Прва книга Ездра

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Прва книга Ездра“ — книга од Стариот завет.

Содржина[уреди | уреди извор]

Персискиот цар Кир издава проглас со кој на депортираните Израилци им се дозволува да се вратат дома при што им помага да соберат средства за изградба на божјиот храм во Ерусалим. Така, 42 360 Израилци и нивните 7 337 слуги се враќаат во Ерусалим и во другите градови во својата татковина. Седум месеци подоцна, тие му подигнуваат жртвеник на Бога и редовно му принесуваат жртви во согласност со верските прописи, а втората година по нивното враќање во татковината започнува изградбата на храмот. Меѓутоа, непријателите пишуваат писмо до персискиот цар Артаксеркс, кодошејќи ги Израилците и царот ја запира натамошната работа на храмот. Меѓутоа, поттикнати од пророците Агеј и Захарија, Јудејците ја продолжуваат градбата поради што нивните непријатели пишуваат писмо до царот Дариј. Тој го пронаоѓа указот на царот Кир и наредува да не се прекинува работата на градителите, а покрај тоа, издвојува дел од даноците за финансирање на градбата на храмот. Така, по неколкугодишни напори завршува изградбата на божјиот храм во Ерусалим, а потоа Јудејците го осветуваат храмот и ја слават Пасха. Подоцна, персискиот цар Артаксеркс го испраќа учениот свештеник Ездра во Ерусалим за да ги подучува луѓето во божјите закони и за да им суди. Нему му се придружуваат повеќе луѓе и тие пристигаат во Ерусалим. Таму, Ездра дознава дека Израилевите доселеници и нивните старешини отстапиле од божјите закони, склучувајќи бракови со другите народи. Најпрвин, Ездра тагува поради гревот на неговите сонародници, а потоа го моли Бога за милост. Покрај тоа, Ездра наредува да се собере јудејскиот народ во Ерусалим и организира испрашување на луѓето кои склучиле мешани бракови.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 506-516.