Прејди на содржината

Портал:Уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иако денес под поимот уметност обично се подразбира визуелна уметност, концептот за тоа што е уметност се има менувано постојано низ вековите. Можеби најконцизна дефиниција е најопштата - поимот уметност се однесува на сите креативни човечки дејствија, со исклучок на дејствата директно врзани за опстанок и репродукција. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активност, како наука преку алхемија, и религија преку шаманизам.

Прочитајте повеќе...

уреди  

Одбрана статија

Албрехт Дирер (германски: Albrecht Dürer) (Нирнберг, Германија 21 мај, 14716 април, 1528) бил германски сликар, дрворезец, графичар и математичар. Тој е најпознат по неговите серијални дрворези како Апокалипса (1498), два серијала за распетието на Христа, Големата Пасија (1498-1510) и Малата Пасија (1510-1511) како и многу поединечни графики како Витез, Смртта и Ѓаволот (1513), Свети Еремија во неговата работна соба (1514) и Меланхолија I (1514). Неговото дело Четири јавачи на Апокалипсата (1497-1498), дел од серијалот Апокалипса е исто така многу познато. Од посебно значење се и неговите автопортрети.

На 7 јули, 1494 Дирер се оженил, по договор во негово отсуство, со Агнеса Фреј, ќерка на локален трговец. Нивниот однос не е доволно познат, но се знае дека нејзиниот углед страдал како резултат на навреди од страна на Диреровите пријатели по нејзината смрт. Дирер не останал во Нирмберг за долго; есента 1494 тој допатувал во Италија, оставајќи ја жена си во Нирмберг. Тој отишол во Венеција, и ова го знаеме од неговите тогашни дела кои се во духот на северноиталијанскаите дела на Мантења, Антонио Полајуло, Лоренцо ди Креди и други. Во 1495 Дирер мора да се вратил во Нирмберг, каде изгледа живеел и работел во следните 10 години кога ги направил неговите најзначајни графики.

Прочитајте повеќе...

уреди  

Одбрана слика

Албрехт Дирер, Зајак, 1502/03
Акварел и гваш на хартија, 25 x 22.4 cm
Албертина, Виена
уреди  

Дали сте знаеле...

уреди  

Одбрани цитати

Врвната цел и вистинската метафизичка активност на Животот е Уметноста.
Фридрих Ниче
Слаб е ученикот што не го надминал својот учител.
Леонардо да Винчи
уреди  

Категории

уреди  

субпортали (во фаза на конструкција)

уреди  

Известување

Доколку се одлучите да напишете некоја статија поврзана со уметноста, во случај да сметате дека истата не е потполна, ставете ја предлошката {{Уметност-никулец}} на крајот на текстот. Доколку постои предлошка поврзана со темата што ја пишувате, искористете ја неа.

уреди  

Работи кои може да ги направиш

NaodW29-nowiki286369b71e7b327900000001

Еве неколку интересни задачи :