната желба да се преведе Библијата и на грчки јазик. На тој превод работеле 70 луѓе, па затоа и преводот бил наречен „Септаугинта“ (LXX). Овој превод уживал голем углед како помеѓу Евреите, така и помеѓу првите христијани.

Содржина[уреди]

Стариот завет е откровението на еден номадски народ, кој се движел околу Средоземното Море, меѓу Евроазија и Африка, по течението на реките Еуфрат, Тигар и Нил, а себе се нарекувал Израелов.[1] Во Стариот Завет се појавуваат околу педесетина различни литературни видови: митови, химни, молитви, историски записи, љубовна поезија, есеи, хронологија на родови, басни, реалистични приказни, разни изреки и друго. Приказните раскажуваат за верата, борбите, надежите и поразите на ликовите од еврејската заедница. Стариот Завет се дели на три основни делови: Историски книги (од 1. Мојсеева книга до книгата за Естера), Поучни книги (од книгата за Јов до Песната над песните) и Пророчки книги (од Исаија до Малахија). Најстарите книги во Библијата се Петте Мојсееви книги.

Втората Мојсеева книга изобилува со чудесни настани: претворање на горката вода во слатка, стапот во змија, правење сув пат среде Црвеното Море. Но, најважен дел од оваа книга е моралниот кодекс на однесување или Десетте божји заповеди, кои Мојсеј ги добива на Синајската Гора.

Делот наречен Писанија е најинтересен од литературна гледна точка. Содржи единаесет книги со различни содржини, а најдраматична е Повеста за Јов, во која се зборува за божјата правда. Јов бил „непорочен и праведен“, и немало друг како него на Земјата. Дошол Сатаната кај Бог, и Бог му рекол да внимава на Јов, зашто е многу побожен и чесен. Сатаната одговорил дека е лесно да се биде чесен кога се има толку имот, здрави деца и сè што сака. Вистинската вера се докажува кога ќе му се одземе тоа на Јов, па прашање е дали тој уште ќе го слави Бога. Тогаш Бог се согласил Сатаната да го искуша Јов, само врз него да не крева рака и да не му ја зема душата. Тука почнуваат несреќите за Јов: го губи цел имот, децата му загинуваат, а самиот се разболел со страшни рани по телото. На сето ова Јов одговара:

Гол излегов од утробата на мајка ми, и гол ќе се вратам. Господ даде, Господ зеде.
Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?

И тогаш започнува филозофската расправа за божјата справедливост меѓу Јов и неговите пријатели. Се изнесуваат разни тврдења за казните на Бога и нивната намена. Заклучокот е дека човек не може да проникне во божјата правда. На крајот од приказната, Бог го благословува Јов, и му враќа двојно од сè што изгубил. Многумина филозофи ја користат оваа библиска приказна за да расправаат на темата: божја правда. Кјеркегор и Колаковски пред сè се занимавале со прашањето: „Зошто Творецот, во чии раце стои сè, би му се докажувал на Сатаната?“ Колаковски напишал пародија на ова дело под наслов „Разговори со ѓаволот“, а Гете ја искористил како вовед во својот Фауст.

Песна над песните се вбројува меѓу најдобрите поетски остварувања на древните литератури. Таа е во форма на дијалог, и низ седум пеења даден е цел развој на љубовта.

Стави ме како знак на срцето
како печат на раката своја
зашто љубовта е силна како смрт
а љубомората тврда како гроб!
Песна над песните

Во Стариот Завет сликата на Бог е многу различна од претставата за него во христијанството - како бескрајна љубов. Старозаветниот Бог е „љубоморен осветник, господар на лутината, се одмаздува на своите противници, истраен во гневот кон непријателите. Јахве е бавен во гневот, но силен во моќта.“

Стариот Завет завршува со прорекување на појава на божјиот пратеник, месија, кој ќе го донесе новото учење. Со ова, Стариот и Новиот Завет се поврзани.


Наводи[уреди]

  1. Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 222.