Список на светско наследство во Северна и Централна Азија
УНЕСКО стави под заштита 19 наоѓалишта на светско наследство во 6 држави од Централна и Северна Азија: Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан и азискиот дел на Русија.[1] Европскиот дел на Русија е вклучен во Источна Европа.[2]
Најмногу наоѓалишта (7) има во Русија од кои еден дели со Монголија во Источна Азија.[3] Прво заштитено наоѓалиште во овој регион е Ичан Кала во Узбекистан, запишан како дел од светското наледство во 1990.[4] Секоја годин, Комитетот за светско наследство при УНЕСКО може да впишува нови наоѓалишта на списокот или да ги избрише оние кои повеќе не ги исполнуваат критериумите. Изборот се заснова на десет критериуми: 6 за културно наследство (i–vi) и 4 за природно наследство (vii–x).[5] Некои наоѓалишта се од „мешан“ тип и претставуваат како културно така и природно наследство. Во Северна и Средна Азија има 11 културни, 8 природни наоѓалишта. Нема наоѓалишта од мешан тип. Сите руски наоѓалишта (7) се природно наследство со исклучок на Сајарка, додека сите наоѓалишта во Средна Азија се културно наследство.[6]
Комитетот за светско наследство исто така може да назначи дека некое наоѓалиште е загрозен, повикувајќи се на „условите кои се закана за одликите поради кои тој наоѓалиште бил впишан во списокот на светското наследство“. Ниедно од туканаведените наоѓалишта никогаш не било категоризирано како загрозено, но во поголем број случаи од страна на УНЕСКО била укажана можната опасност.[7]
Наоѓалишта
[уреди | уреди извор]Наоѓалиште | Слика | Местоположба | Критериум | Подрачје хектар (акр) |
Година | Опис | Наводи |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Централен Сихоте Алин | Приморски крај, Русија 45°20′N 136°10′E / 45.333° СГШ; 136.167° ИГД |
Природен: (x) |
1,553,928 (3,839,840); тампон зона 65,250 (161,200) | 2001 | Планинскиот венец Сихоте Алин има една од најбогатите и најневообичаени умерени шуми на светот. Во оваа мешана зона помеѓу тајга и субтропска клима кохабитираат јужни видови како тигар и хималајска мечка заедно со северните, како кафената мечка и рисот. Наоѓалиштето се протега од врвовите на Сихоте Алин до Јапонското Море и е важен за опстанокот на многу загрозени видови како на пример амурскиот тигар. | [8] | |
Златни Алтајски Планини | Република Алтај, Русија 50°28′N 86°0′E / 50.467° СГШ; 86.000° ИГД |
Природен: (x) |
1,611,457 (3,982,000) | 1998 | Алтајските планини во јужен Сибир се најголем планински венец во западниот сибирски биогеографски регион и ги напојуваат неговите најголеми реки – Об и Иртиш. За светско наследство се запишани три посебни подрачја: Алтајски Заповедник и тампон зоната околу езерото Телецкоје; Катунски Заповедник и тампон зоната околу планината Белуха; и висорамнината Укок. Регионот претставува една од најкомплетните висински вегетативни зони во централен Сибир, од степа, шумостепа, мешана шума, субалпска вегетација, до алпска вегетација. Ова наоѓалиште воедно е и дом на некои загрозени животински видови како на пример снежниот леопард. | [9] | |
Историски град Бухара | Бухарска област, Узбекистан 39°46′29″N 64°25′43″E / 39.77472° СГШ; 64.42861° ИГД |
Културно: (ii), (iv), (vi) |
—
|
1993 | [10] | ||
Историски град Шахрисабз | Кашкадаринска област, Узбекистан 39°3′0″N 66°50′0″E / 39.05000° СГШ; 66.83333° ИГД |
Културен: (iii), (iv) |
240 (590); тампон зона 82 (200) | 2000 | [11] | ||
Ичан Кала | Хива, Провинција Хоразм, Узбекистан 41°22′42″N 60°21′50″E / 41.37833° СГШ; 60.36389° ИГД |
Културен: (iii), (iv), (v) |
26 (64) | 1990 | [12] | ||
Кунја-Ургенч | Провинција Дашховуз, Туркменистан 42°10′59″N 59°5′6″E / 42.18306° СГШ; 59.08500° ИГД |
Културен: (ii), (iii) |
—
|
2005 | [13] | ||
