Раковец (Тетовско)
- За селото во Општина Чашка, погл. Раковец (Велешко).
Раковец | |
Панорама на Раковец | |
Координати 41°55′14″N 20°53′57″E / 41.92056°N 20.89917°E | |
Општина | Боговиње |
Население | 811 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28064 |
Надм. вис. | 515 м |
Раковец на општинската карта Атарот на Раковец во рамките на општината | |
Раковец на Ризницата |
Раковец — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 18 километри јужно од Тетово.
Историја
Стопанство
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раковец живееле 220 жители, сие Албанци.[2]
Според Афанаиј Селишчев во 1929 година, Раковец — село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 73 куќи со 369 жители, Албанци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 811 жители, од кои 807 Албанци и 4 останати.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]
Година | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 369[3] | 600 | 644 | 674 | 880 | 894 | 828 | 811 |
Родови
Раковец е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Рекалар или Врбјан (31 к.) доселени се од селото Врбен во Горна Река. Од таму се иселиле тројца браќа. Имаат иселеници во Жеровјане.
- Деде (11 к.) доселени се од некое село во Горна Река.
- Видушалар (42 к.) доселени се од некое село во Долна Река. Можеби од селото Видуше? мешајќи се со албанците се албанизирале. Брачни врски најчесто склопувале со селаните од Урвич и Јеловјане.[6]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2079 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 795 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ 3,0 3,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|