Книга Неемија

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Книга Неемија“ — книга од Стариот завет.

Содржина[уреди | уреди извор]

Неемија, пехарникот на персискиот цар Артаксеркс, тагува поради страдањата на неговите сонародници кои останале во татковината и затоа го моли Бога за милост. Тој го моли царот да се врати во Ерусалим и царот му дозволува. По доаѓањето во татковината, Неемија веднаш собира луѓе со кои започнува да ги гради ѕидовите на Ерусалим при што, истовремено, луѓето постојано чуваат стража за одбрана од непријателите кои сакаат да ја спречат изградбата. Како управител на Јудеја, Неемија го ослободува народот од бројните давачки, а на должниците им ги простува долговите. Наспроти заканите и сплетките од непријателите, Неемија продолжува со својата работа и успешно ја завршува изградбата на ѕидот во рок од 52 дена при што некои началници даваат доброволни прилози. По некое време, народот се собира на плоштадот и свештеникот Ездра го чита и го толкува Божјиот закон, а потоа, за првпат по долго време, се прославува празникот Сеници. Сите кнезови, началници, свештеници и многу луѓе се потпишуваат на заветот дека ќе го почитуваат Божјиот закон, а луѓето постепено се населуваат во Ерусалим и во другите градови и села. Неемија повторно ја воспоставува давачката за левитите, ја обновува службата на свештениците и на левитите, а исто така, ги забранува работењето во сабота и склучувањето бракови со другите народи.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 565-580.