Бајкалско езеро | Иркутска област и Република Бурјатија, Русија 53°10′25″N 107°39′45″E / 53.17361° СГШ; 107.66250° ИГД |
Природен: (vii), (viii), (ix), (x) |
8,800,000 (22,000,000) | 1996 | Се наоѓа во југоисточен Сибир. Бајкалското езеро е најстарото (25 милиони години) и најдлабокото (1,700 m) езеро на светот. Познато како 'Руски Галапагос', неговата старост и изолираност произведува една од најбогатата и најнеобична светска слатководна фауна која е од исклучителна важност. | [14] | |
Мавзолеј на Кожа Ахмед Јасави | Туркестан, Покраина Јужен Казахстан, Казахстан 43°17′35″N 68°16′28″E / 43.29306° СГШ; 68.27444° ИГД |
Културен: (i), (iii), (iv) |
0.55 (1.4); тампон зона 88 (220) | 2003 | [15] | ||
Природниот систем на резерватот Врангелов Остров | Чукотски автономен округ, Русија 71°11′20″N 179°42′55″E / 71.18889° СГШ; 179.71528° ИГД |
Природен: (ix), (x) |
916,300 (2,264,000); тампон зона 3,745,300 (9,255,000) | 2004 | Сместено над Северниот Поларник, местото ги вклучува планинските Врангелови острови (7,608 км2), Хералдските острови (11 2) и околните води. Врангеловите острови не замрзнале за време на последното ледено доба, што резултира со исклучително високи нивоа на биоразновидноста во овој регион. На островот живее најголемата светската популација на тихоокеанскиот морж и има најмногу дувла на бели мечки. Тука се храни и сивиот кит а на островот се гнездат и околу 100 видови преселни птици, многу од нив загрозени. Денес на островот се идентификувани 417 видови и подвидови на васкуларни растенија, двојно повеќе од било која друга арктичка територија на тундра со слична големина и повеќе од било кој друг арктички остров. 23 видови се ендемски. | [16] | |
Партиска тврдина во Ниса | Багир, Рахабатски округ, Провинција Ахал, Туркменистан 37°59′59″N 58°11′55″E / 37.99972° СГШ; 58.19861° ИГД |
Културен: (ii), (iii) |
78 (190); тампон зона 400 (990) | 2007 | [17] | ||
Петроглифите на археолошкото наоѓалиште Тамгали | Покраина Алмати, Казахстан 43°48′12″N 75°32′6″E / 43.80333° СГШ; 75.53500° ИГД |
Културен: (iii) |
900 (2,200); тампон зона 2,900 (7,200) | 2004 | [18] | ||
Протоурбаното наоѓалиште Саразм | —
|
Ош, Таџикистан 39°30′28″N 67°27′37″E / 39.50778° СГШ; 67.46028° ИГД |
Културен: (ii), (iii) |
16 (40); тампон зона 142 (350) | 2010 | [19] | |
Висорамнината Путорана | Краснојарски крај, Русија 69°2′49″N 94°9′29″E / 69.04694° СГШ; 94.15806° ИГД |
Природен: (vii), (ix) |
1,887,251 (4,663,500); тампон зона 1,773,300 (4,382,000) | 2010 | Ова наоѓалиште е сместнео во централниот дел на висорамнината Путорана во северниот дел на Централен Сибир на околу 100 километри северно од Северниот Поларник. Заштитен е поради неговите субарктички и арктички екосистеми вклучително тајга, шумска тундра, тундриски и арктички пустински системи како и недопреното езеро и речни системи. Низ него минува најголемиот миграциски пат на ирвасите што претставува извонредна и ретка природна појава. | [20] | |
Самарканд –крстосница на културите | Самаркандска област, Узбекистан 39°40′7″N 67°0′0″E / 39.66861° СГШ; 67.00000° ИГД |
Културен: (i), (ii), (iv) |
965 (2,380) | 2001 | [21] | ||
Саријарка— степи и езера на Северен Казахстан | Покраина Алмати, Казахстан 50°26′N 69°11′E / 50.433° СГШ; 69.183° ИГД |
Природен: (ix), (x) |
450,344 (1,112,820); тампон зона 211,148 (521,760) | 2008 | [22] | ||
Државен историски и културен парк “Стар Мерв” | Провинција Мари, Туркменистан 37°42′3″N 62°10′39″E / 37.70083° СГШ; 62.17750° ИГД |
Културен: (ii), (iii) |
353 (870); тампон зона 883 (2,180) | 1999 | [23] | ||
Сулејманова пресвета планина | Ош, Киргистан 40°31′52″N 72°46′58″E / 40.53111° СГШ; 72.78278° ИГД |
Културен: (iii), (vi) |
112 (280); тампон зона 4,788 (11,830) | 2009 | [24] | ||
Басенот Увс Нуур | Покраина Увс, Покраина Завхан и Ховсгол провинција Монголија*; Монгун-Тајгински округ, Овиурски округ, Тес-Хемски округ и Ерзински округ, Република Тува, Русија* 50°16′30″N 92°43′1″E / 50.27500° СГШ; 92.71694° ИГД |
Природен: (ix), (x) |
898,064 (2,219,160); тампон зона 170,790 (422,000) | 2003 | Басенот Увс Нуур го носи истото име како и езерото Увс Нуур, кое е најсеверното од затворените езера на Средна Азија. Тоа е големо плитко и многу солено езеро значајно за опстанокот на преселните птици. | [25] | |
Вулканите на Камчатка | Камчатски крај, Русија 56°20′N 158°30′E / 56.333° СГШ; 158.500° ИГД |
Природен: (vii), (viii), (ix), (x) |
3,830,200 (9,465,000) | 1996[nb 1] | Ова е еден од најистакнатите вулкански региони во светот, со висока густина на активни вулкани од различни вулкански типови. | [26][27] |
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Extended in 2001 to include Kluchevskoy Nature Park.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Белешки
- ↑ „Number of World Heritage Properties by region“. UNESCO. Посетено на 10 септември 2011.
- ↑ „Composition of macro geographical (continental) regions, geographical sub-regions, and selected economic and other groupings“. Geographical region and composition of each region. United Nations Statistics Division. 2010. Посетено на 20 октомври 2011.
- ↑ „World Heritage List“. UNESCO. Посетено на 28 мај 2010.
- ↑ „Number of World Heritage properties inscribed each Year“. UNESCO. Посетено на 8 септември 2011.
- ↑ „The Criteria for Selection“. UNESCO. Посетено на 10 септември 2011.
- ↑ „World Heritage List Nominations“. UNESCO. Посетено на 28 May 2010.
- ↑ „World Heritage in Danger“. UNESCO. Посетено на 28 мај 2010.
- ↑ „Central Sikhote-Alin“. UNESCO. Посетено на 20 октомври 2011.
- ↑ „Golden Mountains of Altai“. UNESCO. Посетено на 20 октомври 2011.
- ↑ „Historic Centre of Bukhara“. UNESCO. Посетено на 20 октомври 2011.
- ↑ „Historic Centre of Shakhrisyabz“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Itchan Kala“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Kunya-Urgench“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Lake Baikal“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Mausoleum of Khoja Ahmed Yasawi“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Natural System of Wrangel Island Reserve“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Parthian Fortresses of Nisa“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Petroglyphs within the Archaeological Landscape of Tamgaly“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Proto-urban site of Sarazm“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Putorana Plateau“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Samarkand – Crossroads of Cultures“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Saryarka — Steppe and Lakes of Northern Kazakhstan“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „State Historical and Cultural Park "Ancient Merv"“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Sulaiman-Too Sacred Mountain“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Uvs Nuur Basin“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Volcanoes of Kamchatka“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
- ↑ „Decision - 25COM X.B - Volcanoes of Kamchatka [Extension to include Kluchevskoy Nature Park] (Russian Federation)“. UNESCO. Посетено на 20 October 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Светско наследство на УНЕСКО – Официјална страна
- Список на наоѓалишта под заштита на УНЕСКО – официјална страница
- Worldheritage-Forum – Информации и дискусии на теми светско и културно наследство
|